- Член од
- 3 мај 2019
- Мислења
- 19.345
- Поени од реакции
- 10.229
Да, нормално..и не гледам никаква причина да не е етички...без безе...се додека јас со мојот луксуз и удобен живот не повредувам некого физички ( за психички тука веќе знаеме дека работи зависта, злобата и др.лоши карактеристики на човекот) ..така да, мој живот. мое право, ако сакам ке бидам хумана, а ако нејќам, неморам ништо да правам против себе.Пред некоја недела налетав на статус на фејсбук и тоа е инспирација за темава.
Имено, авторот има отворено барање до поимотните луѓе да закочат малку со животот, да стават прст на чело и да размислат за сиромаштијата и бедата која моментално владее во светот. Некој нема што да јаде и пие, живее во скривница, на ладно и темно, а некој си го планира своето следно патување, го обновува гардероберот, бира што да јаде, итн итн. And it made me think...
Мислам дека напишаното има двојно значење. Од една страна се упатува една убава порака дека сиромаштијата е нешто што не треба да се игнорира никако и е реален проблем со кој се соочува човештвото. Но од друга страна, се фрла сенка на моралот на оние кои безгрижно живеат пристоен и удобен живот. Хм... Не е едноставно за ниту еден поединец да помогне да се поправи ситуацијата и да се избрише неправдата и нееднаквоста, но има нешто што секој од нас може да го направи, преку ситни и едноставни чеокри во рамките на сопствените можности (се она што се нареува хуманитарна работа). Сепак, на крајот на краиштата, класите се составен дел од општеството и нешто што не може да се игнорира. Уште во античко време постоеле истите и јасно е дека човек треба да го прифати светот таков каков што е, тежок, несовршен, нефер. Не можеме да очекуваме секој човек да ги жртвува своите животни стандарди, но можеме само да се надеваме дека секој човек може да развие доволно самосвест и емпатија.
Во време на голема нееднаквост, мислам дека темава е скроз легитимна. Само да нагласам, темава не се однесува на оние кои преку ноќ се богатат на грбот на народот, туку за луѓето кои напорно и вредно работат, па со својот труд, со својата работа и своето знаење постигнале нешто во животот.
Дали е неопходно да се чувствувате виновни затоа што заработувате доволно пари и може да си приуштите малку повеќе од пристоен живот, додека некој нема покрив над глава, храна и вода?! Дали е погрешно да уживате во тоа што сте го заработиле? Дали е етички да спиете мирно навечер, кога толку многу луѓе спијат под отворено небо? Дали е етички да одите во ресторан, да имате пристоен ручек, кога толку многу луѓе немаат за парче леб и паштета? Каков став треба да се завземе денес кон луксузното трошење?