Вака, се е до луѓето и кој како се снашол и кој како си го планира животот, има луѓе или фамилии кои тешко се вклопуваат во други општества, не можат да прифатат други норми сфаќања, г имачи носталгија и слично, имаш луѓе кои се снаоѓаат подобро или побрзо, еден мој приател одамна беше се ожена за ќерка на гастребајтери од СФРЈ, тие се вратија од печалба во 80 десетите, како шо си е ред, голема куќа, наполната со мебели и апарати и тука си уживаа пензијата, младите решиа по нивна стапка да заминат, ојдоа автсралија (кај шо и беа старите, мислам дека чупето беше и родено таму) али никако да им тргне, со години од битола ги помагаа и им праќаа пари старите, тој никако да се навикне де работи де не работи таа такуѓере, па можда едно 6-7 години така се влечкаа дур полека не им тргна, имам и приатели кои за брзо време успеале да се вклопат...
Некои од нашите одат со тој печалбарски менталитет, решени да заработат за куќа, а тоа кошта таму, па пазат и на јадења и на излегвања и на одмори... значи печалат, некои одат да си го живеат животот, секоја година се негде на летовање, одат по концерти и свирки, трошат на гардероба... живеат како секој нормален свет на запад. Имам и такви и такви во тоа големо друштво распослато низ цел свет, имам и приател кој со жената живеат 20 години под кирија али секоја година негде патуваат и идат и тука, имам и оние кои ги гледам на 4-5 години и кои купиле и отплаќаат куќи.
Се е до човекот, запад ти нуди шанса на тебе е да одлучиш како ќе ја искористиш