- Член од
- 7 јануари 2008
- Мислења
- 66
- Поени од реакции
- 5
Според мене мувањето е симптом на несигурност на една личност.Некои внатрешни стравови, скриени комплекси, стравот од обврска, стравот од одговорност,сето тоа се прикрива со параванот мување.Од друга страна пак, мувањето може да го сфатиме како добар психолошки треман, се зголемува самодовербата,се храни егото, се одржува кондиција во ловење нови фаци и се тоа зачинето со повремен секс. Немам ништо против неколку кратно ,,гледање,,(како сакате сфатете го),ако се работи за две осамени срца кои немаат што да изгубат,само се на пробно возење кое ако потрае подолго станува врска(иако не е признаена од учесниците) или престанува ако не ти одговара пробниот модел. Но, дефинитивно сметам дека се работи за понижување како за девојка така и за секој дечко кој има врска, без разлика дали е долга, кратка, стабилна или не, а се мува со други. Понижување и за двајцата, не само за тој што е резерва во случајот,туку и за оној кој е во врска поради тоа што со мувањето докажуваат дека не се способни за одлука,не знаат да се ценат ни себе си ни тие околу себе.