Dani^^^ напиша:
Не може да има завидливост кога јас напишав "за 200 евра(не дај боже)". За тоа што го учам и колку го сакам тоа мислам дека можам да заработувам 10 пати повеќе од тоа но поентата беше друга.Дека некој чесно заработува малку а некој нечесно многу.Јас можам да бидам проститутка коа сакам нели?И да заработувам многу у таа професија така да зошто би била завидлива..?
Како и да е-пак ќе кажам-многу работи се распространети до таа мера што неможат да искоренат и ќе постојат секогаш но НИКАКО не е тоа услов за да се легализира таа работа.
Ама на крај краева ако вие сте ЗА -останете на својот став -јас само го кажувам мојот и го елаборирам а не ве убедувам така да не би сакала ни да ме убедува мене некој кога повеќе од очигледно е дека нема да го сменам својот став..
Треба да се зголеми контролата на полицијата и државата врз проституцијата и да се работи на нејзино искоренување иако тоа е 100% невозможно -што не треба да ја демотивира државата во борбата против проституцијата.
Проституцијата-легална или не -е извор на трговијата со луѓе -претежно жени.Така да ако вие поддржувате таков занает-браво. Инаку и да се легализира,нелегалната проституција и макроата на црно пак ќе постојат.Како што кажавте -тоа неможе да се искорени. Легализацијата не е решение , борбата за искоренување Е.Јас сум за нула толеранција за проститутките а особено за нивните макроа.
P.S.Бракот за мене е СВЕТА работа,немој ни да се обидеш пред мене да го ставиш во ист кош со проституцијата !
Борба за искоренување на проституцијата не се води овде Дани на форумов
. Што на пример си направила Ти лично во тој поглед освен што застапуваш твој
неаргументиран став!!!!
На оваа тема можам да ти објаснам многу агрументирани нешта, зашто мислам дека сум доволно повикана, сум допринесла во тој поглед повеќе од што мислиш, и затоа точно знам зошто го изнесов тој став, а не само заради лично мислење. Но нема бегање од темата.
Борбата за сузбивање (не искоренување Дани зашто тоа е невозможно, а гледам дека и сама си свесна за тоа и баш ми е драго) е континуирано активна и покрај државните органи (полицијата btw), таа е цела на дејствување на многу меѓународни организации и асоцијации,кои од заедничкото работење произнесле документи:
"Меѓународна спогодба за успешна заштита од трговија со бело робје" и Протоколот за нејзино додефинирање од 1904 година; "Меѓународна конвенција за сузбивање на трговијата со бело робје"; "Конвенцијата ООН за сузбивање и укинување на трговијата со личности" од 1950 година; "Конвенцијата за спречување трговија со жени и деца" од 1947 година, кои документи Република Македонија ги има прифатено и потпишано во рамките на пристапувањето кон меѓународно правните документи за основните човекови права и слободи.
И во сите тие документи а ги има уште многу, никаде не се споменува „искоренување„ од проста причина што е невозможно, колку Ти и да сакаш или нејќеш да го прифатиш тоа.
Легализацијата не е решение за искоренување на проституцијата, зашто решение и нема( поради
фактот што постојат личности што сакаат да го работат тоа=лична определба), туку
е решение за сузбивање, ставање под контрола и нејзино доведување на минимум!!!( поради фактот што постојат личности кои на најразличен начин се принудени да го работат тоа).
Во кривичното право, проституцијата не е кривично дело (а тоа го оквалификувале многу попаметни и постручни лица и од мене и од тебе) , предмет на кривично гонење се дејствијата во врска со проституцијата:
чл.191 од КЗ - Посредување во вршење проституција, кривичното дело се определува:
(1) Тој што врбува, наведува, поттикнува или намамува лица на проституција или тој што на кој и да е начин учествува во предавање на лице на друг заради вршење проституција, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(2) Тој што заради заработувачка му овозможува на друг користење на сексуални услуги, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(3) Тој што заради заработувачка со сила или со сериозна закана за употреба на сила ќе присили или со измама ќе наведе друго лице на давање сексуални услуги, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(4) Ако делото од ставовите 1, 2 и 3 е сторено со малолетно лице, сторителот ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(5) Ако делото од ставовите 1,2 и 3 е сторено со дете, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години. (6) Тој што организира вршење на делата од ставовите 1 до 5, ќе се казни со затвор од една до десет години.
И ако многу внимателно го прочиташ овој член, многу јасно ќе ти биде, на каков начин легализацијата на проституцијата ќе помогне во сузбивањето, ставањето под контрола и нејзино доведување на минимум!