ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Како и да е случајот ОКТА,како и многу други случаи кој произлегоа токму деновиве се дел од пропагандните активности на Македонските непријатели и противници кон НАТО и ЕУ интеграциите.Нашето собрание или парламент води неисцрпни "забавни" расправи и пред наши очи го губи времето со небитни,практично судски проблеми без притоа да усвојува закони за кој ЕУ ни даде упатства да ги спроведеме доколку сакаме членство или пак преговори за членство.Зарем Бучко неможеше да биде суден и осуден по добивањето датум за преговори,зарем ОКТА не можеше да биде целосно затворена затоа што не исполни делови од договорот кој се однесуваат на екологијата уште пред 6-7 месеци?Сето тоа се политички игри зад кулиси и театралното прифаќање на нашата влада само го потврдува фактот дека сите неуспеси на економско и правно ниво ќе ги префрли врз трети лица како одговорност која резултира со одолговлекување на процесот наречен преговори со ЕУ.На овој начин се повеќе и повеќе ми изгледа дека Македонија е казнета да изгласува влади кој како по договор ќе го кочат интегративниот процес кон ЕУ со мачни и безвезни дискусии а при тоа нема да заборават да ни приредат забави од спектакуларен вид.
Случајот ОКТА само покажа и докажа дека Македонскиот Уставен суд бил "лево маде" кога треба да се донесе некоја позначајна и исправна одлука како што беше едностраното раскинување на договор со некоја приватна странска фирма,без при тоа да се разгледаат сите можни репрекусии и последици кој треба Македонскиот народ да ги компензира од и онака празниот џеб.Со овој случај треба да бидат опфатени и уставните судии кој во тоа време ја донесоа спорната одлука која ќе ја раздрма Македонската економија.