Постои вистинска љубов која повеќето ја имале или ќе ја имаат во својот живот, онаа со која потонуваме во сон, се будиме со неа, секоја секунда од денот ни ги опседнува мислите, секоја мисла ни мами насмевка, не восхитува, не издига до невозможни височини, ни дава сила и храброст да живееме во некоја трета димензија.....и колку и да сакаш или не сакаш, таа е секогаш тука околу тебе, можеби притаена во некој скриен дел од срцето или душата.....но секогаш е тука, пак и пак и пак....постојано не следи цел живот.
....тоа и уште многу е можеби она што не тера да ја класифицираме дека е вечна.....вечни се само последиците, вечно е страдањето, болката, очајот, празнината...