Дали има потреба од закон или правна легислатива за регулација на опасни раси на кучиња?

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
П. С. Нема да најдеш клипови на Јутуб за негативна приказна можеби еден или два наспроти дузина читај над дваесет за позитивна питбул приказна.
dosta svezha vest- glaven acter pit bul-ot o_O11.10.2011
http://www.smedia.rs/vesti/vest/77430/Pit-bul-Devojcica-Odgrizeno-uvo-Pas-napao-devojcicu-Pit-bul-odgrizao-uvo-devojcici.html
a za kuchinjata skitnici ? kako e toa regulirano(zakonski) - ili e toa posebna prikazna???
Čopor pasa napao trudnicu!

http://www.smedia.rs/vesti/vest/77512/Pas-Napad-Trudnica-Beograd-Copor-pasa-napao-trudnicu-VIDEO.html
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
dosta svezha vest- glaven acter pit bul-ot o_O11.10.2011
http://www.smedia.rs/vesti/vest/77430/Pit-bul-Devojcica-Odgrizeno-uvo-Pas-napao-devojcicu-Pit-bul-odgrizao-uvo-devojcici.html
a za kuchinjata skitnici ? kako e toa regulirano(zakonski) - ili e toa posebna prikazna???
Čopor pasa napao trudnicu!

http://www.smedia.rs/vesti/vest/77512/Pas-Napad-Trudnica-Beograd-Copor-pasa-napao-trudnicu-VIDEO.html
Дај бе од Македонија линк нешто имате?
Дали знаеш колку сообраќајки има и дали јас превентивно да не ја возам мојата кола, затоа што може да се случи да имам сообраќајка со нејзе?
--- надополнето: Oct 12, 2011 5:44 PM ---
Па и само една ситуација каде питбул напаѓа недолжна жртва е доволна за да ја докаже поентата... а тоа е дека питбулите се голем ризик кој луѓето (се разбира освен сопствениците) го доживуваат како непотребен.
Питбулите се ризик за тие што се плашат од нив :icon_lol:, и поим немаат што кучиња се затоа што никогаш немале куче питбул, и не можат да се прават поголеми католици од папата, затоа што едноставно поим немаат, во тој пример си и ти.
А тоа некогаш некаде ако некое куче некого касне, па заради тоа цели раси се се осудуваат тоа ти е размислување се еднакво на се, односно еднакво на ништо.
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
есто повторуван мит е оној дека „проблемот е сопственикот а не кучето„.
Не е мит.. вистина е..
Ниедно куче нема агресија во себе... кучето може да биде агресивно доколку се почуствува загрозено или доколку е истренирано да биде агресивно. Значи сите тие случаи каде кучиња нападнале сопственик или некој друг се само затоа што кучето било така издресирано или малтретирано од сопственикот.

Сите знаеме какви сопственици има... не ги ранат редовно... ставени се во кафез во кој не можат ни да се свртат а камоли да прошетаат (замислете се вие во таков кафез 24 часа.. и ќе ви стане јасно зошто кучето полудува) честопати се оставени надвор на 40 степени, дехидрирани,ненахранети и згора на тоа тепани... сето тоа во кучето ствара агресија не само кон сопственикот туку и кон сите луѓе. Ваквото куче нормално е да го истури својот бес порано или подоцна врз некого и не гледам тука кривица врз животното.
Има милион примери каде питбулот не бил агресивен бил чуван во нормално семејство заедно со деца и никогаш не покажал агресија.
Се слагам со тебе дека треба да бидат со маски кучињата и дека треба да се почитува тој закон..

Исто така не можеш да судиш според расата.... јас сум гледала примери каде Лабрадор нападнал човек ... или искрено еве мое лично искуство јас сум 2 пати нападната од помала раса на куче (малтешка пудла, пекинејзер)... според мене на малите раси не им се обрнува толку внимание за дресура и затоа се почести нападите од нив отколку од поголема раса на куче. Исто така таквите многу пати провоцираат поголеми раси затоа што не се правилно издресирани од самиот сопственик (значи повторно сопственикот е тој кој е крив ако кучето лошо се понаша) и се случуваат несакани работи.
Грешката кај нас е тоа што нема строги казни за луѓето кои одгледуваат кучиња за борби... се замижува на сето тоа затоа што властите највеќе профитираат баш од тие борби ... ете тоа е најстрашно

Ако не ми веруваш погледни ги емисиите на Цезар Милан на Национал Географик и ќе ти стане јасно дека и тоа е раса како и секоја друга и дека нема лоши и добри кучиња .. туку лоши и добри СОПСТВЕНИЦИ .
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
За оваа тема е дискутирано многу во подфорумот ,,Животни''. Да не ги повторувам членовите над мене ама тоа дека проблемот е во газдата, а не во кучето е и те како точно. Имено доколку секој го шета кучето врзано неверувам дека ќе има вакви проблеми. Друга работа е воспитувањето на кучето. Има многу луѓе што несвесно од своите миленици прават ,,убици''. Законска регулатива треба да има за тоа кој смее, а кој несмее да чува куче, а не околу расата на кучето.

Безцелна е понатамошна дискусија околу темава. И само да додадам околу статистиките. ТИе твои статистики ти се од САД каде што мнозинска раса е Пит Булот па нормално е дека ќе има и највеќе напади. Плус таму секакви болни умови чуваат кучиња, кои ги малтретираат и тренираат за борби и разни такви срања. Сума сумарум мојот одговор на твоето основно прашање е: НЕ.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Добро бре луѓе,до каде со ваквиот памет ? зборите за нешто,кое не ни знаете точно како изгледа,не сте излегле,не сте шетале,не сте биле во близина до него,а сепак зборите дека треба да се забрани ?! зошто? дека сте прочитале на нет како искасало некој "невин" газда ? ви кажав погоре,сите тие невини газди,се намерно напишани за да има читаност весникот и гледаност телевизијата.Дајте малце,размислете со своја глава,а не со туѓа.Некој кажа погоре:што корист имаш од пит ? Ниту едно куче нема да те сака и да биде приврзано за тебе,како питот,ете зашто.Знам што сакаше да кажеш со тоа прашање,демек што ќе ти е таков,по твое,звер..тоа ти е исто,како да прашаш некој другар,зошто вози мерцедес,кога може и пеглица,и двете имаат тркала ? не кажувајте глупости бре луѓе,вие го замислувате питот како куче кое искача на улица,и јаде све што ке му дојде,човек,маче,куче ? па тоа ни Чак Норис не го прави во неговите филмови :) секое куче може да касне,тоа се е до газдата.И,некој рече,немој само анимал планет да ме тераш да гледам..само таму нема политика,и само таму можеш да видиш нешто реално,а што да ти кажам,отвори некоја ТВ страница,и барај нешто за питот ? мислиш ќе најдеш нешто убаво за нив таму ? ПАК ќе ви напоменам, кучето ја нема таа интелегенција да размислува самото,и да прави што сака,како човекот,што автоматски те наведува,дека 90 проценти што прави кучето,е научено од газдата. Ако така гледаме што е опасно за средината,за децата,знаеш ли на што,и со кого треба да останеме ?! Подобро да не ти набројувам :) Ако толку сакаш да кажуваш колку се лоши питовите,излези со некој,верувам имаш некој нормален газда на пит у маало,гали го питот,биди до него,и ќе видиш за што ти зборам.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Има и опасни луѓе, главно така воспитани кои што и да им се направи нема да им дојде умот, па ај и за нив да донесеме посебна легислатива и шта ја знам, сепак пут бул кучињата се како и секои други кучиња кои со добро воспитување и дресура се и добри кучиња...
off- мразам пикинејзери инаку сум голем обожавател на кучиња!!!
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
@SenSei + @Nymphadora
Дап вистина е дека газдата е најодговорен за кучето. Вистина е и дека има поагресивни раси, како пекинезерите, пудлите итн. Верувам и дека Nymphadora има видено лабрадор како напаѓа...
Ама колку од тие раси имаат убиено човек?
Проверете тука сигурен сум дека ќе најдете многу пекинезери, пудли и чивави:
http://www.dogsbite.org/reports/dogsbite-report-us-dog-bite-fatalities-2006-2008.pdf

Дури и да се сложиме дека кучето не криво туку исклучиво газдата. Како е тука сменет фактот дека тие кучиња ги прават најголемите бељи? Газдата е крив ама кучето те убива, сугурен сум дека разликава ќе ви значи многу во тој момент.
Кучињава убиваат/осакатуваат/унаказуваат луѓе ама што да правиме не се криви они туку газдите... а пошто газдите не можеме да ги банираме тогаш ајде ништо да не правиме.
Ќе чекаме да се случи нешто ужасно па да му ја мислиме дури тогаш.
Македонски синдром.

И никако не ми е јасно по која тоа логика статистиките од светот не важат за нас. Нивните газди и нивните питбулови се полоши од нашите... :confused:
ОК SenSei, твое право да размислуваш така. Јас само ќе ти кажам дека ропуците со златни ланци и рамбовки што ги среќавам по кеј како групно парадираат со неврзани питови без маски ама баш никако не ми изгледаат на пософистицирани од нивните американски колеги.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Значи,ви пишуваме едно,вие пак по своето.Како тоа,на газдите не им можеш ништо ? им можеш и ти,и полицијата,само што,кај нас ако се решат да превземат нешто тоа ке биде бан на расата,а тоа не е исправното,бидејќи не е криво кучето бре луѓе.Кажа,сепак кучето те каснува,не газдата ?! дали вие сваќате дека не размислува кучето како човекот: ќе отидам сеа на овој,ќе му залепам(каснам) пошто глуми мангуп ?! сваќате дека 90 проценти што прави кучето,е од газдата научено ? таквите мангупи,треба да им се пуштат алфи,да ги искршат од мавање,и да им се одземат кучињата(доколу се докаже дека ги тепаат,не ги чуваат добро и слично) дајте бре луѓе,освестете се,размислувајте со сопствени глави.повеќето од вас што зборат против питовите(конкретно за нив ке зборам јас) не ни биле близу до пит,повеќе од 10 секунди(на поминување на кеј) Тоа ви е исто како што сите зборат дека мерцедес има многу добра вожња,а од 100 луѓе,само 2 го имаат/имале.Немојте такви работи,дај барем малце да го смениме менталитетот наш :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Се е во ред ова што го пишуваш. Те разбирам сосема ама ти не разбираш дека на повеќето не им е важно да биде фер за питбулите. Важно им е да бидат безбедни од самите питбули. А наједноставен начин да се направи тоа е бан или друга регулација (на пример дозволи само по специјални психо-физички тестови како за оружје)

Да питбулите се тука жртви исто како и тие искасаните. Не се криви тие што некој генетски ги селектирал да бидат такви какви што се а сега уште бара да бидат примерни сожители во една урбана средина... Можеби, по едно илјада години еволуција по обратен пат од досегашниот.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Можат да бидат,како што и се некои,само треба НОРМАЛЕН газда,нормални услови,љубов и тоа е се.За бан,тоа не е решение.За такви тестови,ДА,и не само за питот,туку и за од чивава до шарпланинец.На питот,пак ќе напоменам не му е во ген да напаѓа човек.Неможе бре луѓе,да истребите раса на куче бидејќи повеќето газди ги чуваат да лечат комплекси ?! како што правеле со црнците у Америка,повеќето правеле бељи,краделе,и слично,и сите ги тепале,ги дискриминирале и слично.Таму пак,е човекот во прашање,сам одбрал тоа да го прави,и до негде е нормално,но и таму не е сосема.Во случајов со животниве,НИ ПРИБЛИЖНО не е.Не е само питот куче кое може да нападне и да направи големи последици.Не е точно дека питот неможе да се научи на комадна ПУШТИ.У мое маало,имам еден дечко,кој чува лабрадор,а го,ако може така да се нарече,тренира,за да биде агресивен и кон кучиња и кон луѓе,верувај добро му иде :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Се е во ред ова што го пишуваш. Те разбирам сосема ама ти не разбираш дека на повеќето не им е важно да биде фер за питбулите. Важно им е да бидат безбедни од самите питбули. А наједноставен начин да се направи тоа е бан или друга регулација (на пример дозволи само по специјални психо-физички тестови како за оружје)
Дозволи како за оружје :icon_lol:, ако се почитуваше некој критериум пола полиција не смее оружје да носи :icon_lol:.
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
@SenSei + @Nymphadora
Дап вистина е дека газдата е најодговорен за кучето. Вистина е и дека има поагресивни раси, како пекинезерите, пудлите итн. Верувам и дека Nymphadora има видено лабрадор како напаѓа...
Ама колку од тие раси имаат убиено човек?
Проверете тука сигурен сум дека ќе најдете многу пекинезери, пудли и чивави:
http://www.dogsbite.org/reports/dogsbite-report-us-dog-bite-fatalities-2006-2008.pdf

Дури и да се сложиме дека кучето не криво туку исклучиво газдата. Како е тука сменет фактот дека тие кучиња ги прават најголемите бељи? Газдата е крив ама кучето те убива, сугурен сум дека разликава ќе ви значи многу во тој момент.
Кучињава убиваат/осакатуваат/унаказуваат луѓе ама што да правиме не се криви они туку газдите... а пошто газдите не можеме да ги банираме тогаш ајде ништо да не правиме.
Ќе чекаме да се случи нешто ужасно па да му ја мислиме дури тогаш.
Македонски синдром.

И никако не ми е јасно по која тоа логика статистиките од светот не важат за нас. Нивните газди и нивните питбулови се полоши од нашите... :confused:
ОК SenSei, твое право да размислуваш така. Јас само ќе ти кажам дека ропуците со златни ланци и рамбовки што ги среќавам по кеј како групно парадираат со неврзани питови без маски ама баш никако не ми изгледаат на пософистицирани од нивните американски колеги.
газдите треба да бидат строго казнети затоа што тоа е обично животно.. ни змија не те задева ако не и влезеш на територија или ако не ја испровоцирапш...така?! ... исто е и со кучето.. тоа нема да те нападне доколку ти не го предизвикаш со нешто... кучињата прво лаат како предупредување...
куче кое одма напаѓа .. е тренирано тоа да го прави .. а кој го истренирал ?! само да не се тренирало..

треба да престанеме да го бараме проблемот кај другите... во нас луѓето е проблемот...
прво имаш луѓе кои ги злоупотребуваат животните за да заработат пари.. или за да се заштитат демек од некого.. па прават зверови од животните... тие таквите одма на психијатар и во затвор.
второ имаш луѓе коишто се плашат од се живо и сметаат дека се треба да се убие/отруе ... тие таквите не за робје... туку за смртна казна се..
трето имаш луѓе кои што не знаат како да чуваат кучиња и прават огромни грешки како што кажав погоре... а и ќе треба да го споменам пак Цезар Милан... кој вели Discipline, Exercise and Affection .. три работи за да немаш никаков проблем со твоето милениче..
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Тоа е всушност реалноста,имаш толку мањаци насекаде,паркови,дискотеки,рекетари,мафијашишта,дилери,а ние се фаќаме за овој проблем...но добро,од негде мора да се почне :)
--- надополнето: Oct 12, 2011 8:26 PM ---
Коментарот мој се однесуваше на bucio,а за Nymphadora само :cuc: :cuc:
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
Законска регулатива треба да има за тоа кој смее, а кој несмее да чува куче, а не околу расата на кучето.
Дај објасни како тоа ќе гласи законот за кој да чува куче а кој да не чува?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Не спорно дека проблемот е во луѓето. Луѓето кои створиле вакви раси. Луѓето кои ги дресираат тие кучиња за напад. Со напомена дека порано главната намена на ваквите раси била за во војна.

Сега кога е јасно сето тоа, што да правиме со расата што е направена да биде агресивен, крвожеден борец а треба да се вклопи во урбана средина?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom