Dani^^^ напиша:
Сексот не е насилен кога е акт помеѓу двајца кои тоа го сакаат , меѓу нив постои привлечност и хемија,го прават тоа за да ги задоволот своите страсти.
Кај проституцијата се ова е точно само кај едната личност а дури може ни кај ниту една личност од двајцата да не важи ова.Жената т.е проститутката нема никаква желба ниту привлечност да спие со тој човек така да стега заби,затвара очи и се присиллува себеси да глуми уживање во нешто во што не ужива за да земе некој денар и да преживее.Значи таа тоа го прави-продава своето тело-за да преживее и јаде а не за да ужива.Тука збориме за проститутки а не нимфоманки правете разлика.Нимфоманката е таа која од задоволство спие со милион мажи без разлика дали наплаќа или не-битен е моментот дека таа САКА има ЖЕЛБА да спие со тие мажи.Проститутката не.
Наместо тука сите вие да зборите за легализација,да видев еден да кажеше нешто за едукација на тие жени и финанскиска помош за да можат тие да се одвратат од таа тн професија.Тие жени се неедуцирани,сиромашни т.е крајно сиромашни жени и ниедна од нив НЕСАКА да биде проститутка туку мора.Значи наместо да сакате да им помогнете на тие жени,да се борите за намалување на таа бедна тн професија и за едукација на тие жени вие зборувате уште да им тутнете дозвола во раката да работата т.е го бирате најлесниот пат како и 80% од луѓето во оваа држава за било кое прашање.Живот..
Стој.
Сексот не е насилен кога е акт помеѓу двајца кои тоа го сакаат. Точка, тука завршува реченицата. Другото понатаму е булшит.
Ако тие што ги нудат услугите се согласат да имаат секс со муштеријата (а во
легални бордели можат и да одбијат), тогаш не станува збор за насилство, во никој случај.
Сфаќам дека тебе ти е само заради тоа што као жените се деградирани на овој начин. Ама која деградација, кое потценување во легален бизнис? Занает ко секој друг.
Ако на повеќето од нив им ја земеш таа работа што ја имаат, не се ништо. Викаш, ајде да ги едуцираме, да ги оспособиме за друга работа. Пази паралела - ако на повеќето правници им ја земеш работата - не се ништо. Пак ќе си на истиот став за ре-едукација?
И двете се битни гранки од општеството.
Во
легални бордели проститутките имаат право да одбијат муштерија. Не сакаат со него да имаат секс? Нема проблем, помалку пари ќе заработат. Ете ти го тој твојот дел за желбата за секс..
Пази, не за џабе цело време го тупам со тоа легалното.. цело време зборам што се случува таму некаде каде проституцијата е озаконета, а не тука, каде ако проститутка проба да направи било што од гореспоменатото, најверојатно ќе заврши мртва.
И разберете веќе еднаш - не може бе луѓе да се надевате на ставање крај на проституцијата, освен ако нема некои казни од типот кастрирање на фатените на дело пред камери на национална телевизија. Сфатете дека се борите за нешто невозможно, т.е. нешто морално во аморално општество.
SLaCk напиша:
kolku od vas posetile prostitutka?
Izgleda mnogu
Јас не.