Дали вреди да се напушти нашава земја?

Дали би ја напуштиле Македонија доколку ви се пружи прилика?


  • Вкупно гласачи
    585
N

navivacka

Гостин
Јас не би ја напуштила земјата,ни со багер ако треба да ме искарат ама нема,моите родители ме тераат да заминам за Италија и таму да продолжам но никако не сакам,не можам да го замислам мојот живот далеку од мојата татковина таму кај што сум навикната да бидам покрај моите роднини и пријатели.:toe:може онака на прошетка на двонеделен одмор но повеке не.
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Баш ми е убаво.
Никој не ме оговара,ни замара...си најдов мир.
Ке полудев од тој македонски менталитет-озборување-не го поднесувам.

Ближните си ги гледам преку Skype и по телефон.
А цела година после многу ми е мила Македонија:pipi:
Убаво е да излезеш и да размениш околина малку,дури би рекла и препорачливо е.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Нашава Држава индиректно ни вика Одете си не ни требате и затоа си одат луѓето, пошто за државата можеш да направиш онолку колку што таа направила за тебе!
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.452
Поени од реакции
5.421
Сакана? гледам колку е сакана, секој втор сака да замине од Македонија, уште сеа да им речат ајде идемо надвор од Македонија одма ќе заминат без размислување, мислат дека надвор од Македонија има поубав живот...
 

асфалт

UNCENSORED
Член од
8 август 2005
Мислења
804
Поени од реакции
23
вам шо ви се бега: шо ве држи? имате над 18 години,желба за бегање, шибајте! Ве чекаат со сутлијач во странство...
Ако си принуден за печалба разбирам да одиш да заработиш и да се вратиш, ама да заминам со желба да го живеам `американскиот` сон, не фала...
 
T

The Blob

Гостин
Според мене - не вреди да се напушти Македонија. Ако ги оставиме настрана патриотските причини за останување во земјава, лично сум задоволен од мојот живот во државава. Tемпото на живот ми е погодено, примањата солидни, кругот на пријатели ме исполнува. Не би одел ни на "печалба" во странство, едино што би правел е 2-3 пати годината да одам на шетање во странство. Чист туризам, никако напуштање.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Напути ја Македонија и :
Ќе биде нешто од тебе.
******************
Ќе работиш заменик багерист или стриптизета.
*************************************
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Сакана? - Максимално
Вреди? - Максимално

Образложение, сакана или не сакана, деновите и се одбројани, фаќај џаде дур моеш, пошо коа нема да моеш ке се каеш. И сеа ова као звучи кукавички.
Да подобјасниш на кој начин и се одбројани деновите?
Уствари, тие шо не се “кукавици“ ваљда се смотани (ноу офенс крези во лав), али сепак, се додека е ваква ситуација, да неречам немакедонска, се осеќам како воопште да не сум во македонија, туку негде на друго место. Шит ситуејшн. Фак ит.
Немакедонската ситуација не ја праи никој друг освен народот.Се додека има кукавици како тебе и остали астал патриоти(кои мрчат по форум дека ако им се отвори границата први ќе заминат,а коа ќе седнат со друштво после прва ракија и некоја патриотска песна се удираат у гради дека они се патриоти:nesvest::tapp:)ЕБАТИ ДРЖАВАТА СО ТАКОВ НАРОД.
А уствари шо се буните бе дека не ви чини у Македонија?Сто пати сум пишала дека никој не може да ни ја напраи државата освен НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ.Кога нема да излезете на избори да гласате,кога нема да бидете партиски послушници,кога нема да ги ставате партијата и лидерот на прво место пред државата,кога ќе се буните за се што не чини,кога нема да дозволите да ви перат мозок и да ви викаат дека е се супер,кога ќе престанете да ја користите онаа добро позната поговорка која ја мрзам:Ќути од лошото има и полошо......Е ТОГАШ ЌЕ ИМАМЕ ДРЖАВА.Тогаш ќе знаат тие кои не уништија овие 18 години дека со МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕМА ИГРАЊЕ.
И да,колку и да е лошо во државава НЕМА ДА ЈА НАПУШТАМ.Затоа што каде и да отидам,кои пари и да ги заработам,нема да газам на МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА.....Таму се ќе ми биде туѓо и колку и да е убаво....тоа нема да биде мојата земја МАКЕДОНИЈА,мојот народ и јазик МАКЕДОНСКИ.
п.с.Ако у странство не чекаа со раширени раце и ни наоѓаа одма работа,тогаш немаше оние кои заминале на печалба да се враќаат.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Да подобјасниш на кој начин и се одбројани деновите?

Исто како што и беа одбројани деновите назад во историјата за време на александар, гоце делчев, никола тесла.

Немакедонската ситуација не ја праи никој друг освен народот.Се додека има кукавици како тебе и остали астал патриоти(кои мрчат по форум дека ако им се отвори границата први ќе заминат,а коа ќе седнат со друштво после прва ракија и некоја патриотска песна се удираат у гради дека они се патриоти:nesvest::tapp:)ЕБАТИ ДРЖАВАТА СО ТАКОВ НАРОД.
А уствари шо се буните бе дека не ви чини у Македонија?Сто пати сум пишала дека никој не може да ни ја напраи државата освен НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ.Кога нема да излезете на избори да гласате,кога нема да бидете партиски послушници,кога нема да ги ставате партијата и лидерот на прво место пред државата,кога ќе се буните за се што не чини,кога нема да дозволите да ви перат мозок и да ви викаат дека е се супер,кога ќе престанете да ја користите онаа добро позната поговорка која ја мрзам:Ќути од лошото има и полошо......Е ТОГАШ ЌЕ ИМАМЕ ДРЖАВА.Тогаш ќе знаат тие кои не уништија овие 18 години дека со МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕМА ИГРАЊЕ.
И да,колку и да е лошо во државава НЕМА ДА ЈА НАПУШТАМ.Затоа што каде и да отидам,кои пари и да ги заработам,нема да газам на МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА.....Таму се ќе ми биде туѓо и колку и да е убаво....тоа нема да биде мојата земја МАКЕДОНИЈА,мојот народ и јазик МАКЕДОНСКИ.
п.с.Ако у странство не чекаа со раширени раце и ни наоѓаа одма работа,тогаш немаше оние кои заминале на печалба да се враќаат.
Не мешај баби и жаби.
Кога ке имаш деца, ќе го правиме пак муабетов. Ке видам тогаш колку ке седиш и ке ја браниш државата.
Таква е поради народот, точно. Ама народот кој ја инфилтрира државата, која е немоќна за да направи нешто во врска од тоа. Историјата се повторува, сакала или нејкела. Патриот сум да, ама и реалист. Кога нема шанси, зашто да се мачиме и да изгубиме, подобро да се тргнеш да преживееш, кога веќе нема што да сториш.
 

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Накратко, вреди-додека можеш, додека имаш шанси и соодветни години, се разбира. Ќе си ја сакаш и од далеку :wink:
Ima potreba da kazam deka se soglasuvam :P ?

Напути ја Македонија и :
Ќе биде нешто од тебе.
******************
Ќе работиш заменик багерист или стриптизета.
*************************************
hahahaha!!!
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
- Сине што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?
- Незнам тато но мислам дека технолошки вишок.
 

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Не мешај баби и жаби.
Кога ке имаш деца, ќе го правиме пак муабетов. Ке видам тогаш колку ке седиш и ке ја браниш државата.
Таква е поради народот, точно. Ама народот кој ја инфилтрира државата, која е немоќна за да направи нешто во врска од тоа. Историјата се повторува, сакала или нејкела. Патриот сум да, ама и реалист. Кога нема шанси, зашто да се мачиме и да изгубиме, подобро да се тргнеш да преживееш, кога веќе нема што да сториш.
Objasni i deka e patriotka... ama dali ke sfati :D?
ako treba... prodolzi :D

Јас не би ја напуштила земјата,ни со багер ако треба да ме искарат ама нема,моите родители ме тераат да заминам за Италија и таму да продолжам но никако не сакам,не можам да го замислам мојот живот далеку од мојата татковина таму кај што сум навикната да бидам покрај моите роднини и пријатели.:toe:може онака на прошетка на двонеделен одмор но повеке не.
Ako tvoite roditeli se kako moite, togas i bez da te teraat ke sakas da odis.
Ako ti si mi roditel... ne te e.. ni 2%...

Site sto ne ja napustaat se vo pravo.
Dobro sto na site patrioti, makedonija im e super... no steta sto postojat nekoi na koj im e.
Zosto na niv, samo koga ke ja napustat stanuvaat patrioti?
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Зошто да се напушти?
Па бидете тука да смениме нешто, не само квази патриоти кои се во дијаспора и се чукаат во гради.
Полесно е да се биде Македонец во дијаспора одколку во самата Македонија.
Мислам дека во најтешките времиња сите сме заедно колку и да не го гледаме тоа но еден се ќе излезе на виделина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom