Дали да се воведе сексуално образование во училиштата?

Сексуално образование во школо За или Против

  • Вкупно гласачи
    218
F

FrAnKEnsTEiN

Гостин
kpbKENGUR напиша:
ти стварно мислиш дека со 10 часа би се покрил предметот? мора да се шалиш. сите болести ќе ги поминеш за 45 минути? исто за несакана бременост и превенција, заштита, запознавање со половите органи и сл?
Па намерно дадов 10 часа као по еден час да се обрнува внимание само на едно зошто се деца нели повеќе треба да збориш за да сфатат! Али како и да е повеќе од тоа не може во никој случај да отиде! Или ако сакаш може еве и 20 да дадеме пак не е доволкно за нов предмет!Иначе ќе помине и со помалку!А што има толку за да се збори извини!Ако не да ги направиме децата сексуални експерти!Абе не ме заебавајте алооо деца се!Ако сакаш секој ден учи ги и збори им џабе е како ќе си наумат они така ќе биде!Сите знаат географија или сите ги знаат 1232190374724743 години што ги има во историскиот учебник?
 
kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
FrAnKEnsTEiN напиша:
Па намерно дадов 10 часа као по еден час да се обрнува внимание само на едно зошто се деца нели повеќе треба да збориш за да сфатат! Али како и да е повеќе од тоа не може во никој случај да отиде!
јас сакам да кажам дека е малце 10 часа.
сам викаш: као по еден час да се обрнува внимание само на едно зошто се деца нели повеќе треба да збориш за да сфатат!
само 10 работи има за сексот? еве да речеме за болестите. не треба само да им ги набројат и да ги знаат на памет, туку треба да знаат како се добиваат, пренесуваат и заштита од истите. за такво објаснување треба многу повеќе од 45 минути. а исто и за останатите работи. бидејќи не се само 2-3 вида на генитални болести.
 
Грешно го сфатив твојот пост па затоа се надополнив во претходниот!
 
kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
FrAnKEnsTEiN напиша:
Или ако сакаш може еве и 20 да дадеме пак не е доволкно за нов предмет!Иначе ќе помине и со помалку!А што има толку за да се збори извини!Ако не да ги направиме децата сексуални експерти!Абе не ме заебавајте алооо деца се!Ако сакаш секој ден учи ги и збори им џабе е како ќе си наумат они така ќе биде!Сите знаат географија или сите ги знаат 1232190374724743 години што ги има во историскиот учебник?
сега викаш: Или ако сакаш може еве и 20 да дадеме пак не е доволкно за нов предмет!
претходно викаш дека е доволно 10 часа, па и премногу, а сега дека и 20 не се доволни.
а за зборење, има доста богами. не е работата да се направат експерти, туку бар основата да ја знаат и да знаат што ги очекува понатаму. и тој термин деца, не верувам дека е баш соодветен во муабетов, бидејќи тие "деца" почнуваат со сексуални односи уште на 15-16 години. па види ти сега. сепак не се деца, малце повозрасни се. ти тоа што ќе ги научиш, или бар ќе пробаш да ги научиш, верувај дека бар кај 70 посто ќе има ефект. малце ли е тоа? споредуваш сексологија со географија. јас ќе споредам зграда со марс. ај сеа?
секој предмет е посебен и засебен. неможеш да споредиш македонски и математика.
 
Споредбава ти беше!Јас споредувам два школски предмети!

А за да има 70% ефект богами ќе треба еден по еден со професорот да разговараат за да сфатат!Не може да се држи настава за некои посериозни теми со 30 души!Само 5 од нив ќе слушаат а другите ќе се маваат со ливчиња ќе си пишуваат љубовни пораки у тетратки или ќе зјапаат низ прозор!Сексологијата речиси сите постари луѓе ја знаат во некои основни рамки што би требало да биде доволно за децата така да тоа треба да биде домашно воспитание ако веќе одиме кон тој проевропски менталитет без табуа!
 
kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
FrAnKEnsTEiN напиша:
Споредбава ти беше!Јас споредувам два школски предмети!

А за да има 70% ефект богами ќе треба еден по еден со професорот да разговараат за да сфатат!Не може да се држи настава за некои посериозни теми со 30 души!Само 5 од нив ќе слушаат а другите ќе се маваат со ливчиња ќе си пишуваат љубовни пораки у тетратки или ќе зјапаат низ прозор!Сексологијата речиси сите постари луѓе ја знаат во некои основни рамки што би требало да биде доволно за децата така да тоа треба да биде домашно воспитание ако веќе одиме кон тој проевропски менталитет без табуа!
споредбата ми беше, да. исто ко таа подоле со предметите што ја скокна изгледа. невозможна споредба.

прво, мавањето со ливчињата е најмал проблем, бидејќи постои и строг професор. јас, пример, мразев математика и не ме држеше место, ама професорот не подреди така добро, што неможевме да мрднеме. строгост и ќе се реши. ефектот ќе остане голем со тоа, но веројатно дека ќе е поголем, ако има помали групи од по 15 ученици да речеме. но за тоа нема услови-факт. домашно воспитание за "таа" работа, да се разбереме-нема. еве и јас сум жив пример. со моите по дома, нема шанси да правам муабет за секс, мојот сексуален живот и тн, а исто е и со тие околу мене. ретко знам некој што дома отворено збори за сексот. затоа треба тоа да се препушти на образовната институција.
 
F

FrAnKEnsTEiN

Гостин
kpbKENGUR напиша:
сега викаш: Или ако сакаш може еве и 20 да дадеме пак не е доволкно за нов предмет!
претходно викаш дека е доволно 10 часа, па и премногу, а сега дека и 20 не се доволни.
а за зборење, има доста богами. не е работата да се направат експерти, туку бар основата да ја знаат и да знаат што ги очекува понатаму. и тој термин деца, не верувам дека е баш соодветен во муабетов, бидејќи тие "деца" почнуваат со сексуални односи уште на 15-16 години. па види ти сега. сепак не се деца, малце повозрасни се. ти тоа што ќе ги научиш, или бар ќе пробаш да ги научиш, верувај дека бар кај 70 посто ќе има ефект. малце ли е тоа? споредуваш сексологија со географија. јас ќе споредам зграда со марс. ај сеа?
секој предмет е посебен и засебен. неможеш да споредиш македонски и математика.
За да се оформи нов предмет!На тоа мислев очигледно ме сфати погрешно!Значи се знае дека еден просечен предмет има многу повеќе од 20 часови!Значи премалце се за да фигурираат како нов предмет!
 
kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
FrAnKEnsTEiN напиша:
За да се оформи нов предмет!На тоа мислев очигледно ме сфати погрешно!Значи се знае дека еден просечен предмет има многу повеќе од 20 часови!Значи премалце се за да фигурираат како нов предмет!
може да се направи едно предавање во неделата. колку што памтам, јас музичко имав така. значи може.
 
F

FrAnKEnsTEiN

Гостин
kpbKENGUR напиша:
споредбата ми беше, да. исто ко таа подоле со предметите што ја скокна изгледа. невозможна споредба.

прво, мавањето со ливчињата е најмал проблем, бидејќи постои и строг професор. јас, пример, мразев математика и не ме држеше место, ама професорот не подреди така добро, што неможевме да мрднеме. строгост и ќе се реши. ефектот ќе остане голем со тоа, но веројатно дека ќе е поголем, ако има помали групи од по 15 ученици да речеме. но за тоа нема услови-факт. домашно воспитание за "таа" работа, да се разбереме-нема. еве и јас сум жив пример. со моите по дома, нема шанси да правам муабет за секс, мојот сексуален живот и тн, а исто е и со тие околу мене. ретко знам некој што дома отворено збори за сексот. затоа треба тоа да се препушти на образовната институција.
Баш строгоста на професорите би имала негативен ефект!Со строгоста уште повеќе ќе ги оттргне учениците (зошто ќе им го наметне како обавезно а знаеме каква е реакцијата на децата за таквите предмети)затоа за таква функција ќе треба да се најде кадар што ќе може на фин начин да ги заинтересира децата и да има еден тон нерви за да излезе на крај со нив(што реално ќе биде многу тешко)!А ако не можам јас да зборам дома со моите за такви работи тогаш уште помалку би зборел со некој непознат што во случајов ќе ми биде професор,би се срамел повеќе од него ако е срамот у прашање!

kpbKENGUR напиша:
може да се направи едно предавање во неделата. колку што памтам, јас музичко имав така. значи може.
20 часа =20 недели/5= 4 месеци
пак се малку:toe:
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
нека се воведе зошто да не...
 
kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
FrAnKEnsTEiN напиша:
Баш строгоста на професорите би имала негативен ефект!Со строгоста уште повеќе ќе ги оттргне учениците (зошто ќе им го наметне како обавезно а знаеме каква е реакцијата на децата за таквите предмети)затоа за таква функција ќе треба да се најде кадар што ќе може на фин начин да ги заинтересира децата и да има еден тон нерви за да излезе на крај со нив(што реално ќе биде многу тешко)!А ако не можам јас да зборам дома со моите за такви работи тогаш уште помалку би зборел со некој непознат што во случајов ќе ми биде професор,би се срамел повеќе од него ако е срамот у прашање!
строгоста би имала негативен ефект? воопшто не се слагам. математика бев дрво и имав 2ка максимум се додека не дојде професорот што го кажав од погоре. ради неговата строгост, и што ме тераше да носам домашни и да работам на час за да не добијам лоша оценка, кај него догурав до 4ка. тоа е прогрес. а да беше некоја мивка, немаше да ме види на час. и што? со 5ка ќе пројдев? професор може да биде строг а воедно и фин. иначе секој професор има нерви, иначе не би биле професори. а многу полесно ми е да зборам со професор бидејќи тој е тука за тоа. не туку збориш ти со билокој од улица.
 
Ај се изморив од пишување темава е за полемизирање вербално вака многу има за пишување!Како и да е имаш ти твое мислење(респекат) јас мое и нема потреба а не гледам и дека ќе има некој ефект ако си наметнуваме мислења!
Така да до некое видување(па вербално да полемизираме) поздрав:helou:
 
kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
FrAnKEnsTEiN напиша:
20 часа =20 недели/5= 4 месеци
пак се малку:toe:
не ти ја разбирам математикава.. 20 недели делено со 5(што) се 4 месеци?!?!?
и од кај уствари ова? јас реков да е ко музичко, еднаш неделно. што е ова погоре?
 
F

FrAnKEnsTEiN

Гостин
kpbKENGUR напиша:
не ти ја разбирам математикава.. 20 недели делено со 5(што) се 4 месеци?!?!?
и од кај уствари ова? јас реков да е ко музичко, еднаш неделно. што е ова погоре?
Па ваљда недели у еден месец?!
Епа бате добар бил (строгиот) професор по математика :pos:

Еднаш неделно да има час така?Ако се 20 часа за да се предаде тоа значи ќе излезат 20 недели а тоа у превод му доаѓа некои 4 или ако сакаш земи ги 4 ипол месеци!
 
N

NeMiRnA

Гостин
Aloooooooo sto vi e na vas be?!Od seksologija,psihologija,biologija,duri geografija i makedonski stignavte do matematika...daj izvedete nekoja matematicka formula ako ne!!!!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom