Дали е етички да живеете удобен и луксузен живот, додека добар дел од човештвото живее во огромна сиромаштија?

Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317
Пред некоја недела налетав на статус на фејсбук и тоа е инспирација за темава.
Имено, авторот има отворено барање до поимотните луѓе да закочат малку со животот, да стават прст на чело и да размислат за сиромаштијата и бедата која моментално владее во светот. Некој нема што да јаде и пие, живее во скривница, на ладно и темно, а некој си го планира своето следно патување, го обновува гардероберот, бира што да јаде, итн итн. And it made me think...

Мислам дека напишаното има двојно значење. Од една страна се упатува една убава порака дека сиромаштијата е нешто што не треба да се игнорира никако и е реален проблем со кој се соочува човештвото. Но од друга страна, се фрла сенка на моралот на оние кои безгрижно живеат пристоен и удобен живот. Хм... Не е едноставно за ниту еден поединец да помогне да се поправи ситуацијата и да се избрише неправдата и нееднаквоста, но има нешто што секој од нас може да го направи, преку ситни и едноставни чеокри во рамките на сопствените можности (се она што се нареува хуманитарна работа). Сепак, на крајот на краиштата, класите се составен дел од општеството и нешто што не може да се игнорира. Уште во античко време постоеле истите и јасно е дека човек треба да го прифати светот таков каков што е, тежок, несовршен, нефер. Не можеме да очекуваме секој човек да ги жртвува своите животни стандарди, но можеме само да се надеваме дека секој човек може да развие доволно самосвест и емпатија.

Во време на голема нееднаквост, мислам дека темава е скроз легитимна. Само да нагласам, темава не се однесува на оние кои преку ноќ се богатат на грбот на народот, туку за луѓето кои напорно и вредно работат, па со својот труд, со својата работа и своето знаење постигнале нешто во животот.

Дали е неопходно да се чувствувате виновни затоа што заработувате доволно пари и може да си приуштите малку повеќе од пристоен живот, додека некој нема покрив над глава, храна и вода?! Дали е погрешно да уживате во тоа што сте го заработиле? Дали е етички да спиете мирно навечер, кога толку многу луѓе спијат под отворено небо? Дали е етички да одите во ресторан, да имате пристоен ручек, кога толку многу луѓе немаат за парче леб и паштета? Каков став треба да се завземе денес кон луксузното трошење?
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
What were the main ideas of social Darwinism?

Social Darwinists believe in “survival of the fittest”—the idea that certain people become powerful in society because they are innately better. Social Darwinism has been used to justify imperialism, racism, eugenics and social inequality at various times over the past century and a half

Social Darwinism is defined differently by many people. One example is from the book American History. This book by Alan Brinkley states Social Darwinsim as "a harsh theory that argued that individuals who failed did so because of their own weakness and 'unfitness'"
 
Член од
25 јуни 2013
Мислења
594
Поени од реакции
251
Ако јас сам сум си изградил кариера и сам сум си ги заработил парите без помош на родители, тогаш ни најмалку нема потреба да се чуствувам "виновен" за другите. Јас сум бил на исто поле како нив, само сум се трудел повеќе.
Реално, секој се жали цело време, нема пари, а неќе да научи нешто ново. Разбирам, нема секој капацитет/финансии да заврши факултет, или пак капацитет да биде програмер и сл.
Сепак, има милион работи кои што може да се научат и да се заработува, но сепак, мотивацијата за унапредување им фали на сите тие што се жалат и немаат, незнам зошто.
Желба за успех и финансиска слобода имаат, а мотивација за унапредување на самиот себе имаат 0.

Ова е само генерално класифицирање, не велам дека сите се такви.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.467
Поени од реакции
9.929
odlicna tema, bravo.

pocetna tocka vo zivotot - geografska, familijarna, vremenska vo golem del diktira kako kje se razviva zivotot.
nekoj e roden so odlicni moznosti za "udoben" zivot, a nekoj od start osuden na siromastija.
nedostatok na moznosti, obrazovanie i finansii go limitiraat razvojot na golem del od populacijata.

za da se pomogne, mora toa da bide sistematski i so nekoj organiziran pristap, individualni donacii
i dobrotvornost se premalku.
direktna sporedba koga setam niz Skopje, i koj i da e grad vo Svedska. brojot na lugje koi baraat bari niz ulicite / plostadite
vo Skopje konstantno se zgolemuva, dodeka vo Svedska mozam da kazam deka na prsti se brojat lugjeto so sum gi videl da prosat,
vo period od 4 godini.

sekoj so zarabotuva pari vo privaten sektor, znae "kako se ragja lebot", ili so vikat englezite "there is no free lunch".
zarabotenite (ama stvarno zarabotenite, ne kradeni) pari se licno pravo na poedinecot kako kje gi trosi,
ne gledam ni najmala pricina nekoj da se vozdrzuva od trosenje, poradi toa so nekoj drug nema.

tocno e deka mnogu lugje vo svetot globalno (pretezno azija i afrika) ziveat vo beda. AMAA
ako gledame na post-komunisticka / istocna evropa, cela ex-yuga pa do rusija,
skoro site pocnuvame od nekoj slicni uslovi - imalo uslovi za osnovno obrazovanie, kakva takva rabota,
i nekakvi moznosti (ne sjajni, ama sepak). so lugjeto napravile so tie moznosti, treba sami da se zaprasaat.

vekje 2 godini doniram simbolicna mesecna suma na UN, ne pamtam vo koj del tocno. svesem sum deka taa moja donacija
ne pravi razlika vo golemata slika, ama ete veruvam vo toa deka mozeme barem mal del da si skratime i barem da probame
da pomognime. treba mnogu povekje od toa, ama mislam deka generalno globalno se zgolemuva cuvstvoto za humanost,
i imame se povekje organizacii i poedinci (sportisti i ostanati celebrities) koi doniraat znacajni sumi, najcesto vo nivnite zemji.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.419
Во време на голема нееднаквост, мислам дека темава е скроз легитимна. Само да нагласам, темава не се однесува на оние кои преку ноќ се богатат на грбот на народот, туку за луѓето кои напорно и вредно работат, па со својот труд, со својата работа и своето знаење постигнале нешто во животот.
Чисто процедурално, кое е тоа време во историјата, каде што немало голема нееднаквост, за да можеш да кажеш дека баш денешното време е такво ... Притоа да напоменам, секоја борба за еднаквост, започнувала со крв до колена и завршувала пак со социјална диференцијација.

Јас мислам дека човековата цивилизација, мора да ја прифати човековата егоистична природа, која сама по себе не дозволува да се изгради општество базирано на еднаквост. Секогаш во цивилизацијата ќе има доминантни нации-држави и секогаш во една држава ќе има доминанта класа. Ништо не е сменето од робовладетелството, до комунизмот. Според мене робовладетелството не престанало ради човековиот мајндсет дека напреднал, туку дека машините во голема мера ги замениле робовите. Ако гледаш од тој аспект и ден денеска, западните цивилизации на грбот на бедата на земјите од третиот свет, го базираат своето производство... Така да според мене, вишок е да се дискутира за солидаризација. Треба да се прифати светот таков каков што е, и секој егоистично да си го гледа својот круг, почнувајќи од фамилијата, па се до нацијата и државата.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.536
Во минатото бев многу поинаков и верував во алтруизмот и емпатијата.
Но после редица трагедии и соочување со крајот, гледајќи како дотогашните пријатели па и роџаци започнуваат да ме гоустираат што ИРЛ што виртуелно, како им преседнувал ручекот пошто гледале човек на штаки, со сите операции и други зафати...денес немам никаков интерес за судбината на никого.
Какви све не отпадоци од човечки битија, бескрајно дно и олош биле во контакт со мене, тоа не успеав да сфатам никако, се додека не ми текна дела луѓето сакаат да се осеќаат како добри, како протагонисти во сопствениот живот, како моќни со тоа што нема да ти дигнат позив на телефон или ќе остават сеен на фб.
Грозоморни нарцисистички фекалии. Проклети нека се.

Во најтешките моменти кога не знаев дали ќе преживеам, не се најде никој да подаде рака, да ми направи муабет, да ми каже барем два збора за охрабрување. Никогаш не сум се осетил толку јадно.

Тешката мака и трагедиите ме кондиционираа да гледам на туѓите судбини исто онака како што поединците и општеството гледаа на моите, т.е. никако. Не ме тангира ништо повеќе за никого, освен за моите две наубави души на светот. Тек кога дигнав раце од све, кога завршив на болница, по некаква нејасна игра на судбината се најде женска личност која сакаше да биде со мене = не затоа што поради тоа ќе се осеќа дека е добра особа, туку онака, навистина сакаше да биде со мене пошто и беше убаво да биде со мене.Спас у задњи час. Нека биде благословена :love:

После сето тоа, одлучив да бидам како огледало, како некој ќе се постави према мене, така ќе биде третиран и тоа е тоа.
А за апстрактно мислење на тема алтруизам, во мојот случај тоа е луксуз. Заработуваме доволно за да живееме скромно но многу поспонтано и послободно отколку сите други. Оттаму, не остануваат средства за донации на сиромашни. Ок, рандом 100-ка за СМС понекогаш или 50 денари во каса во маркет...и тоа е тоа.
Никогаш не сум бил толку себичен како сега, не ме интересира ништо освен нашиот мал свет, нашиот bubble кој си го изградивме.
Не знам, да имав поинакви искуства, можеби ќе бев помалку мизантропски настроен, но тоа е шта би било кад би било.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Па не би рекол дека треба да те јаде грижа на совест затоа што си ги трошиш парите кои си ги имаш заработено.

Не е баш така лесно да станеш богат без разлика како си го стекнал богатството, дали на легален или илегален начин.

Јас многу често сум суров на зборови и понекад изгледам како гад кога го зборам тоа што го мислам за сиромашните луѓе и уличарите. Ама не секогаш ги жалам пошто голем дел од нив самите си го избрале тој начин на живот. Полесно му е да питачи, скита по улици и да се жали како спие у картони и нема отколку да земе нешто да работи. Нели, чест на исклучоци пошто стварно има греота луѓе кои се погодени од надворешни фактори и банкротирале па се доведени до питачки стап. Ама барем кај нас повеќето сиромаси се такви од што не сакаат да работат.
Пред мои очи имам видено разно разни ситуации каде такви луѓе одбиваат чесна работа од 20тина илјади денари само затоа што му е тешко или нејќе да трпи авторитет и нејќе да биде одговорен 6 дена во неделата по 8 часа. Некад и поише јеби га. Големи и успешни луѓе работат по 2 работи, по 12 саати на ден, обичен смртник кој нема за леб нејќе ни ден да работи.

Неработлив народ сме, све нешто чекаме од страна, љубоморни сме, нереални. Не може ти како обичен работник без ден школо да се споредуваш со некој што завршил 2 факултети и работи во канцеларија и ти како таков да глумиш надмен. Он демек немал поима од животно искуство а ти имаш и да очекуваш исто да бидеш платен или да имаш исти привилегии. Епа не може бе брат.

Што треба сеа, светските милијардери да го распоредат богатството на сите луѓе низ светов, епа не може бе Џеф Безос што работи цел живот и што почнал од 0 и што се стекнал со којзнае какви попатни проблеми и што му има паднато коса од нервози и работа да се откаже од милијардите и да му ги даде на некој мрзлив Цветко кој се има умислено дека е некој фактор и не ти мрда за плата под 500 евра и се жали дека е сиромав и дека системот него го има поебано. Епа не иде тоа така бе брат.

Да, огромен е гапот помеѓу богати-средни и сиромаси ама тоа се веќе некои други прашања.

Дали треба да ти е срам што си богат и да не ги користиш благодетите кои си ги стекнал на легален или нелегален начин само затоа што има некој што нема ич?
Не.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Пред некоја недела налетав на статус на фејсбук и тоа е инспирација за темава.
Имено, авторот има отворено барање до поимотните луѓе да закочат малку со животот, да стават прст на чело и да размислат за сиромаштијата и бедата која моментално владее во светот. Некој нема што да јаде и пие, живее во скривница, на ладно и темно, а некој си го планира своето следно патување, го обновува гардероберот, бира што да јаде, итн итн. And it made me think...

Мислам дека напишаното има двојно значење. Од една страна се упатува една убава порака дека сиромаштијата е нешто што не треба да се игнорира никако и е реален проблем со кој се соочува човештвото. Но од друга страна, се фрла сенка на моралот на оние кои безгрижно живеат пристоен и удобен живот. Хм... Не е едноставно за ниту еден поединец да помогне да се поправи ситуацијата и да се избрише неправдата и нееднаквоста, но има нешто што секој од нас може да го направи, преку ситни и едноставни чеокри во рамките на сопствените можности (се она што се нареува хуманитарна работа). Сепак, на крајот на краиштата, класите се составен дел од општеството и нешто што не може да се игнорира. Уште во античко време постоеле истите и јасно е дека човек треба да го прифати светот таков каков што е, тежок, несовршен, нефер. Не можеме да очекуваме секој човек да ги жртвува своите животни стандарди, но можеме само да се надеваме дека секој човек може да развие доволно самосвест и емпатија.

Во време на голема нееднаквост, мислам дека темава е скроз легитимна. Само да нагласам, темава не се однесува на оние кои преку ноќ се богатат на грбот на народот, туку за луѓето кои напорно и вредно работат, па со својот труд, со својата работа и своето знаење постигнале нешто во животот.

Дали е неопходно да се чувствувате виновни затоа што заработувате доволно пари и може да си приуштите малку повеќе од пристоен живот, додека некој нема покрив над глава, храна и вода?! Дали е погрешно да уживате во тоа што сте го заработиле? Дали е етички да спиете мирно навечер, кога толку многу луѓе спијат под отворено небо? Дали е етички да одите во ресторан, да имате пристоен ручек, кога толку многу луѓе немаат за парче леб и паштета? Каков став треба да се завземе денес кон луксузното трошење?
Теоретски е исто како да прашаш дали е етички додека некој се бори за својот живот со некоја болест, е нормално останатите да живеат здрави и прави.

Премногу е краток животот за да си го арчиш мозокот со вакви работи.
Моја филозофија е да се помогне секогаш кога можеш, без разлика дали финансиски или на друг начин, но да не си земаш „при срце“ оти си имал повеќе среќа да се родиш: на подобро место, во подобро семејство, со поголема интелигенција.
Детски е да се мисли дека еден ден сите ќе бидат еднакви, или дека сите среќно ќе живеат. Секогаш ќе постојат сиромашни, секогаш ќе постојат болни, секогаш ќе постојат војни, секогаш ќе постојат општества каде човечкиот живот не вреди ни пет пари.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.292
Темава е уствари капитализам против комунизам (оној во теорија). Во капиталистичко општество ти што сакаш прави, како сакаш осеќај се, донирај, не троши итн. и секогаш пак ќе има некој што нема ни за леб а друг што вози ламбо. Taка да не се замарајте многу и трошете колку сакате.

Што треба сеа, светските милијардери да го распоредат богатството на сите луѓе низ светов, епа не може бе Џеф Безос што работи цел живот и што почнал од 0 и што се стекнал со којзнае какви попатни проблеми и што му има паднато коса од нервози и работа да се откаже од милијардите и да му ги даде на некој мрзлив Цветко кој се има умислено дека е некој фактор и не ти мрда за плата под 500 евра и се жали дека е сиромав и дека системот него го има поебано. Епа не иде тоа така бе брат.
Жими газо. Не е секој сиромашен „мрзлив Цветко“, има луѓе што се 10 пати попаметни и поработливи од Џеф Безос ама работите не им се наредиле така.

 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.291
Поени од реакции
5.569
Ако јас сам сум си изградил кариера и сам сум си ги заработил парите без помош на родители, тогаш ни најмалку нема потреба да се чуствувам "виновен" за другите. Јас сум бил на исто поле како нив, само сум се трудел повеќе.
Реално, секој се жали цело време, нема пари, а неќе да научи нешто ново. Разбирам, нема секој капацитет/финансии да заврши факултет, или пак капацитет да биде програмер и сл.
Сепак, има милион работи кои што може да се научат и да се заработува, но сепак, мотивацијата за унапредување им фали на сите тие што се жалат и немаат, незнам зошто.
Желба за успех и финансиска слобода имаат, а мотивација за унапредување на самиот себе имаат 0.

Ова е само генерално класифицирање, не велам дека сите се такви.
Ја ќе отидам чекор подалеку, дури и да си наследил имот, фирма и средства доколку на правилен начин продолжуваш да управуваш со нив а не се понашаш како spoiled brat никој нема право да ти каже ништо. У спротивно секој еден родител, и ние кога ќе станеме родители треба да ги отфрлиме децата и пред умирање да продадеме се.

Никој како дете не е крив што нивен родител успеал да постигне тоа што постигнал, единствена обврска им е да биднат паметни, да употребат главата, да се образуваат формално и неформално и само да продолжат затоа што благодарение на нивен успех кој сигурно е постигнат со помош на други вработени кои добиваат плата, тие вработените добиваат шанса да заработат и доколку се спремни и храбри на таков чекор да отпочнат нешто свое со своја идеја и заштеда за да им остават на нивните деца.

Прашањето не е дали него кога одреден член на фамилијата ќе постигне успех кој ќе ги направи нив токму такви за какви што неговите претходници работеле.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.918
Поени од реакции
42.627
Жими газо. Не е секој сиромашен „мрзлив Цветко“, има луѓе што се 10 пати попаметни и поработливи од Џеф Безос ама работите не им се наредиле така.
Работата е што Безос створил нешто во кое што вработува илјадници луѓе. Нему не му се наредиле работите, него работел да му се наредат. Затоа многу луѓе им се восхитуваат на успешните. Пошто оние имале визија која ја оствариле.
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.151
Поени од реакции
9.828
Теоретски е исто како да прашаш дали е етички додека некој се бори за својот живот со некоја болест, е нормално останатите да живеат здрави и прави.

Премногу е краток животот за да си го арчиш мозокот со вакви работи.
Моја филозофија е да се помогне секогаш кога можеш, без разлика дали финансиски или на друг начин, но да не си земаш „при срце“ оти си имал повеќе среќа да се родиш: на подобро место, во подобро семејство, со поголема интелигенција.
Детски е да се мисли дека еден ден сите ќе бидат еднакви, или дека сите среќно ќе живеат. Секогаш ќе постојат сиромашни, секогаш ќе постојат болни, секогаш ќе постојат војни, секогаш ќе постојат општества каде човечкиот живот не вреди ни пет пари.
Одлично напишано во глобала. Само да надополнам. Самиот збор ЕТИКА односно етичност има примарно значење НАВИКА или ОБИЧАЈ. Некој во својот живот створил навика да работи и заработи а некој створил навика да живее бедно. Има морални и неморални луѓе и тоа нема никогаш да се промени. Мое лично размислување е дека во некои земји како и во Македонија личниот труд не се вреднува доволно високо (финансиски) за да се постигне удобен и луксузен живот и дека од таа точка започнуваат сите проблеми. Затоа јас работам и заработувам во една земја од ЕУ затоа што мојата работа е пет пати повеќе вреднувана од работата во Македонија. Но се уште живеам во МКД ако ви значи нешто...
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.291
Поени од реакции
5.569
Темава е уствари капитализам против комунизам (оној во теорија). Во капиталистичко општество ти што сакаш прави, како сакаш осеќај се, донирај, не троши итн. и секогаш пак ќе има некој што нема ни за леб а друг што вози ламбо. Taка да не се замарајте многу и трошете колку сакате.



Жими газо. Не е секој сиромашен „мрзлив Цветко“, има луѓе што се 10 пати попаметни и поработливи од Џеф Безос ама работите не им се наредиле така.

Делот за незамарање скроз поддржувам, делот околу наредување на коцки што знам. Мислам дека ако работиш доволно паметно и упорно сам ќе си ги наместиш коцките, само ако пример произведуваш тастатури, не треба да земеш да правиш по 100 тастатури дневно, него земи прави 20 а ресто време потроши го на вмрежување, контакти и слично за да имаш на кого да му ги продадеш на крај, џабе паметот и напорот ако ти стојат у гаража продуктите (ова со тастатурата фиктивно, приспособете си спрема ваши размислувања друг продукт/знаење)
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.536
Теоретски е исто како да прашаш дали е етички додека некој се бори за својот живот со некоја болест, е нормално останатите да живеат здрави и прави.

Премногу е краток животот за да си го арчиш мозокот со вакви работи.
Моја филозофија е да се помогне секогаш кога можеш, без разлика дали финансиски или на друг начин, но да не си земаш „при срце“ оти си имал повеќе среќа да се родиш: на подобро место, во подобро семејство, со поголема интелигенција.
Детски е да се мисли дека еден ден сите ќе бидат еднакви, или дека сите среќно ќе живеат. Секогаш ќе постојат сиромашни, секогаш ќе постојат болни, секогаш ќе постојат војни, секогаш ќе постојат општества каде човечкиот живот не вреди ни пет пари.
:icon_lol:
Или со други зборови "dane filozofira nego nek mrdne gz dasi najde zet ehehe".
Добро бе, до кога со овој мајндсет? Ако тоа тебе ти е замарање и арчење мозок, на некој не му е. Има милион интересни феномени по светот па и универзумот и сеа ајде ќе се ограничуваме.
Зошто имаме најголема интелигенција, највисок просек на тежина на мозок вс. тежина на тело од сите створови на планетава, зошто милиони години еволуција, за да "ne filozofiraj zivejgo zivoto ebago"
Како вакви муабети бе, интелектуалната љубопитност е златна особина, особено кај женско, нешто кое треба да се цени и негува и подржува на секаков начин.

Инаку проблемот кај сиромаштијата е комплексен но се сведува на немање доволно пари:icon_lol: , крајно банална и вистинита состојба.
Мал процент од светската сиротиња се мрзеливи и затоа сиромашни. Најголем дел се мизерно платени, работат од јутра до сутра за да се прехранат. Живото им се сведува на тоа да можат да бидат профитабилни и ништо повеќе од тоа. Живеат за да работат. Hence, poverty.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.521
Поени од реакции
13.819
Со скоро сите постови над мојот се согласувам. Единствено што би можело е да се промени е тоа што милјардерите, олигарсите и тие што баш добро заработуваат да одделат барем 1%процент и да дадат на луѓе што им е потребно. Што ке му биде на Безос, на Маск, на Роналдо и Меси ако од нивните приходи тргнат толку малку пари за друг? Верувам нема ниту да приметат разлика. Не велам дека пример Роналдо и Меси немаат дарувано, ги спомнав само како најпознати спортисти. Отсекогаш сум мислел дека ако еден ден бидам успешен ке бидам тој тип на човек што ке се труди да го подобри животот на луѓето кои имаат потреба. Но да напоменам: Помош секогаш треба да биде пружена на луѓе што се трудат но не им иде. До сега во животот сум се сретнал со луѓе што барале помош (не финансиска), сум помогнал. Но кога ке видиш дека тие луѓе чекаат на готово, без да се трудат и да го испотат мозокот, бегај подалеку. Сумарно од мојот пост е: Вина ме треба да се чувствува, а да се помогне секогаш може.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom