Дали го почитувате животот и делото на Јосип Броз-Тито

Дали го почитувате животот и делото на Јосип Броз-Тито

  • Вкупно гласачи
    153
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 март 2010
Мислења
15.278
Поени од реакции
26.154
- Не реков дека имаат социјализам, но имаат примена на принципи од самоуправувањето, башка ти пишав дека сеизучува ко правно-економска дисциплина..
Скандинавските држави се капиталистички држави со огромни социјални права. Не гледам никаква иницијатива за укинување на приватната сопственост таму.
- ужасен -- колку строг збор... да не цркавале луѓето таму?
Не цркавале ама живееле многу полошо од сега. Ако не веруваш, на форумов има Бугари, прашај било кој од нив во кој систем живеат значително подобро.
Е а зошто е тоа така?
Интересно прашање. Затоа што предолго калкулиравме дали треба да бидеме вистински независна држава или треба да продолжиме во некоја нова федерација. Ова е мое мислење нормално, тешко дека сите би се согласиле со ова.
- Тогаш или сега?
Тогаш.
- Башка што е за споредување!... работава испаѓа као „помало ило поголемо зло“ - шо би рекол Дејв Шапел -It's better to be fucked on the outside than on the inside...
Апсолутно. Секогаш клучните одлуки во животот се бирање на помалото зло. Кога имаш избор помеѓу зло и добро е лесно.
Добар си е Маркс ај ти....како и многу други работи.. слабо е сконтан... ама ај.. тоа е друга тема..
Не спорам дека е добар. Дефинитивно е еден од најбитните филозофи во човековата историја. Само го задржувам правото да бидам скептичен дека неговата проценка што после капитализмот мора да биде точна.
 
TORPEEDOOZ

+_-SNIPER-_+
Член од
6 јануари 2012
Мислења
32
Поени од реакции
25
Се во свое време, народе.
Јас не го оспорувам ниту Тито, ниту Југославија, ниту пак бившиот ни систем, но пак ќе кажам се во свое време.
Во одредени временски периоди е возможно да успеат некои работи/политики/цели/планови/доктрини/пропаганди, но во други временски периоди, тоа е невозможно.
На пр. во тоа време Тито бил тоа што бил, исто како и тогашниот систем(Социјализмот), тогаш биле прифатени како позитивитет од страна на мнозинството народ, но денеска истиот тој Тито би завршил на бандера, бидејќи денеска такви политики едноставно не проаѓаат, видете што им се случи на Слободан Милошевиќ, Садам Хусеин, Моамер Гадафи и.т.н., а сите тие владееа по ист принцип како и Тито, со помош на репрес.државен апарат: полиција, тајни служби, моќна армија .... потоа со едноумие(еднопартиски систем), диктатура/режим(доживотна и неограничена власт врз целокупниот народ и држава), тоталитаризам, колективизам и.т.н.
Всушност самиот Тито им е на некој начин идеолошки татко на овие тазе уништени политичари/државници: Милошевиќ, Хусеин, Гадафи, Бен-Али, Мубарак и сл. така да и Тито сеуште да би бил жив денеска и да би владеел на истиот начин како што владеел во негово време, денеска сигурно дека би бил збришан од сопствениот народ+запад.
Исто така и за системот, Социјализмот бил најсилен и во најголем подем после 2та с.в., но после 70ите, а најмногу после 80ите години, веќе бил во општ колапс и хаос и прашање на време било кога ќе се распадне таквиот утопија-систем.
 
--HEIDERN--

The Iron Fist
Член од
18 декември 2011
Мислења
638
Поени од реакции
378
Скандинавските држави се капиталистички држави со огромни социјални права. Не гледам никаква иницијатива за укинување на приватната сопственост таму.

Не цркавале ама живееле многу полошо од сега. Ако не веруваш, на форумов има Бугари, прашај било кој од нив во кој систем живеат значително подобро.

Интересно прашање. Затоа што предолго калкулиравме дали треба да бидеме вистински независна држава или треба да продолжиме во некоја нова федерација. Ова е мое мислење нормално, тешко дека сите би се согласиле со ова.

Тогаш.

Апсолутно. Секогаш клучните одлуки во животот се бирање на помалото зло. Кога имаш избор помеѓу зло и добро е лесно.

Не спорам дека е добар. Дефинитивно е еден од најбитните филозофи во човековата историја. Само го задржувам правото да бидам скептичен дека неговата проценка што после капитализмот мора да биде точна.
Epa tokmu toa ni treba na nas, Kapitalizam, no Kapitalizam so golemi socijalni prava !!!
Sindikatite da ne sluzat samo za ukras i za dekor, tuku navistina da ja drmaat vlasta(bilo koja) !
Rabotnikot, bez razlika dali stanuva zbor za poniska klasa na rabotnik ili pak za povisoka intelektualna klasa na rabotnik, sekoj treba da si gi uziva svoite najosnovni rabotnicki prava.
Opstestvenite granki kako: Zdravstvo, Skolstvo, Sudstvo i.t.n. treba da bidat dosta poevtini, so cel sekoj gragjanin da moze da gi koristi nivnite uslugi, po potreba sekako.
Cenite na kaznite, komunaliite, danocite... da se namalat isto taka, so cel sekoj da moze da gi isplati, bez pritoa da mu bide premnogu optereten domasniot budzet.
Regulatornite komisii treba da se razbudat od zimskiot son i da udrat na masa, deka vekje dosta e so skokanjeto na cenite na se i sesto: goriva, prehrambeni produkti, struja, voda, gjubretarina, r.d.-taksa, cigari, javen pevoz i.t.n.
Legalizacijata na divogradbite(>350.000) da bide 0 evra za kvadrat t.e. po avtomatizam se sto e izgradeno do sega da bide legalno.
Da se poednostavat i poevtinat postapkite, kako za otvaranje i registracija na firma, taka i za zatvaranje na firma.
Poevtinuvanje na cenata za registracija na avtomobilite, po moznost sekoj avtomobil koj e ponov od 7-8 god. da se registrira na dve ili tri godini.
Radio difuznata-taksa da se ukine, a gjubretarinata da se plakja pausalno, na pr. gjubretarina za cela edna godina, pausal 1.500 den. i ciao, em poevtino em poefikasno !
Toplifikacija-SK. kako i ESM/EVN da se nacionaliziraat(so otkupuvanje) pod hitno, bidejkji zivi ne odraa, a koga povtorno bi bile drzavni, drzavata da gi regulira cenite na nivnite uslugi !
I.T.N. I.T.N.
 
Член од
6 април 2007
Мислења
1.095
Поени од реакции
443
:cuc:

Значи библиската земjа коjа jа одпочнала глобализациjата, им ги дала на светот Клеопатра, Омир, Драган од Охрид, и т.н. требало дури до Втора светска да чека за комунистите од Jугославиjа да ги создадат тие работи. Пази, не станува збор тука за странска пропаганда. Тоа самите тие наши Македонци го признават. Титови комунисти им создале црква. Па како да не го почитуват човекот.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Се во свое време, народе.
Јас не го оспорувам ниту Тито, ниту Југославија, ниту пак бившиот ни систем, но пак ќе кажам се во свое време.
Во одредени временски периоди е возможно да успеат некои работи/политики/цели/планови/доктрини/пропаганди, но во други временски периоди, тоа е невозможно.
На пр. во тоа време Тито бил тоа што бил, исто како и тогашниот систем(Социјализмот), тогаш биле прифатени како позитивитет од страна на мнозинството народ, но денеска истиот тој Тито би завршил на бандера, бидејќи денеска такви политики едноставно не проаѓаат, видете што им се случи на Слободан Милошевиќ, Садам Хусеин, Моамер Гадафи и.т.н., а сите тие владееа по ист принцип како и Тито, со помош на репрес.државен апарат: полиција, тајни служби, моќна армија .... потоа со едноумие(еднопартиски систем), диктатура/режим(доживотна и неограничена власт врз целокупниот народ и држава), тоталитаризам, колективизам и.т.н.
Всушност самиот Тито им е на некој начин идеолошки татко на овие тазе уништени политичари/државници: Милошевиќ, Хусеин, Гадафи, Бен-Али, Мубарак и сл. така да и Тито сеуште да би бил жив денеска и да би владеел на истиот начин како што владеел во негово време, денеска сигурно дека би бил збришан од сопствениот народ+запад.
Исто така и за системот, Социјализмот бил најсилен и во најголем подем после 2та с.в., но после 70ите, а најмногу после 80ите години, веќе бил во општ колапс и хаос и прашање на време било кога ќе се распадне таквиот утопија-систем.
Не можеш да ги спредуваш Слободан Милошевиќ (со неговата агресивна политика во однос на другите Ју народи), Садам Хусеин (кој единствено водеше војна со Иран) и Моамер Гадафи (кој освен реториката, единствено може да му се префрли што беше вмешан во авионскиот атентат, заборавив кој лет беше...) со власта на Тито. Тито не поведе војна кон никоја држава, а поготово нација. Спротивно, нациите и малцинствата во Ју ги уживаа сите права. А ако една држава не поседува и не го употребува државниот репресивен апарат (војска, полиција, судство, агенции за разузнавање) тогаш таа ќе се распадне. А и овие наброениве (освен можеби С. Милошевиќ) на душа носат помалку жртви отколку Нобеловецот за мир (!) Обама. Потребно е само да го промениш аголот на перцепција.
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723

а ако прекумерно го употребува добива епитет "полициска" држава :) , а југославија може не била токму тоа ама доволно блиску :) кодошлукот цветал заедно со државата
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Интересно е што читам денеска објавено... такви иницијативи за демонизирање не само на Тито туку на цел еден период се препораки и на Парламентарното Собрание на Советот на Европа. Дури "комунизмот" во Европа требало да се изедначи со фашизмот. Т.н. декомунизација на општеството. Ме интересира дали ќе ја демонизираат британската политика во истиот тој период и пред 2. св.в. во однос на Северна Ирска како и политиката на САД кон повеќе азиски и блискоисточни држави.
Едно што забележав е дека според историчарите треба да се рехабилитираат не само Македонците кои се бореле за Македонија и кои се воделе според Македонските национални чувства туку и Албанците тогаш нарекувани иредентисти кои се бореле за својата кауза, Голема Албанија.

Дали оние кои го осудуваат овој дел од историјата како темен период во Македонската историја и ги осудуваат репресиите (наречен и државен терор) врз Македонците кои се бореле главно за отцепување на Македонија од заедницата на ју народите и создавање самостојна и обединета Македонија се спремни да ги осудат и репресиите врз Албанците тоа време наречени иредентисти и сепаратисти кои ни е познато за што се бореле. Македонија сепак мора да е фер кон сите репресирани народи и народности кои во тоа време се бореле за своите интереси.
 
TORPEEDOOZ

+_-SNIPER-_+
Член од
6 јануари 2012
Мислења
32
Поени од реакции
25
а ако прекумерно го употребува добива епитет "полициска" држава :) , а југославија може не била токму тоа ама доволно блиску :) кодошлукот цветал заедно со државата
Пријателе Мет, а зарем денеска во ова наше време во кое живееме, мислиш дека немаме репрес.државен апарат ? мислиш дека немаме тајни служби ? мислиш дека немаме полициска држава ? мислиш дека нема кодошлук ?
Има ите-како !
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Дечки, отидовте премногу во офтопик.

Пробајте да се произнесете во врска со улогата на Тито - општо земено, во светски размери и онаа улога или настани значајни за нашата историја, без непотребни политички генерализации.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
-пак да се “вклучам“ во муабетов за делото на Тито
дали го почитуваме,значи прашањето е до нас сега
но еве што ако прашањето е дадено “43-“44 година
поточно сега да кажеме кој би бил резултатот тогаш
односно да изнесеме факти за - ДА го почитуваме
дојде време на демократија,на менување на имиња
па и на негови:Велес,плоштадот, главната улица и др.
сега можеш и слободно да кажеш НЕ и да останеш жив.

-еве еден податок колку е тој почитуван во тоа време
кое го наведов пред малку,тука е неговото име испеано
исправно ли, заслужил ли, имало ли друго решение,
имало ли негодувања - спротивставувања или радувања
оставам на вас да одлучите и коментирате потоа.

Маршот на првата Мкедонска Н.У.Б.

Еј, ние сме Првата македонска бригада!
Друже Тито, в Македонија
Крвав бој поведовме
И под Твојто славно знаме
Жар и челик станавме.

Ропски пранги кинеме
Зора греј над новиот строј,
В борба кога паѓаме
Тито, твојот лик ни стој.

Еј, ние сме Првата македонска бригада!
.....------------------------------Владо Малески
-------------------------------------------------------------------------
уште еден податок колку е тој почитуван
во книгата “Народни Херои од Македонија“- Н.К. 1973- скопје
од 9 стр.до 25 стр. е дадено-опишано делото и биографија
за тој Тито - како Народен Херој - и голема фотографија
потоа по азбучен ред следуваат “нашите“ Народни Херои
---------------------------------------------------------------------------
ај уште еден од мене “важен“- податок
во една обемна,севкупна,голема и илустрована книга
за нашата национална борба за ослободување со наслов
НОБ НА МАКЕДОНИЈА- народна задруга 1962 год,
поточно од А до Ш од прва до последна страна за НОБ
и тоа по хронолошки редослед, сосем добра книга,ама...
ама само што ќе ја отворите, пак тој “огромен“ Тито
--------------------------------------------------------------------------
В борба кога паѓаме Тито твојот лик ни стој
богами многу паднаа ама за ликов не сум баш сигурен
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Tito ( sve u svoe vreme no sto ne e vo svoe vreme?!) bil bravar imal zanat (he he) i plus bil prirodno inteligenten i vo taa SFRJ imase poveke hristijanstvo bratstvo edinstvo i sloga nego u denesnovo pomodno vrakanje na religijata kako cist formalizam bez nikakva prakticna posledica od teranje na taa ideja kako sega ne sme ateisticko opstestvo.
Tito ne bil bog ne mozel da zivee vecno im kaza ludje ako sakate da ne bidete marioneti na golemite sili drzete se cvrsto do bratstvoto edinstvoto solidarnosta i tn i batalete nacionalizam oti toa gi deli siromasite (proleterite) da se kolat poradi nacija ili vera, ama demokratija ti e deka uvek trojca glupaci ke nadglasaat eden sto gi znae rabotite i sea so??? Tito i mnogu velikani vo istorijata na covestvoto e samo dokaz deka treba da si roden za nesto i deka nikakvo obrazovanie ne moze da te napravi nesto ako prirodno ne si roden za toa, samoubica kazu se radja, pa sekoj se radja kako takov kakov sto e, treba da si roden za toa!
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
"Темава" е карма-каша...

1. Прашање до сите досегашни учесници во "дискусијава", а и сите кои ќе ја имаат таа несреќа да ги читаат сите овие 16 страни:

ДАЛИ БАРЕМ НЕКОЈ ОД ВАС ПОГЛЕДНА ВО ЦЕЛОСТ БАРЕМ ЕДНО ОД ВИДЕАТА (ако не сите како што ги изгледав јас) ОД ХРВАТСКАТА ДОКУМЕНТАРНА СЕРИЈА ЗА ТИТО ШТО ГИ ПОСТИРАВ ЈАС ТУКА..?

Ако треба пак ќе ги постирам.

2. Ме мрзи во карма-кашава да барам логика и потребата да се нижат страни и страни празни тиради, па еве ќе одговорам само на следново:

...Или што не ги кажеш изјавите на Шарло кога требало да се кренеме против фашистите - „Чекајте, ќе видиме, предајте го оружјето на бугарите, ќе видиме!“
Него сеа нешто се повампируваме задњиве 5-6 години без некоја особено објективна причина...
Јас мислев дека само момчета турко-болгарчета имаат проблеми со нормална дискусија на подфоруми за ИСТОРИЈА, а и воопшто на следење нормални правила на цитирање, ама изгледа грешка сум бил.

Твојов случај е уште по еклатантен зашто неколку пати си се пофалил дека си некаков "правник".

Епа "правниче", или дај точен извор за наводниот цитат и зборови коишто му ги припишуваш на Методија Шаторов-Шарло, или зачепи и веќе да не сум те чул и видел овде да драпаш колчишта за работи за кои немаш поим!

MEDDLE напиша:
Иначе здраво е да се оди на место како Голи Оток, јача карактер..
Штом е така, ако сакаш може да сториме напор да ти "учиниме".
Ми се чини сеуште има понекој жив од тие ѕверовите што командаа на Голи Оток и спроведуваа "јачање карактер" врз недолжни луѓе, па да ти викнеме некој малку да те "појача" сакаш ли..?
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ченто...

што ќе им се книги или документарци кога ја носат вистината во своите срца?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.278
Поени од реакции
26.154
Штом е така, ако сакаш може да сториме напор да ти "учиниме".
Ми се чини сеуште има понекој жив од тие ѕверовите што командаа на Голи Оток и спроведуваа "јачање карактер" врз недолжни луѓе, па да ти викнеме некој малку да те "појача" сакаш ли..?
Тоа само за патриоти е здраво. За космополити и „либерални“ левичари никако. Нежни се тие, не се по такви работи. Ако имаш некоја фотеља одвишок може.
 
V

Vollstandig

Гостин
Tito ( sve u svoe vreme no sto ne e vo svoe vreme?!) bil bravar imal zanat (he he) i plus bil prirodno inteligenten i vo taa SFRJ imase poveke hristijanstvo bratstvo edinstvo i sloga nego u denesnovo pomodno vrakanje na religijata kako cist formalizam bez nikakva prakticna posledica od teranje na taa ideja kako sega ne sme ateisticko opstestvo.
Tito ne bil bog ne mozel da zivee vecno im kaza ludje ako sakate da ne bidete marioneti na golemite sili drzete se cvrsto do bratstvoto edinstvoto solidarnosta i tn i batalete nacionalizam oti toa gi deli siromasite (proleterite) da se kolat poradi nacija ili vera, ama demokratija ti e deka uvek trojca glupaci ke nadglasaat eden sto gi znae rabotite i sea so??? Tito i mnogu velikani vo istorijata na covestvoto e samo dokaz deka treba da si roden za nesto i deka nikakvo obrazovanie ne moze da te napravi nesto ako prirodno ne si roden za toa, samoubica kazu se radja, pa sekoj se radja kako takov kakov sto e, treba da si roden za toa!
Потполно се согласувам со ставот, како што е напоменато и во многу интервјуа од тито, значи нема потреба и да го слушаме муабетот од стари кога можеме лично и од истиот да се види на интервју, што кажува “Чувајте братство и единство, тоа е она што ве крепи“...

Она што е зачудувачки, како од братски сложни држави настануваат толку голема омраза и поделби преку ноќ, што ни во најдолгогодишните непријателски држави не се сретнале такви војни и злосторства. Доказ дека, кога двајца се караат, третиот користи, па балканот остана едно буре барут, некој доби, повеќето не, итн. Денес имаме тупење со национализми за потекло на антички македонци, изигравање сосем друга националност пред северен сосед со кој можеме комотно да се разбереме во јазична смисла, и поделби од скоро секаков тип.
Секогаш, се владетелите ја користат оваа поговорка: Раздели па владеј.

Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom