Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 26.161
- Поени од реакции
- 34.698
Сосема добро те читам но не се согласувам со тебе.Очигледно дека не ме читаш доволно добро,па да појаснам.Дали свакаш,дека питот е далеку од 1вото место во напади на луѓе ?! дали свакаш,дека статистиката ти кажува,дека има напади пит-човек,но тоа се мали бројки ? дали свакаш,дека и да има пропуст,тоа не е ради КУЧЕТО,туку ради неговиот газда ?!
Јас повеќе пати напишав дека ова не се однесува само на питбулот. Ама ако сакаш конкретно за него... ајде.
Прво, се повикуваш на статистики, ајде да ги видиме. (само немој да ме тераш да гледам Animal Planet)
Во меѓувреме додека ги чекаме твоите статистики еве ти статистики кои фрлаат сосема различна перспектива од она што ти го тврдиш:
http://www.dogsbite.org/reports/dogsbite-report-us-dog-bite-fatalities-2006-2008.pdf
Mал извадок, подобро симнете го целосниот PDF извештај:
Сеедно што ти тврдиш дека ова 100% грешка на газдата јас мислам дека уште повеќе се одговорни гените на кучето. 59% од случаите биле пит були. Со ротвајлерите вкупно 73%Dog Breed Contributed to Deaths Percentage of all Deaths
Pit bull 52 59%
Rottweiler 12 14%
American bulldog 4 5%
Husky 4 5%
German shepherd 3 3%
Doberman pinscher 2 2%
Chow chow 2 2%
Wolf-hybrid 2 2%
Labrador 2 2%
Australian shepherd 1 1%
Golden retriever 1 1%
Boxer 1 1%
Bullmastiff 1 1%
Great pyrenees 1 1%
Mixed breed (undetermined) 1 1%
Jack Russell terrier 1 1%
Old English sheepdog 1 1%
Mastiff 1 1%
Presa canario 1 1%
Значи окулу 2 од 3 случаи убиецот бил пит бул а во 3 од 4 случаи пит бул или ротвајлер.
До газдите е исклучиво, а? Завера против питбуловите предпоставувам?
Тие кучиња, колку и да се добро дресирани, колку и да е добар газдата, се темпирани бомби и еднаш ќе експлодираат.
Ајде кажи искрено, без разлика што со сопственик на вакво куче. Каква поента има чување на кучиња што се генетски селектирани и одгледувани (размножувани) повеќе генерации наназад за да се добијат животни што се агресивни, силни и физички предодредени за борба. Борбите се забранети и нелегални.
Што е поентата, да докажеш дека можеш да го контролираш?
(ама сите да трпиме ако си евентуално во грешка?)
Зошто се забранети овие кучиња во толку држави, светска завера? Зошто е забрането да шеташ лав или тигар на пример?
Затоа што се работи за опасни и крволочни животни на кои не им е местото во урбана средина.
Можеби ти сметаш дека твоето куче не овакво, ама дали само ти го сносиш ризикот? Што имаат сите други од твојата потреба... а да не се лажеме, односот на сопственици на вакви раси кучиња према сите други е 1:10000000. И од каде знам и како можам да знам каков газда си ти. И каков газда се сите оние што имаат ваквки кучиња. Како воопшто може да знаеме?
Потребите на повеќето се пред потребите на малкуте, особено кога се работи за потреба како правото на живот.