Знам да чувам тајни,знам да преќутам па колку и некогаш да сакам да го издадам тоа што ми го кажале.
Порано знаеше да ми излета нешто несакајќи па да се чудам како ќе се извадам,ама со тек на време научив да внимавам повеќе и сега одамна не ми се има случено такво нешто.
Сега во моментов не ми текнува дека некој ме издал.Обично внимавам на кој што кажувам,не се отварам секогаш на секој па така да и шансите за да ме издадат се минимални,скоро никакви.Кажувам свои тајни само на оние во кои што имам голема доверба и кои што знам дека не би истрчале во наредниот момент,пренесувајќи од една на друга личност што сум кажала/признала.
За такви работи внимавам и тоа многу.