Дали е време да се покрене обвинение за ОКТА?

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Gruevski go vadi samo edno : da se fati za anticka istorija i da maaalku go porazgleda iskustvoto na Cezar.
So eden zbor da izleze napred da priznae deka bil del od "bandata' ama maski da kaze deka od se mu e preku glava i deka resil da ja SREDI DRZAVATA...
Ako toa napravi narod se ke mu prosti , ako ne, ke ostane na nivoto na anonimen berzanski broker od prilepskiot ekonomski....kratko vreme Premier STO MNOOOGU ZBORUVAL,A MALKU PRAVEL, pa zamenet od toa Sekernata ili nekoja nejzina.........
NEGOV IZBOR......


Eh...i da razbrka del od toa sovetnicite EPTEN GO BRUKAAT.......
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Gruevski go vadi samo edno : da se fati za anticka istorija i da maaalku go porazgleda iskustvoto na Cezar.
So eden zbor da izleze napred da priznae deka bil del od "bandata' ama maski da kaze deka od se mu e preku glava i deka resil da ja SREDI DRZAVATA...
Ako toa napravi narod se ke mu prosti , ako ne, ke ostane na nivoto na anonimen berzanski broker od prilepskiot ekonomski....kratko vreme Premier STO MNOOOGU ZBORUVAL,A MALKU PRAVEL, pa zamenet od toa Sekernata ili nekoja nejzina.........
NEGOV IZBOR......


Eh...i da razbrka del od toa sovetnicite EPTEN GO BRUKAAT.......
Можеби треба да рече -Јас сеуште сум во бандата и еден ден сигурно ќе излезам од магичниот круг на проценти што ги инкасираме на приватни сметки заедно со другите премиери и министри од крчмење на имотот кој беше од сите граѓани на Македонија па дури и од невработените,на кој им понудивме само "стап" за цело време од нашето владеење.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Окта“ vis-a-vis Кољо Дијамантот

За утврдување на монополските погодности за „Окта“ критичен е еден од анекс-договорите склучен од Владата во 2000 година, кој не е доставен за увид на парламентот, а кој го има потпишано тогашниот министер за финансии, а сегашен премиер.

Што е заедничко, драги мои, меѓу Кољо Дијамантот, командант Хоџа и „Окта“? Сите три фигурини се типични наши евтини измами! Ликови и дела од провинциска гротеска - таква која е лишена од софистицираност на урбана сплетка и сложена комбинативна операција. Договорот за приватизација на рафинеријата „Окта“ во сферата на „странските инвестиции“ е лукративна измама поврзана со корупција, а пресоблечена во спасоносна странска инвестиција.

Целата приказна и конфузија што властите сега ја шират по пресудата на Арбитражата од Париз, со која Македонија се обврзува да плати 50-ина милиони долари отштета на „Окта“ (со дополнителни плаќања за годините што следат), се состои од обид за покривање на измамата. Таа измама ги вовлече во себе Владата и парламентот во повеќе состави.

Да разјасниме, драги мои, за Вас, во што е измамата. Имено приватизацијата на „Окта“ е договор составен од два пооделни договора и седум анекса што претставуваат целина. Уставниот суд ја разгледуваше уставноста на Договорот и само два анекса, кои му биле дадени од премиерот Љ. Георгиевски. Уставниот суд по разгледувањето го ПОНИШТУВА ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА на Договорот за „Окта“ во целина, со што тој е ставен во позиција на договор што не стапил во сила од самиот почеток на своето постоење. Јас бев стручен консултант на подготвителните седници на Уставниот суд за таа одлука, кога претседаваше со него М. Нетков.

Овој договор не е ратификуван ниту од Грција, поради нашето име. Меѓународен договор што не е ратификуван, не може да биде основа на создавање обврски за државата. Таа по исклучок може де факто да го применува, но само во случај ако тој создава големи погодности за неа (како Грција што го применувала), но со голем ризик за лична, политичка и правна одговорност за политичарите што тоа го чинат. Примената на таков договор за нас отвора сериозна дебата за лоцирање на политичката и правна одговорност на сторителите, бидејќи во правна држава одлука на Уставен суд има сила на уставна норма и над неа е само Господ.

Кој е проблемот притоа? Одговорност треба да се бара за премиер, министри и претседател на Собрание. Основната одговорност се состои од делото неспроведување одлука на Уставен суд или опструкција на закон.

Вториот вид одговорност се состои од прашањето дали е склучен штетен договор и дали е тоа направено од глупост, корупција или двете заедно. За утврдување на монополските погодности за „Окта“ критичен е еден од анекс-договорите склучен од Владата во 2000 година, кој не е доставен за увид на парламентот, а кој го има потпишано тогашниот министер за финансии, а сегашен премиер. За содржината на тој анекс, која можела да биде најразлична (дури и независно од основниот договор), а која е мошне штетна за нас, директно се одговорни премиерот и потпишаниот министер.

Тука лежи основата за конфузијата што ја шири Владата денес кога „пукна ‘Окта’“. Јасна како бел ден е одговорноста на владата на Љ. Георгиевски и тогашното негово мнозинство во парламентот (на кого ако овој му кажеше ќе се „врлеше сосе пљачки во Вардар“).

Од друга страна, многу ме развесели составот на стручната правна група, формирана од премиерот, да ја испитува пресудата од Париз и последиците од неа. Таа фамозна правничка „скупина“ е во состав: В. Рафајловска - Т.Славевски... и двајца Албанци како декор. Им недостига само оној Јанко од „Јади бурек“, па правните перформанси на комисијата да дојдат до полн израз!

Одговорност постои и за составот на Владата што го наследи Гергиевски (онаа на Б. Црвенковски). Таа исто така продолжи да не ја почитува одлуката на Уставниот суд. Оваа влада само оспори делови од договорот за „Окта“, но даде индиректни докази дека го прифаќа договорот со тоа што поставувала „контратужби“ базирани на одредбите од договорот и барала да и' се пресудат права што произлегувале од одредбите на истиот (во еден случај тоа е и направено). Со ова и правно го прифатила постоењето, важноста на Договорот за „Окта“ и обврските што од него произлегуваат.

Нормално, имајќи ја на увид таквата практика, Арбитражата во Париз протолкувала дека и де јуре Македонија го прифаќа Договорот (а не почитува само одделни одредби) и пресуди како пресуди.

Неписмена држава, драги мои, ја дерат и скубат од сите страни! Инаку, драги мои, има неколку пикантерии околу овој договор кои вреди да ги чуете. Првата е, на пример, дека тој е составен од англиски правни експерти во Атина, а на нашиве „експерти“ им е дадено само да го „помирисаат“ и да земат некоја паричка за тоа.

Главниот трансфер на пари е преку Пиреј банката во Атина (се зборува за 15 милиони евра) на корисници од Македонија заслужни за договорот. Главен преговарач за договорот „Окта“ е тогашниот министер за внатрешни работи П. Трајанов, кој неколкупати за таа цел патувал во Атина и Солун и го носел грчкиот заменик-министер за економија во Скопје. Тој преку пајташот, сега земјопоседник - ја држеле „грчката линија“ со алијас Маноли и сличен полусвет.

Интересен факт е дека за времето на премиерот Б. Црвенковски, за случајот „Окта“, бившиот министер за финансии Стојменов бил повикуван на информативни разговори 18 пати (?), а Љ. Гергиевски ниту еднаш (??). Мислам конечно дека стручно-правниот и персонално јакиот состав на Комисијата за испитување на пресудата гарантира дека овие факти ќе се осветлат.

Во меѓувреме, премиерот во паника: покачува плати (што го поздравивме), покачува и спушта шалтери и ни го поевтинува софтверот. Може да одлучи и да соопшти на прес-конференција - дека маусот од компјутерот треба да го држиме лево, наместо десно. Јебига, „човеко е реформатор“.

Љубомир Д.Фрчкоски

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E939C669649ADA499EEE79F132AFE3B7
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Jasno e toa....spomnav ednas eden puter...neznam dali samo go"mackale" so nego ili i si stavil nesto vo nekoja tegla za"posni" denovi.
A izlezot e samo onoj od pred nekoj den spomnat.....no covekot nema hrabrost , neznae, do tuka mi se kapacitetite....nekoj go drzi cvrsto na edno nezgodno bolno mesto,......................... nejasno e .........nikako da ja fati kvakata .otvori vratata i izleze na balkonot....ke si ostane so prikaznite......verojatno Gosev II....., a nie ke si ostaneme so prstot .......na tastatura.....
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Љубомир Д.Фрчкоски напиша:
За утврдување на монополските погодности за „Окта“ критичен е еден од анекс-договорите склучен од Владата во 2000 година, кој не е доставен за увид на парламентот, а кој го има потпишано тогашниот министер за финансии, а сегашен премиер. За содржината на тој анекс, која можела да биде најразлична (дури и независно од основниот договор), а која е мошне штетна за нас, директно се одговорни премиерот и потпишаниот министер.
Сакам-кажам-незнам-речам!

Можеби Фрчко е едуциран на некое високо ниво, но за колумни не го бидуе, секогаш е потикнат од :pusk: кога на нешто ќе стави потпис.... стручен консултант на уставен суд? :nesvest:

Не му е правилно цитиран оспорениот ЗАКОН; „Контратужби“ базирани на одредбите од договорот се дело на претходната влада на СДСМ; Грција го ратификуваше договорот после серија перипетии во парламентот, не заради името, туку поради вклучување на Хеленик како приватна компанија (со првиот необјавен договор) во еден меѓудржавен договор.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Gorco , aj ne se prai mutav....i komentarite ne ni se zlonamerni...bas naprotiv...ednas treba da se trgne crta (crvena,bela,portokalova..kako ti kef..., ama LINIJA!!! ) i da se rascisti ova spletkanicava....NIKOJ OD NADVOR TOA NEMA DA GO NAPRAVI......za da mozeme da prodolzime...vaka postojano ke skakutame okolu ringot....
Koj ke ja povlece linijata , toj e "carot" ...,drugite site sme govedari....
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
"Смрдеата" во ВМРО започна да се чувствува уште со продажба на Телекомот за да добие на интезитет при продажбата на ОКТА,како резултат на таа смрдеа беа изгубени и едни избори.Проблемот настана кога требаше да се зачисти изворот,тој извор беше преоблечен,дотеран и добро напарфемисан со странски парфем,ама заборавија намерно или случајно да му ги сменат чорапите,кој всушност и беа "реакторот" на таа смрдеа.:)
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Gorco , aj ne se prai mutav....i komentarite ne ni se zlonamerni...bas naprotiv...ednas treba da se trgne crta (crvena,bela,portokalova..kako ti kef..., ama LINIJA!!! ) i da se rascisti ova spletkanicava....NIKOJ OD NADVOR TOA NEMA DA GO NAPRAVI......za da mozeme da prodolzime...vaka postojano ke skakutame okolu ringot....
Koj ke ja povlece linijata , toj e "carot" ...,drugite site sme govedari....
Ete i toa go dozhiveav! Znachi ne se Germanicite za se krivi!

Bravo Concrete, mozhebi eden den duri i kje ni se poklopat mislenjata :wink:.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Silen...ostavi zaebancija...od nekoi samo niv poznati pricini Germancite ne dupat EPTEN....NO NA MAKRO PLAN, za mikro nivoto se grizat da si stvorat masai,lakei,prodolzeni race...kazi kako sakas...
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Сега и Пентагон односно Вашингтон се заинтересира како се продала термоцентралата во Неготино за онолку пари колку што се продаде цело ЕСМ ако му се врати борчот за струја како што е најавено од владата.
Значи најдобро ќе беше државните фирми да се продаваат по влезот во НАТО или во ЕУ оти вака ќе мора да ги затвориме скоро сите кој биле некаква власт во оваа земја затоа што правеле и прават криминални дејствија со капиталот на Македонскиот народ и ги префрлаат парите на приватни сметки по некакви острови.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Silen...ostavi zaebancija...od nekoi samo niv poznati pricini Germancite ne dupat EPTEN....NO NA MAKRO PLAN, za mikro nivoto se grizat da si stvorat masai,lakei,prodolzeni race...kazi kako sakas...
Concrete, jas te prashav ednash dali "dupenjeto" pochna koga im dadovme kontra i se zalepivme ko papochno crevo za Srbija 1991 (a ti znaesh kolku Germancite gi "obichat" Srbite) ili pak ne ne mirisaat od pred toa?

Ako imash mislenje bash bi sakal da go chujam?

Ili pak se nivnite tradicionalni vrski so Grcija vo prashanje?

Vaka stalno neshto kje potkazhesh ama ne se dorechuvash po treba da ti chitam misli, a tolku umen ne sum :wink:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Silen...umen si , ama seuste ne si svesen kolku mozes..za toa okolu telepatijata i citanjeto misli..:) :) !!!
Nema tuka nisto nejasno : prvo germancite se "kockasti" t.e. im treba mnooooogu vreme da smenat nekoja doktrina. A onaka "pedantni" ja maznat sekoja neramnina na za niv perfektnata slika.
E na taa slika NIOTKUDA (mi se dopaga izrazov hrvatski , ne drugo) se pojavi nekoja drzava na Makedoncite. Toa e problemot, nitu Srbi, nitu papocni vrski, nitu nisto drugo......koe mnogumina go baraat ovde onde....................
A inaku za tvoja informacija ...ni so Germanija ..ne upravuvaat Germanci....:):)!!!
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Најновите информации што срамежливо излегуваат во јавност говорат дека и Гвујо е дебело замешан во грабежот што ни се случи со ОКТА и анексите потпишани во состав на договорот за купопродажба.Лично се сеќавам кога Гвујо со ЛуБчо го фалеа нафтоводот како голема инвестиција и како ја убедуваа Македонската јавност дека Македонската железница нема многу да загуби со овој нафтовод.Излезе спротивно на тоа и нашата железница буквално беше уништена од овој економски (Прилеп) експерт за да му се продаде буквално за без пари на Штерјо Наков со Фершпед против кого моментално навидум покренува истрага за нетранспарентна приватизација со цел да му ги замачка очите на народот како ете водел борба против корупцијата која и сам ја консумирал.
Интересен е пристапот на власта кон ваквите теми кога ќе се најдат во тесно ги упатуваат своите партијски војничина да ја пренасочуваат јавноста и опозицијата кон оптимизам,ширење позитивна енергија и креативни активности со цел да не се протне во јавност нивната инволвираност во матни зделки од времето кога представуваа власт и кога ја продаваа економијата на Македонија за приватни сметки и партијски каси.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom