Во мислењето, она првото што го цитираше, има причина-последица, причина-последица, причина-последица, причина-последица ..... постојано е тоа....
не може секогаш да се бара причина за постоењето на нештата или за постоењето на Бог оти никогаш нема да се одговори исто како што не можеш секаде да го мешаш Бог. Ако јас извршам прељуба, тогаш кој е виновен ? јас или Бог. Да јас ја извршив и не се лутам
ама мене ме создал Бог па види кој е крив сега. За да нема вакви обвинувања и вртења во круг кои ги нареков “бркање на опашката“ напишав да не се бара причина за постоењето на нештата или причина за причината. И по тоа ти што напиша, претпоставката за моето мислење, ако докажеш дека не постои Бог, ќе се најде некој што ќе ти го докаже спротивното, оти науката е релативно млада и не може на се да одговори и се да докаже или покаже....., а религијата е престара и преискусна и може на се да одолее.
Само може е здодевно да се верува во едно нешто, што е дадено и крај, толку да биде, нели животот би бил досаден...?
Вака си ја имаме младата наука која постојано открива некои нови работи и докажува многу нешта, па поинтересно е да се чита нешто ново не многу познато.... подобро е да се напредува отколку да се стагнира, впрочем што не издвојува од животните, покрај тоа што поголем монструм од човекот нема.