За мене вреди да се замине. Околу она сакање држава и народ, тој брод отплови. Тука знам тон народ, и 99% не ти го мислат арното, а ти се прават пријатели, лицемери гадни. Сите патриоти и антички македончишта, се лупат у гради дека се спремни да убиваат (не да гинат) за Македонија, а на прва опасност извалкани им се гаќите, страв им е од мал пекинезер, а тек па кога ќе се најдат на фронт. Тука, на маса сите се хероји, сите за тебе душата би ја дале, а кога треба, се неми сведоци. Тука, оние на кои си им правел добро, ти враќаат со лошо. Тука, ти се ситат на несреќите. Надвор некаде, си никој и ништо, но и никој не се замара со тебе, си работиш работа за колку да си живуркаш, а овде па ни работа нема. Лично, дури и планирам да си фатам патот другото лето. Кој ми треба пак од овде, другари, пријатели? Семејство? На крај и од таму ќе те зезнат. Секој е сам на овој универзум. (ова е цитат од Сопранови)
И затоа, бидејќи не намеравам да се маткам во оваа држава, ме заболе и за неа, и за нејзиното име, и за нејзиниот народ. Ете така...