Па факт е дека луѓето порано биле многубошци, верувале на почетокот во секакви божества за на крај да почнат да веруваат само во еден бог. Сигурно им се видело многу тешко да им принесуваат жртви на сите богови, па ајде сега ќе измислиме само еден. Покрај тоа, во светот и сега не постои само еден бог. Имаме и сега неколку поголеми религии кои веруваат во различни богови. Значи не може сите тие заедно да ги сметаме за основачи на светот. А и распространувањето на религиите е доста интересна тема.
Сите поголеми религии се основани пред илјадници години кога луѓето живееле во "посебни" системи меѓу кои немало скоро никаква комуникација. Затоа е и различноста во толкувањето на сите вери. Сите одделно се развивале и сите се цврсто убедени дека нивната е поточна и прва во случајов. После можеме да зборуваме и дека кога почнале да се мешаат религиите во секојдневниот живот, започнуваат и конфликтите меѓу народите кои се присутни и денес. Опширна тема. Ако некој е заинтересиран повеќе за дискусија, има мој мсн тука.