Дали да се легализира проституцијата?

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Проституцијата да се легализира или не?

Прашањето е покрај тоа, дали треба проституцијата во РМ да се легализира и да се регулира правото на работен однос, здраствено и пензионерско, со редовни сида и за останати болести прегледи, како што е во Германија нпр, исто и како гледате на таа професија и кои се вашите размислувања, зошто постои, дали е застарена денес како појава.

Факт е дека најчесто женетите мажи се најголеми корисници на оваа услуга, но ги има и слободните, кои дали немаат време од секојдневните обврски да се маткаат со запознавања и муабети, па си одат и си плаќаат за секс.

Исто така, со будењето на женската еманципација и сите оние фактори, од неприсутноста на мажот, до гледање на згодни машки по телевизии и споредување на истите со мажот, нивните стомачни со неговото пивско меше, се повеќе од нив се во потрага по жигола.

Па, би платиле ли за секс?
 

isabelle

ненадјебива
Член од
25 јануари 2005
Мислења
140
Поени од реакции
1
Mистик, цирка колку трошиш на горенаведенава тема?? :hey3:
 

StenmarC

Скијач
Член од
24 март 2005
Мислења
2.179
Поени од реакции
49
Треба да се легализира!
Се покажало дека проституцијата (како најстар занает на светот - ова го имаше во еден учебник по социологија мислам) не може да се искорени, па кога веќе не може да се сузбие добро би било да се легализира. На тој начин мислам дека сите ќе имаат корист. Ќе се намалат болестите, пошто проститутките ќе бидат подложни на медицински тестови почесто (не знам точно на колку време), а и ќе се намали невработеноста :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: - овака работат, а не се пријавени - на диво работат :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol:
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Може да се искорени. Ама треба да се легализира.
 

StenmarC

Скијач
Член од
24 март 2005
Мислења
2.179
Поени од реакции
49
Мистичен напиша:
Може да се искорени. Ама треба да се легализира.
А како би се искоренила? и во кое општество (држава) ја нема?
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Сигурно ја нема таму некаде каде што сечат глави...нека се дрзне да се фука за пари ако и е мил животот! :)

Инаку, никој не решил навистина да ја искорени, сe гонат повеќе од етички "демек" причини или пак кога се работи за трговија на луѓе, односно присилна проституција. Па, и сите сакаат да ебнат нешто настрана или воопшто да ебнат, почнувајќи од политичарите. Затоа нема никогаш да се искорени. Не е сида па да нема лек, појава е.
Инаку, реков дека треба да се легализира.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Европската легслативе предвидува озаконување на јавните куќи но сепак во некои европски земји не е легална. Што побрзо се спроведе таквата легислатура тоа подобро за заштита од сида бидејќи јавните куќи се приморани да прават сида-тестови на секои шест месеци (зборам за Шпанија) и работодавците им го одземаат правото на проститутките да работат доколку се заразени, по што им овозможуваат соодветни услови за живот и за лекување ако е докажано дека заразата дошла инцидентно.

Доколку пак е смислено : кој ги фура - нека сносат последици.
 

isabelle

ненадјебива
Член од
25 јануари 2005
Мислења
140
Поени од реакции
1
ц ц ц овој Мистичен не ме игра ни два посто.

Него, мене лично ми се гади од проституција. И тежок тумор е тоа во нашиве општества.. но ехх.. ух..

Најсмешно е тоа и кај нас да се легализира. (иако шо знам, не сум против) .. НЕ друго, ќе ни се дешаваат случки ко у Германија сеа скоро..
... у Швабија проституцијата е легализирана .. а имаат 5-6 милиони незапослени.. овие од државното биро за запослување им се јавуваат и нудат работа на оние шо седат дома.
И се јавуваат кај една млада незапослена жена , техничар по информатика и мртви озбилни и нудат работа ко проститутка у некој бордел. (!!) што е па најсмешно ако одбиеш неколку пати понуда за работа можат да ти укинат тоа паричната помош. хехехехе:)

Сигурна сум , тоа да дојде кај нас Македонија ќе направи рекордна запосленост ! :wink: :wink:
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
.. у Швабија проституцијата е легализирана .. а имаат 5-6 милиони незапослени.. овие од државното биро за запослување им се јавуваат и нудат работа на оние шо седат дома.
И се јавуваат кај една млада незапослена жена , техничар по информатика и мртви озбилни и нудат работа ко проститутка у некој бордел. (!!) што е па најсмешно ако одбиеш неколку пати понуда за работа можат да ти укинат тоа паричната помош. хехехехе:)
да бе така е. Се смета работа како работа во Германија. И ја нудат на жената, ако одбие, нема социјално веќе.

Сигурна сум , тоа да дојде кај нас Македонија ќе направи рекордна запосленост ! Намигнување Намигнување
Што сакаш да кажеш со тоа, дека македонките се потенцијални курви? Дека поради немање на работа ќе се одлучат да отидат по тој пат?
ти не си во Македонија, не си ни во регионов, така да не проценувај што би се случило во Македонија.
Рекордна запосленост... боже чувај..
 

isabelle

ненадјебива
Член од
25 јануари 2005
Мислења
140
Поени од реакции
1
Се зезам бе нели глеаш ај не паничи без потреба :)))
ако е за тоа , проституција важи и за жени и мажи. Значи и мажињата ќе добиваат покани за работа каде што ќе нудат секс услуги.

но сепак, мислам дека се глеа дека се зезав , што знам, рецепторите за хумор нешто ти се на исклуч ?
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Macedalien напиша:
Што побрзо се спроведе таквата легислатура тоа подобро за заштита од сида бидејќи јавните куќи се приморани да прават сида-тестови на секои шест месеци (зборам за Шпанија) и работодавците им го одземаат правото на проститутките да работат доколку се заразени, по што им овозможуваат соодветни услови за живот и за лекување ако е докажано дека заразата дошла инцидентно.
Ова не држи воопшто вода да се наведува како позитивна причина заради која би требало да се легализира. Па од еден до друг преглед може 16 пати да се зарази и понатаму да зарази уште 200 клиенти.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
И јас не се сложувам со истото и не е воопшто мој став ама така се збори :roll:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Мистичен напиша:
Сигурно ја нема таму некаде каде што сечат глави...нека се дрзне да се фука за пари ако и е мил животот! :)

Инаку, никој не решил навистина да ја искорени, сe гонат повеќе од етички "демек" причини или пак кога се работи за трговија на луѓе, односно присилна проституција. Па, и сите сакаат да ебнат нешто настрана или воопшто да ебнат, почнувајќи од политичарите. Затоа нема никогаш да се искорени. Не е сида па да нема лек, појава е.
Инаку, реков дека треба да се легализира.
Ne si vo pravo Misticen! Secat glavi vo Saudiska Arabija (bukvalno), a tamu prostitucijata cveta! Duri za neveruvanje e kakva kreativnost pokazuvaat vo izigruvanjeto na sistemot - se dopisuvaat shifrirano preku interenet, mazi obleceni vo zenska obleka, itn.

Ne sum svedok, ne bev tamu togas, no mi kazuvase eden kolega vo Rijad: zhena fatena deka se prostituira, zakopana do ramenici i ja mavaat po glavata so kamenja dodeka ne umre. Ova se slucuva pred cel stadion. Isto taka secenja glava so sabja.

Isabelle: kje te razocaram, no site se prostitutki!
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Мисирков, ако велиш дека цвета и дека сечат глави за тоа, тогаш досега ќе немаше веќе живи жени таму. Некако нели не ти е логично ова што го кажа? Или можеби имаат претерано голем наталитет и тоа по некоја случајност - на женска популација? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom