Дали има потреба од закон или правна легислатива за регулација на опасни раси на кучиња?

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.260
Поени од реакции
29.742
Очигледно дека не ме читаш доволно добро,па да појаснам.Дали свакаш,дека питот е далеку од 1вото место во напади на луѓе ?! дали свакаш,дека статистиката ти кажува,дека има напади пит-човек,но тоа се мали бројки ? дали свакаш,дека и да има пропуст,тоа не е ради КУЧЕТО,туку ради неговиот газда ?!
Сосема добро те читам но не се согласувам со тебе.

Јас повеќе пати напишав дека ова не се однесува само на питбулот. Ама ако сакаш конкретно за него... ајде.
Прво, се повикуваш на статистики, ајде да ги видиме. (само немој да ме тераш да гледам Animal Planet)
Во меѓувреме додека ги чекаме твоите статистики еве ти статистики кои фрлаат сосема различна перспектива од она што ти го тврдиш:
http://www.dogsbite.org/reports/dogsbite-report-us-dog-bite-fatalities-2006-2008.pdf

Mал извадок, подобро симнете го целосниот PDF извештај:
Dog Breed Contributed to Deaths Percentage of all Deaths
Pit bull 52 59%
Rottweiler 12 14%
American bulldog 4 5%
Husky 4 5%
German shepherd 3 3%
Doberman pinscher 2 2%
Chow chow 2 2%
Wolf-hybrid 2 2%
Labrador 2 2%
Australian shepherd 1 1%
Golden retriever 1 1%
Boxer 1 1%
Bullmastiff 1 1%
Great pyrenees 1 1%
Mixed breed (undetermined) 1 1%
Jack Russell terrier 1 1%
Old English sheepdog 1 1%
Mastiff 1 1%
Presa canario 1 1%
Сеедно што ти тврдиш дека ова 100% грешка на газдата јас мислам дека уште повеќе се одговорни гените на кучето. 59% од случаите биле пит були. Со ротвајлерите вкупно 73%
Значи окулу 2 од 3 случаи убиецот бил пит бул а во 3 од 4 случаи пит бул или ротвајлер.

До газдите е исклучиво, а? Завера против питбуловите предпоставувам?
Тие кучиња, колку и да се добро дресирани, колку и да е добар газдата, се темпирани бомби и еднаш ќе експлодираат.

Ајде кажи искрено, без разлика што со сопственик на вакво куче. Каква поента има чување на кучиња што се генетски селектирани и одгледувани (размножувани) повеќе генерации наназад за да се добијат животни што се агресивни, силни и физички предодредени за борба. Борбите се забранети и нелегални.
Што е поентата, да докажеш дека можеш да го контролираш?
(ама сите да трпиме ако си евентуално во грешка?)

Зошто се забранети овие кучиња во толку држави, светска завера? Зошто е забрането да шеташ лав или тигар на пример?
Затоа што се работи за опасни и крволочни животни на кои не им е местото во урбана средина.

Можеби ти сметаш дека твоето куче не овакво, ама дали само ти го сносиш ризикот? Што имаат сите други од твојата потреба... а да не се лажеме, односот на сопственици на вакви раси кучиња према сите други е 1:10000000. И од каде знам и како можам да знам каков газда си ти. И каков газда се сите оние што имаат ваквки кучиња. Како воопшто може да знаеме?
Потребите на повеќето се пред потребите на малкуте, особено кога се работи за потреба како правото на живот.
 
Член од
7 октомври 2007
Мислења
43
Поени од реакции
19
Се е до сопствениците и начинот на одгледување на кучето. Јас имам булмастиф и кога ја шетам никогаш нема нападнато или покажано знаци дека ќе нападне освен доколку не била испровоцирана, но на команда се смирува одма. Додека кога е дома и во двор не смее никој да влезе без мое присуство што е нормално. Јас од кога ја земав па до ден денешен сум немал никаков проблем со неа, но со неа сум се однесувал како со член на фамилија, не сум ја малтретирал и казнувана била само кога ќе направеше некоја глупост(тоа додека беше млада). И воопшто не се осеќам како да чувам некој ѕвер, сосема напротив, мене ми делува како мало маче кое ужива да се мази, кое осеќа кога си тажен и пробува да те развесели некако и кое кога ќе се качи на кревет се бута во тебе и заспива моментално, притоа пружајќи ми го најпрекрасното чуство на свет.

Но затоа има неколку случаеви што имам прочитано по нетов каде што булмастиви ги нападнале газдите или други луѓе, но потоа се докажало дека биле малтретирани и чувани во многу лоши услови. Најголем впечаток ми остави еден случај во Словенија каде газдата сексуално се изживувал на 2 или 3 булмастиви се додека еден ден не им скурчило и го направиле парче.

Значи поентата е дека како ќе го „воспиташ“ кучето, така и ќе се однесува. А што зборите за генетските предиспозиции, тоа правило важи за самиот чин на борба, но не и за предизвикувањето на борбата т.е. доколку некој искомплексиран идиот земал пит и го тепа секој ден, му носи улични кучиња двојно помали од него само за да ги дави, нормално дека ќе биде крволочно кучето, но доколку истиот пит е израснат во фамилија каде што се грижат нормално за него, каде што го сакаат и каде што го социјализираат со луѓе и други животни навремено, тогаш тоа куче ќе израсне во прекрасен домашен миленик кој многу ќе ја збогати домашаната идила.

И нормално, кога се шета куче без разлика дали е мирно или не, треба да се носи на поводник и со маска поради останатите луѓе кои не се должни да претрпуваат страв ради некој друг. За пуштање кучето да се истрча има многу локации каде што нема луѓе и каде на раат можеш да го пуштиш да поужива без поводникот, но за жал не се сите толку совесни.

П.С. Се извинувам на подолгиов пост, но за жал ретко се сретнува ваква тема по нашиов интернет простор па изгледа се насобрало во мене:)

Поздрав,
не го знам
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.662
Поени од реакции
4.728
Aко добро те разбрав ти би сакал да имаш/набавиш вакво „куче„.
Можеби си имал/имаш слична раса?

Од перспектива на сопственик (иден или сегашен), можеш ли да ми објасниш зошто би одбрал вакво нешто наместо некое куче од илјадниците други раси?
Исто така дали си запознает со начинот на настанување на расава, поточни кои особини се генетски селектирани да бидат доминанти кај ова куче?
Дали знаеш колку за колку смртни напади е одговорна баш оваа раса или генерално земено питбул расата со ваквите „подраси„? (знам дека ова не е чист питбул)
Дали знаеш дека повеќе од 50% од тие смртни случаи се баш сопствениците или блиски членови на семејтвото?

Извини ако изгледа дека те напаѓам, навистина искрено ме интресира дали си информиран за ова погоре што го напишав.
Планирам некое време да го најдам специфичниов вид како на сликата , ама малце тешко иде .. а и којзнае која пара иде.Сум имал боксер до сеа иако ова е Гуливер у споредба со боксерите.

Секој бира според тоа што бара , ако барам сувенир..,ќе си зеам некое од тие кучиња ... јас коа би земал куче , би земал некое моќно , тоа ми е предуслов , конкретно бандогов ми е многу интересен а како замена може германски овчар,доберман..
Кај сите кучиња днк-та им потекнува од волкот , кај ова бандогов сеуште е мистерија.(можеби некој експеримент)
Ротвајлерот ти е најспомнуван во светов по напади и смртни случаеви , питовите како што пишаа и другите се помирни кучиња од пекинезер и чивава - ама посилни,тоа ти е .
Не дека ми е гајле , кај нас и онака повеќето напади се од скитници кучиња , одговорноста е кај сопствениците , кој ќе се нафати да чува куче , ќе научи ваљда и да го тренира и да го сноси ризикот.
Не ме напаѓаш , таман работа :D фино си праша , ти одговорив.Тоа напишаното погоре беше едно 100 пати спомнато во темата за кучиња скитници и нивна ликвидација,само сеа што сменија улога скитниците и расниве кучиња.













 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Да не се сите питбули убијци, точно. И често се сопствениците криви, и тоа е точно. Ама останува фактот дека самите кучиња се непотребен ризик во едно цивилизирано опшество.
Ајде нешто за ризикот при чување на Питбул и за што е способен тој, мала едукација за човек кој што не знае што куче е тоа :icon_lol:.









И на крај три куршуми во глава од пиштол, куче што е лојално не еднаш до смрт туку три пати :icon_lol:.

 
I

indigo child

Гостин
Мажите што чуваат раси на кучиња кои се ѕверови, имаат помало его и се кукавици.
Научно докажано, ме мрзи да гуглам, кој не го мрзи да бара по нет, бујрум, постирајте линк.
Чувајте Пит и даље.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Мажите што чуваат раси на кучиња кои се ѕверови, имаат помало его и се кукавици.
Научно докажано, ме мрзи да гуглам, кој не го мрзи да бара по нет, бујрум, постирајте линк.
Чувајте Пит и даље.
Се е тоа во ред, ама муабетот кој го започнуваш е за во подфорумот Психологија и е надвор од темава.
Ве молам да внимавате на одговорите во иднина. Авторот на темата е сосема јасен во првото мислење: "Дали има потреба од правна легислатива за регулација на опасни раси на кучиња".
 
I

indigo child

Гостин
Се е тоа во ред, ама муабетот кој го започнуваш е за во подфорумот Психологија и е надвор од темава.
Ве молам да внимавате на одговорите во иднина. Авторот на темата е сосема јасен во првото мислење: "Дали има потреба од правна легислатива за регулација на опасни раси на кучиња".
Се извинувам, се убацив онака, од нигде ( :
Можете да ги избришете моите мислења ( :
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Мажите што чуваат раси на кучиња кои се ѕверови, имаат помало его и се кукавици.
Научно докажано, ме мрзи да гуглам, кој не го мрзи да бара по нет, бујрум, постирајте линк.
Чувајте Пит и даље.
Јас имав страв од кучиња, па не баш страв туку несигурност некоја мала :icon_lol:. И сега бидејќи сум човек кој што сака предизвици барав која раса е прогласена за најопасна најозгласена раса на кучиња, репутацијата на питбулот беше таа која што е погрешна да не ти пишувам тука. И така јас лично видов мали питови на Пазар 3 од друг град човек кој што не го познавав го видов само еднаш во животот и си купив куче од него :icon_lol:.
Кучето мое ти е едно страшно по изглед силно по воља и мускулатура ама е едно од најмилите животинчиња што сум ги видел, раката во уста му ја ставам да ми ја гризе, иако има стег да скрши коска јас сум сигурен дека тоа нема да го направи ме каса ама милно како за галење, од рака ми јаде и од уста јадењето му го земам, никогаш ми нема заржено а пак не друго. И несигурноста од кучиња ја нема кај мене повеќе :icon_lol:.
--- надополнето: Oct 12, 2011 3:28 PM ---
Ајде на тема колку луѓе овие опасни раси на кучиња имаат растргано во последните пет години? Десет години? А колку луѓе од гром имаат загинато, сообраќајки, убиства, срцеви и мозочни удари. Во Охрид в енѕеро неколку пати повеќе се имаат удавено во една година, отколку што во последниве десет години имаат опасните раси на кучиња растргано луѓе.
--- надополнето: Oct 12, 2011 3:42 PM ---
Ајде страшна работа растргнување :icon_lol:, колку има видеа за таква работа а колку за позитивна приказна а?




 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.260
Поени од реакции
29.742
Ајде нешто за ризикот при чување на Питбул и за што е способен тој, мала едукација за човек кој што не знае што куче е тоа :icon_lol:.
Прво биди љубезен ставај ги видеата во [/spoiler]. 3 минути ми се учитува страната од десетиците клипови што си ги ставил, не сурфаме сите секогаш од дома...

Иначе се е убаво ова што си линкал. И ако беше работата за контра сега можам и јас да извадам барем исто оволку клипови каде пит напаѓа некој/нешто. Ама каде ќе ни биде крајот ако со клипови се докажуваме. Ќе се броиме кој ќе води? Многу емпириски и научно!
Па и само една ситуација каде питбул напаѓа недолжна жртва е доволна за да ја докаже поентата... а тоа е дека питбулите се голем ризик кој луѓето (се разбира освен сопствениците) го доживуваат како непотребен.

Питбулите се раса на кучиња. Без разлика што се генетски селектирани за агресивност, крвожедност, висока толеранција на болка, итн... генералните кучешки гени се често доминантни: лојалност, храброст, пожртвуваност.
И тоа е све супер, ама проблемот е тоа што „црните овци„ меѓу нив се одговорни за убиства и тешки сакатења.

Како ќе ги објасниш статистиките?
Момакот погоре спомињаше некои негови статистики ама не ни покажа ништо од нив. Јас ви понудив статистики, кои додуша се од USA aма се сепак валиден показател дека еден дел од овие кучиња се голема опасност по средината.
Како ќе ги одделиш добрите од лошите примероци додека веќе не се случи бељата? Како ќе ги одделиш добрите од лошите газди?

Дали ме разбираш за што ти зборувам?
1000 питбули може да бидат добри домашни миленичиња ама ако 1001-виот нападне некој и ќе направи беља каде може да унакази/осакати/убие човек...
Да не е фер спрема 1000те други питови и нивните власници, ама во една урбана средина овие кучиња се непотребен ризик.

Во ваква ситуација, надвор во средини како паркови, на кеј, на улица.... која е логиката да вакви кучиња бидат покрај непознати деца?
Дали мора да ни се случуваат работи како ова за да законодавците почуствуваат притисок за да направат нешто да ги заштитат недолжните?

http://www.trojka.rs/vesti/18518-pitbul-odgrizao-uvo-trogodisnjoj-devojcici.html
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Ајде статистики за во Македонија имаш, или не живееш тука?

Јас познавам само едно куче кој што го има убиено својот сопственик, кога објаснувам за моето куче одма следува примерот за ротвајлерот кој што го уби својот сопственик, и нормално тоа од мој дедо кој што има 60-70 години. Следно прашање дали за друг пример тој знае во цел негов животен век каде што куче има убиено свој газда. Нема тоа е реалноста едно куче еден газда во 60 -70 години, па од гром умираат по неколку луѓе годишно овде кај нас, поголеми се шансите гром да те отепа отколку куче да те искаса дури и од скитниците.
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Не постојат опасни раси на кучиња, постојат само опасни луѓе Легислатива или закон ДА, но само за сопственици на кучиња, а не за раси на кучиња.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: AST

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
П. С. Нема да најдеш клипови на Јутуб за негативна приказна можеби еден или два наспроти дузина читај над дваесет за позитивна питбул приказна.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.260
Поени од реакции
29.742
Ајде статистики за во Македонија имаш, или не живееш тука?
Важи еве сеа ќе формирам една невладина организација да направи статистики за Македнија специјално за тебе. Статистичките испитување несомнено ќе покажат дека статистиките ширум светот не може да важат во Македонија. Пошто нели, нашите питбулови се исклучиво од оние „добрите„ шо никогаш не им се спајаат жичките. И пошто нели, нашите газди на питбулови се најдобрите газди и никогаш не ги носат и тренираат питовите за нелегални борби.

Yeah right...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Важи еве сеа ќе формирам една невладина организација да направи статистики за Македнија специјално за тебе. Статистичките испитување несомнено ќе покажат дека статистиките ширум светот не може да важат во Македонија. Пошто нели, нашите питбулови се исклучиво од оние „добрите„ шо никогаш не им се спајаат жичките. И пошто нели, нашите газди на питбулови се најдобрите газди и никогаш не ги носат и тренираат питовите за нелегални борби.

Yeah right...
Остави ти статистики во маалото кај што живееш градот селото населбата итн. Колку има жртви луѓе од кучиња, затоа што статистиката е само бројка на хартија, а наше маало викаме тефтерот трпи се, што ќе напишеш тоа ќе се појави.

А и тука се нашите мршојадци лешинари популарно наречени новинари, едноставно уживаат да онанираат на нечија смрт па во нивните вести скоро и да нема таква вест каде што куче убива човек, ама редовно тука се сообраќајките убиствата давење во нашите езера итн. Едноставно се молат за таква вест да може и на нејзе да онанираат како на другите, ама нема и тоа е тоа.
--- надополнето: Oct 12, 2011 5:10 PM ---
Слушај да не си некое партиско војниче па ни спремате европски закон каде што зборот македонски е забранет во нивните документи од што не почитуваат како луѓе, а вие како сервилни слуги тука сте испратени да ни објасните како законот е добар така ми мириса мене.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom