Дали да се воведе сексологија, нека покажат следниве примери:
Средношколци ја почнуваат својата порно-кариера со снимање ‘‘обични‘‘ клипчиња со телефони, каде имаат оралка пред цел клас, кој навива и аплаудира!
Машките се помалку се запознаени со тоа што значи нормална комуникација со спротивниот пол, па се се сведува на свиркање, штипење, непристојни коментари и предлози и што ли уште не...
Од што се запознаени младите со сексуалноста, некои се уште ја сметаат за грев, други за срам, трети ја поистоветуваат со љубовта, четврти ја величат и хедонизираат...
И на крај, колку се запознаени младите, говори фактот што се повеќе основки абортираат, а средношколки го прекинуваат ОБРАЗОВАНИЕТО заради бременост (ова зборувам од примери од соседството, не на памет).
Љубовта веќе е ‘‘поучтив‘‘ израз за сексот и не се прави разлика меѓу нив, младината ни е затруена од порно-индустријата...
Срамота е ова бре луѓе, маж на 23 години, не знае кога се плодните денови кај женската...