Дали има потреба од закон или правна легислатива за регулација на опасни раси на кучиња?

L

Lu

Гостин
Еве што може човек да го снајде од кучињата и дебилите што ги чуват

https://www.youtube.com/watch?t=10&v=MkiVWKKgHfQ
Нема да ти дадам казнени поени, но следен пат припази на речник ... не секој сопственик на куче е дебил како прво, а како второ има дебили да, тоа се дебили како на клипов што се неспособни да доминираат и да го контролираат сопственото куче ... но не се сите сопственици такви, постојат и искусни сопственици на кучиња, кои што имаат одлична контрола и доминација над своите кучиња, и вакво нешто да се случи како на клипов е невозможно кај таквите одговорни сопственици и добро воспитани и социјализирани кучиња.

Затоа не ги ставај сите сопственици во исти кош, затоа што твојата реченица звучеше буквално како сите луѓе што чуваат кучиња да се дебили ... со што упати директна навреда кон еден куп членови на овој форум.

Тогаш и јас ќе ги пукам истите куршуми, и ќе кажам дека сите луѓе кои што мислат дека луѓето што чуваат кучиња - се дебили, ондак за мене тие луѓе што тоа го мислат се дебили ... па сеа кој како ќе се пронајде си е негов проблем ... нели искажуваме лични ставови ;)
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Се почесто гледам неспособни луѓе како чуваат потенцијално опасни кучиња. Особено девојки. Па ова не е нормално. Дали се работи за некој моден тренд, дали за нешто друго, не сум сигурен. Која е потребата на девојче кое не може ни да му се развика на кучето да чува куче кое е половина од нејзината големина? Дефинитивно треба да има некаков правилник или легислатива или не знам ти каков механизам да не може било кој да купи било какво куче.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
^^
Па токму за тоа зборувам. Не да се забранат одредени раси, наместо тоа одредени раси (всушност секое куче над одредена величина) да не може да го чува секој, туку само тие со соодветна дозвола за чување такво куче. Осуденици, криминалци, малолетници, итн, да не можат да чуваат големи моќни кучиња. А тие што ќе добијат дозвола, да мораат да ги регистрираат и микрочипираат своите кучиња за легитимација.
Дури полицијата и инспекциите може да имаат едноставни р-фид читачи (кои се евтини), и на лице место надвор да проверуваат кои кучиња не се означени со микрочип, и да казнуваат соодветно.

Така и одговорните сопственици ќе бидат задоволни (пошто нема на улица да си имаат проблеми со неодговорни сопственици, и нивните кучиња), но и генералната популација ќе биде побезбедна. Само неодговорните сопственици може да не им се допаѓа ваква легислатива, ама искрено кажано - нив кој ги е*е.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
доберман нападна 4 годишно дете во Штип

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=52931

ете зошто треба за сопствениците да има ЗАКОН,животното ништо не е криво,тоа си има вродени карактеристики,НО...............има секакви “џукели“ во нашата чудесна земја,СЕ додека не ги стресат убаво луѓе од законот умот не му иде...........
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Svetot odamna e otiden u ku&ac a demokratijata sto ja propagira amerika ni ja e&a majkata.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
доберман нападна 4 годишно дете во Штип

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=52931

ете зошто треба за сопствениците да има ЗАКОН,животното ништо не е криво,тоа си има вродени карактеристики,НО...............има секакви “џукели“ во нашата чудесна земја,СЕ додека не ги стресат убаво луѓе од законот умот не му иде...........
И 1000 закони да донесеш, нема да ги средиш ваквите работи. Будали имало и ќе има додека постоиме, мито и корупција имало и пак ќе има, пропусти имало и ќе има (посебно во вакви рандом држави како нашава)....може да донесеш уште милион закони, али тој што е влијателен и има кеш секогаш ќе ги прекршува, на крајот пак парите него го штитат, а овој што треба да го спроведе истиот закон ако се прави многу чесен ќе си го однесе, а за рандом маалските фаци со 50 IQ да не правиме муабет, за нив не вреди да се пишува ниту збор.
Кучињата си немаат мана, добербаните се една од најинтелигентните раси на земјава, ако добро се дресира од мало може да биде најдобар пријател, а ако го зела некоја будала што сака да си лечи комплекси......
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
казна затвор за ваквите неодговорни + солена сума на пари.............на крајот човекот жртвата и животното бива убиено често во ваквите случаи,а најодговорниот си го тера своето даље
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Кучињата си лаат, караванот си врви е кај нас работата....ниту ќе ги казни некој, ниту ќе ги затвори...погледни какви будали вработија да го чуваат и спроведуваат законот кај нас и ќе ти стане јасно.
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
доберман нападна 4 годишно дете во Штип

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=52931

ете зошто треба за сопствениците да има ЗАКОН,животното ништо не е криво,тоа си има вродени карактеристики,НО...............има секакви “џукели“ во нашата чудесна земја,СЕ додека не ги стресат убаво луѓе од законот умот не му иде...........
Доберман, па лабрадор и на крај испадна Малино.
 
Mr.Bear

"The prince of darkness is a gentleman!"
Член од
14 декември 2010
Мислења
128
Поени од реакции
118
Цел живот сум измеѓу кучиња и во стан и во куќа. Сме чувале 4 вучјаци 2 од нив претходно тренирани, црн лабрадор, кангал и мал милион мелези и џукци. Моментално имаме цел чопор шарпланинци (мажјакот кој скоро ни умре беше 90+ кила) и веќе три години - волк. Имам сеќавање од секое куче (освен првото), секое ни било како член на фамилијата. Првиот вучјак, женка (имаат ненормален мајчински истинкт), го имале моиве кога сум бил новороденче, мајка ми уште немала инстинкт одма да стане кога сум плачел, а вучјаков имал забрана да влегува кај мене во соба (со отворена врата, си била послушна како војник). Женкава се накострешувала уште пред да плачам и квичела кај мене пред соба, па после парадирала до кај мајка ми и и давала прљави погледи да иде да ме зеде :ROFLMAO:. Не ја затворале во соба кога спиеле, никогаш не влегувала ама ги будела одма штом сум мрднал. Лабрадорот беше слеп, воопшто не гледаше, којзнае колку пати сум го кревал во раце, сум играл со него, сто луѓе му имаат поминато а он неможеше ни да ги види, па никому не му ни ржеше. Дворот на памет го научи пошто секое дрво со глава го удри сиротиот, ама толку беше снаодлив што можевме со топка да играме и по звук ќе идеше да ја донесе. А беше снажен, алфа, го тепаше едниот шарпланинец пред да ги одвоиме.
Еве шарпланинците сега што ги чуваме се огромни и тешко обичен човек дека жив ќе излезе ако му се намерачат. Сестрите кога беа по едвај годинка како свои си ги пазеа, овие беа дечиња поима немаа од страв и ги задеваа ги влечеа, кучињава се разбираат. Меѓу најголеми задоволства е да ги трчаш и играш, секоја зима како мало дете во снег се фрлам со нив. Попрво со нив би оставил дете само отколку со некоја дадилка. А за волкот што да кажам, со него точно видов кои се тие што завршуваат гризнати. Отпрвин како мало со сите играше, како право кутре. Кога стана пубертетлија почна да се бори, што и после кастрацијата му остана, ама јас и татко ми правилно му се поставивме и има почит кон двајцата. Јас сум единствен што го крева во раце за да го врати во леглото (го имаме заградено кога се хранат другите животни). На кого му ржи? На оние што се уплашени и се однесуваат како плен, или што му приоѓаат неприродно со раката над главата. Кога играм со него точно знам каде му е границата, ако рипа премногу високо по мене одма е опоменет и симнат наземи, и тоа само како претпазливост го правам за да не се научи со други.

Треба да се обезбедат поголемите раси во градовите за безбедноста на сите, ама сакам да знаете дека не е до животното туку до вас.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
не ни требаат детски приказни,ни треба начин како во иднина да се спречат вакви немили настани..........не треба само глоба за неодговорните сопственици ами и казна затвор како и забрана за чување на било какви домашни миленици заради покажаната неодговорност
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Генерално се согласувам со тебе @Mr.Bear, посебно со заклучокот.
Но...

На кого му ржи? На оние што се уплашени и се однесуваат како плен, или што му приоѓаат неприродно со раката над главата.
Епа тука е проблемот. Некој како нас овде, што одбрал да се занимава со кучиња - ги знае овие работи. Но не можеш од деца, па уште и двегодишни, да очекуваш да знаат како да постапуваат со куче (и како да не се однесуваат као плен, итн, итн). Впрочем не можеш и од рандом градски урбан човек, по дифолт да го очекуваш тоа.

Целата работата е во одговорноста. Никој не може да му наложи на никого како си го воспитува/дресира своето кучето, но газдата е одговорен за постапките на тоа куче...
Затоа тоа што газдарицата на видеото погоре го кажува е ретардирано: „Никој не сакаше ама ете се случи“. У стилу као, јбг се дешава. Абе се дешава ако некој дозволи да се деси. Ама после и одговорност треба да се сноси, и затоа овие треба да ги тужат и да си попијат казна - пошто дефинитивно заслужуваат.
Затоа што слабо и малку се казнуваат ваквите дешавки, затоа и се дешаваат страњата.

BTW Малиноата од видеото, изгледаше преплашено... прв знак на малтретирано куче кое 99% од времето е врзано на ланец. Поправете ме ако грешам.[DOUBLEPOST=1444640036][/DOUBLEPOST]
не ни требаат детски приказни,ни треба начин како во иднина да се спречат вакви немили настани..........не треба само глоба за неодговорните сопственици ами и казна затвор како и забрана за чување на било какви домашни миленици заради покажаната неодговорност
Се согласувам, треба кривични пријави и затворски казни како за нанесување на тешка телесна повреда. Пошто тоа и е.

Кучето не може да биде одговорно само за себе, газдата е одговорен за него.
 
Mr.Bear

"The prince of darkness is a gentleman!"
Член од
14 декември 2010
Мислења
128
Поени од реакции
118
не ни требаат детски приказни,ни треба начин како во иднина да се спречат вакви немили настани..........не треба само глоба за неодговорните сопственици ами и казна затвор како и забрана за чување на било какви домашни миленици заради покажаната неодговорност
Нормално, исто како што треба за сообраќајни прекршоци да биде човек строго казнет со постојана закана да му биде одземена дозволата да поседува и раководи нешто што со неправилно знаење и употреба е опасно по туѓ живот. Тоа што јас го пишав е искуство, нешто од што може и треба поука да се извлече, од што зијан нема. Како што човек мора да се образува за сообраќајот (бидејќи му е дел од секојдневието и претставува далеку поголема опасност ако не е запознаен со тоа), истото јас би го наметнал за милениците, тоа што јас го практикувам со волкот например се учи за саат време. Утре живот ќе ти спаси.

Генерално се согласувам со тебе @Mr.Bear, посебно со заклучокот.
Но...

Епа тука е проблемот. Некој како нас овде, што одбрал да се занимава со кучиња - ги знае овие работи. Но не можеш од деца, па уште и двегодишни, да очекуваш да знаат како да постапуваат со куче (и како да не се однесуваат као плен, итн, итн). Впрочем не можеш и од рандом градски урбан човек, по дифолт да го очекуваш тоа.

Целата работата е во одговорноста. Никој не може да му наложи на никого како си го воспитува/дресира своето кучето, но газдата е одговорен за постапките на тоа куче...
Затоа тоа што газдарицата на видеото погоре го кажува е ретардирано: „Никој не сакаше ама ете се случи“. У стилу као, јбг се дешава. Абе се дешава ако некој дозволи да се деси. Ама после и одговорност треба да се сноси, и затоа овие треба да ги тужат и да си попијат казна - пошто дефинитивно заслужуваат.
Затоа што слабо и малку се казнуваат ваквите дешавки, затоа и се дешаваат страњата.

BTW Малиноата од видеото, изгледаше преплашено... прв знак на малтретирано куче кое 99% од времето е врзано на ланец. Поправете ме ако грешам.[DOUBLEPOST=1444640036][/DOUBLEPOST]
Се согласувам, треба кривични пријави и затворски казни како за нанесување на тешка телесна повреда. Пошто тоа и е.

Кучето не може да биде одговорно само за себе, газдата е одговорен за него.
Колку што е одговорен газдата за кучето, толку и родителот за детето и еден човек сам за себе. Ако јас го оставам моето дете до куче со кое немам контакт и не останам да го припазам и кучето го растргне вината е моја. А гризнат човек размислува пристрасно, па затоа ги имаш овие рекции и се потикнува омраза кон битие кое се однесува инстинктивно. Нерационалност што води кон намерно незнаење. Знаеш за стравот од темница дека потекнува од страв за непознатото? Истото е овде, запознај се со психологијата на кучето и нема да биде потребно да стравуваш - ќе бидеш со знаење како да се справиш со него. Газдарицата е кретен, се согласувам. Само наместо да се става акцент на казна, во овој случај ако го ставиме на општо образование на темата сите ќе поминат полесно.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Не велам дека немаше генерално да си во право, но ние сега зборуваме за специфична, а не за хипотетична ситуација.
Се разбира дека родителите се одговорни за своето дете. Се разбира дека би биле одговорни ако детето го остават само/ненадгледувано со некое куче... Но дали е така во овој случај? (и повеќето други)
Дали родителите го донеле детето и го оставиле ненадгледувано до тоа куче од видеото??

Случајов не е таков. Случајов е куче напаѓа дете на улица. Улицата не е шума со опасни животни, џунгла со волци и тигри и други апекс предатори. Ебаго, за урбана средина зборуваме.
Јас лично никогаш не би оставил само ненадгледувано дете на улица, не во денешно време. Но да се разбереме, и според дефиниција урбана средина не е џунгла - нормално е да се очекува дека детето ќе биде релативно безбедно ако си поигра малку со другарчињата пред дворот (посебно во некое помало место).

Да резимирам.
- Нормално е деца да си играат на улица, игралиште, итн на разни јавни места во УРБАНА СРЕДИНА
- Нормално е деца да не познаваат кучешка психологија, посебно кога се помали
- Не е нормално децата при игра да бидат нападнати од туѓи проблематични кучиња
- Газдите на тие кучиња треба да бидат гонети кривични за нанесување тешка телесна повреда, од немарност

^^
Ова всушност важи за сите луѓе кои живеат во урбана средина. Никој не е должен да учи за кучешка психологија, освен ако самиот тој не сака.

Да се надоврзам со твојот пример погоре со волкот. Ако отидеш во шума, и те изедат волци затоа што не знаш како да се справиш со ситуацијата - тоа е во ред. Шумата Е место каде е нормално да се случуваат такви ситуации, и се работи за избор на поединецот дали ќе оди таму.

Но урбаната средина по дифолт НЕ Е средина каде треба да е можно да бидеш нападнат од животни. Кучињата се одговорност на сопствениците, и тие треба да одговараат ако тие кучиња направат некоја беља на јавно место.
Впрочем како што и сам кажа, истото е и со родителите кои се одговорни за сите бељи од нивните малолетни деца. Која е логиката сопствениците на кучињата да не бидат исто така целосно одговорни за своите кучиња?
 
Секако, јас на ништо од ова немам замерка. Јас на моја сметка зедов да објаснам зошто овие работи настануваат, и да ја негирам вината на животното затоа што има премногу луѓе-паничари кои се фиксирани на самото животно - а не на човечкиот фактор, од незнаење или неприфаќање на реалноста. Никој не сака признае дека нешто згрешил, а во овој немил случај одговорноста е на газдата. Има многу случаи каде не е газдата туку нападнатиот, ама ако нема такви што се разбираат да изнесат зошто е така тогаш вината нема да падне на местото каде припаѓа. И да, човек немора да научи за кучешка психологија, ама ако нема информации тоа не значи дека треба да шири дезинформации, па да може некој да малтретира куче а потоа кога ќе го гризне да може да се извади : "Аха, гледај доберман, шарпланинец, питбул, крволочна раса, многу нормално дека го гризнал без причина, ајде да го успиеме". Тоа сакам да одбегнам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom