Не се малку примери од нашето секојдневие кој колку плата зима, особено градови што не се Скопје. Сакам да кажам, останатите градови во Македонија.
Во Велес да најдеш некој што ќе ти даде плата 8050, порано толку беше минималецт, сега незнам, е права реткост.
Јас работев во цвеќара за 5000 денари, осигурана на пола работно време. Потоа во сплет на ситуација мораа да ме осигураат на цело, на банка ми ја пуштаа минималец платата, а јас потоа на рака 3000 им враќав. Свесен си за неправдата, ама ќутиш, затоа што поарно нема. Или ќе одиш да рмбаш келнер по кафичите за нешто повеќе пари, ама и тоа е привремено, не бидува келнер цел живот. Прашање е дали и таму ќе најдеш и среќен ќе бидеш ако си нашол.
Еве моите немаа можност да не студираат и двете па само сестра ми заврши факултет, јас се мачев ко грешен ѓавол откако завршив средно. Не барав работа одредена, барав било што, каде било, во конфекција да шијам, во фаст фуд, келнер, сеедно, само да работам и да имам свои пари. Несакав да излегувам додека не работев за да не барам од моите, па седев дома и гледав што помалку да бидам на терет, и цигарите ги откажав за да не ги обврзувам да ми купуваат, што е ете не лоша работа, но сакам моментот да го доловам.
И така неколку години барав работа било каква, секаде каде и да прашаш, искуство ти бараат. Одиш во конфекција, ти вика, а ти искуство имаш, не а? ок ќе ти се јавиме. Добиваш курац. Фрустрацијата расте што ни во ебена конфекција неможеш да се вработиш.
Во меѓувреме некадарни талтаци што мафтаат по митинзи од твојата генерација што ги знаеш дека се талтаци со исто образование ко твоето работат во канцеларија. Живот... Некој одлучува да се продаде за ситен интерес, некој се противи на таквиот начин и сака нешто да се промени.
Одиш да прашаш за келнер, јбг свесен си дека не си кадарен и ќе работиш што годе.
Се извинувам, слушнав овде е потребен келнер. Аха, а искуство имаш? Курац број два.
Одиш во продавница, ви треба ли можеби продавачка, немам досега работено, еве ќе работам пробно месец дена без плата да добијам искуство. Аха, веќе праша една што има искуство. И така животот ти мава шамари а годините и времето ти минат.
После толку време, наоѓам работа во цвеќара. Среќна, пресреќна. Плата 5000 денари. Ок нема везе, дај само да се работи, боље ишта него ништа, боље 5000 денари него ич. Газдарицата, мои години, студент на ФОН. Ама Сашка знаеш, јас студирам па некогаш ќе ми требаат слободни денови, да ме мењаш, или да идеш двократно, ќе ти платам јас. Ок нема проблем, свесна дека со години седев без работа. На крај на месец, за месец дена двократно работење, без ниеден слободенм ден, 6000 денари плата. Платено двократното. Добиваш курац ипол овој пат, и си ќутиш, абе добро е додека се работи.
Во меѓувреме партиски полтрони по форуми и фејсбуци те убедуваат колку е убаво во Македонија, и ти се прават паметни. Фрустрацијата секој ден расте.
Поминува време, трпиш и гледаш како неправди се случуваат и дека некој твојот труд и фер однос го множи со нула. Ти пука филм, си ги собираш парталите и викаш, полошо неможе да биде. Им покажуваш два средна прста на сите, во знак на протест поради сите ситуации за кои си добил курац у животот. И на 20 години си одиш.
Се враќаш на форумот после одредено време, истите луѓе те убедуваат дека е убаво, и уште те нарекуваат исфрустриран, те осудуваат затоа што си исфрустриран ко сам да си се направил таков а не некој друг.
Јас сега овде во Црна Гора работам како шанкер и како келнер, не се срамам, ни таму во Македонија немам високи очекувања. Да се разбереме, јас не се плашам од работа, овде знам да работам и по цел ден, и да останам два три саата после моето работно време, за што добивам дупла дневница. Секогаш сум била максимално испочитувана и наградена за мојот труд, што не е случај во Македонија. Таму само гледаат да те исцедат а за возврат или да добиеш ништо или да добиеш трошки. Сум почувствувала на своја кожа, а знам и примери од секојдневието.