Јас сум против поради подолу споменатите работи-
Пензиско осигурување
Здравствено осигурување
Редовни медицински контроли кои не влегуваат во здравствено осигурување
ДДВ на услуга
Царина при влез на странска роба
Контрола на квалитет на услуги
Како официјално вработени ќе треба да се почитуваат и за нив работничките права како гарантирано работно време, гарантирана пауза, максимум 50 работни часа неделно, само до 190 часа прекувремено на годишно ниво, со кое ќе се намали продуктивноста и со тоа услугата ќе стане уште поскапа.
Плус ќе има случаи на пензионирање на 40-50 години. Ќе се вадат на амортизација.
и од каде пари за се ова? се разбира од џебот на клиентот.
Ако се донесе ваков закон ќе стане поисплатливо човек девојка да си фати (од аспект на време, пари, услуга, задоволство) и луѓето масовно ќе го напуштат посетувањето на проститутките и тие ќе останат без основен извор за егзистенција. Да не зборам дека обичните девојки ќе добијат на цена и ќе ни се качуваат на глава се повеќе.
Земајќи ги на разгледување сите работи погоре споменати, само од материјална страна услугата ќе стане се понедостапна за пошироките народни маси и со тоа ваквата одлука ќе наиде на жесток отпор од заинтересираните.
Да не збориме за намалување на дискрецијата. Сите ќе знаат каде се тие куќи (ТЦЦ Плаза например ми доаѓа прва на памет како место за потенцијален рекреативен, фитнес и забавен комплекс, кој ќе нуди широка лепеза на услуги. Али секој кој ќе биде виден да влегува таму ќе биде..хмм..обележан?)
Дали смееме да дозволиме користењето на услуги на проститутките да стане ексклузивен клуб, во кој треба да ужива само елитата?
Македонија не е богата земја, луѓето немаат којзнае колку пари и кратките мигови на задоволство им се се што им е останато.
Немојте да им го одземате тоа, гласајте НЕ за ваков закон.