Знам да чувам и никогаш не ми се случило да издадам некој што ми се доверил. Го почитувам фактот што ме избрал токму мене за да сподели нешто, битно за него/неа, и тоа ми е доволна мотивација за да ја сочувам, па дури и најмалата ситница, најнебитната глупост, затоа што никогаш неможам да знам од кое значење е таа. Сите сме различни и имаме различни сфаќања, може за мене е глупост а за некој значи премногу.
Јас никогаш не кажувам тајни, најверојатно затоа што уште немам пронајдено некој во кој би имала апсолутна доверба, и не би се чувствувала сигурно доколку ја споделам мојата интима со некого. Куриозитетот е во човечката природа, и големи се шансите многу брзо сите да дознаат за она што не би требало да се знае.