Дали им верувате на гатачките (гатање)?

ReNaTa

-SHY- girl
Член од
1 декември 2007
Мислења
240
Поени од реакции
6
Jas im veruvam. moze da im se veruva na mn mal del od niv. Na tie od televizija nikako zasto tie si pravat emisii i normalno lazat. tie sto imat darba ne se kazuvaat vo javnosta.(i ne zimaat pari ako sakas mozes da ostavis ako ne ne moras) Inace veruvam i vo horoskop(imam svoja natalna karta) taka da se se poklopuva. (toa sto mi se slucilo i toa sto go pisuva). a za kafegledacite denes sekoj vtor gleda na kafe ama retki se tie sto pogoduvaat i ubavo znaat da ti kazat nesto
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
"Се од збор до збор" Море гони ги ......
 
U

UnholY

Гостин
Гатачките се најтешките будали....Не им веруам на такви вештерки шо мислат дека можат да ја претскажат судбината на секој.....Се изнервирав сеа стварно....ке организирам движење против нив бе луѓе,им ги зимаат парите на луѓево не знам како може па и вие да им веруваат...не знам па и како се обраќаат кај нив...Абе ај ќе одам ќе ги искршам се изнервирав стварно.....МХ!!!!!
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Во гатачки никогаш не сум верувала и мислам дека нема да поверувам, но зборам за оние таканаречени гатачки, а од друга страна сметам дека постојат луге со натприродни моќи кои што можат да го видат животот на другите а тие се луѓе кои што се прочуени во светот, и што им помагаат на луѓето! Во нив можам да поверувам зашто постојат безброј примери што укажуваат на тоа!
но оние гатачки за 50 долари или кај нас за 100 денари судбината ќе ти ја каже е тоа е само за прост народ!!!
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Еднаш се имам прелажано со оваа работа, и никогаш повеќе. :icon_lol:
Со другарки, пред едно 3 - 4 години бевме, на една од другарките некаква си роднина и` беше типката. Роднина... Од бог знае каде, трет пат во живот се среќаваат. Сите на кафе, е не, мене на карти да ми гледала. И си нареди тоа картите, си поигра нешто, ги размести едно шеснаес иљади пати... Леле кога почна да ми раскажува...:pos: Ти на толку и толку таков и таков ќе сретнеш, тогаш и тогаш ќе се мажиш, пред тоа таму и таму ќе одиш, пази за толку и толку месеци тоа и тоа ќе се деси, тој и тој ќе го сретнеш за толку и толку време, (немој случајно да си се прелажала...!), пред тоа и тоа, пак да пазиш, тоа и тоа ќе станеш, ми кажа чак и шо деца ќе сум имала... :pos:
Не верувам бе. Ако се оствари, капа идам да и` симнам. :pipi:
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
276
Поени од реакции
13
Бев пред неколку години кај онаа видовита Бранка,ми собра 100 евра плус 100 за амајлија,и убаво си поприкажавме за тие пари.Ми вика „што те мачи? Аха,а што ти викаат?Аха,абе не се секирај!!!А убави нокти имаш,кој ти ги праеше?“ Не верувам на гатачи ама си реков ај може стварно знае жената!Чисти глупости.
 

Sasence

V.I.P-very important princess
Член од
21 ноември 2005
Мислења
154
Поени од реакции
1
имаат тактика скоро сите...прво прашуваат имаш ли некој во семејството умрен,ако речеш да одма ке ти ја изврти работата дека сака нешто да предупреди ако речеш не ти вика некој стар шо е болен???
-ке му се влоши состојбата

и милион такви глупости
п.с само за Ванга сеуште ми е чудно...никој нема проговорено ништо повеке освен дека се им погодила...пр.мојата баба има отидено и до ден денес нема кажано ни збор од тоа што и го предвидела
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.215
Поени од реакции
941
Имам слушнато за некоја гатачка која живее негде во Центар (во Скопје), кај Малага, која наводно погодувала, гледала на кафе, и кај неа се одело за секакви маки а најчести посетители и биле студенти кои оделе сосе книгите, скриптите и испитните прашања кај неа :)
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.008
Поени од реакции
5.624
Мижи Асан колачиња врнат..Раката, цртите судбините!!Судбината само Исус ни ја знае..Што летате со мозоците!!!И јас ќе се излажам некогаш со хороскоп онака ќе прочитам, ама да верувам не!!
 
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.296
Поени од реакции
26
Ednas edna me napna da mi gata, da nemase tolku l uge okolu mene koga ke i zalepev eden slajm u celo
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Какви гатачки какви бакрачи. Па тоа е катастрофа. Јас без пари повеќе можам да погодам одколку тие.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
271
Поени од реакции
3
За гатачите имам само едно да кажам ПЕРЕЊЕ НА МОЗОКОТ не ми се верува дека има усште луѓе што веруваат во тоа абе 21 век сме мислам дека е страмота ама ако подобро анализирам ќе видам дека не се криви луѓето, човек кога ке има мака не размислува на своите постапки и пробва се, за чудо постојат и вистински гатачи кој што на чудесен начин му помагаат на лугето само работата е што тешко можеме да знаеме кој е вистински а кој не. Најтрагично е што во Македонија можеби има 1 или двајца такви не сум имал потреба и не знам ни дали има и кој се само од тоа што имам слушнато..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom