Ова прашање ми се има мотано често низ глава. А одговорот ни ваму ни таму не ми е.:raz:
Незнам што да мислам. До некаде вреди да се биде добар но, се што е претерано не е убаво. Па така и со добринава.
Колку повеќе правиш добро на другите толку повеќе бараат од тебе, добрината веќе е злоупотребена, тоа на луѓето им преминува во навика.. се навикнуваат свесно или несвесно дека секогаш постои некој друг тука за нив. Ја цицаат се повеќе и повеќе нашата добрина.:icon_neut Добро ни е познато дека во денешницава па и не се цени правилно добринава како и мн.др.работи. Се цени да, ама до кога ?! до моментот кога ке ти кажат фала ?! И така секој следен пат!
Секако дека постојат искучоци не велам не. Но, да ретки се. За жал.
Убаво е да правиш добро но, поубаво е кога истото ке ти биде возвратно. Секако никој од нас не очекува и не не тера да бидеме добри. Но ете такви сме и кој може не искористува, ама ке им се врати кога тогаш.
Јас сум од оние луѓе кои што прават добро и што ке правам. И многу пати било злоупотребено тоа
но што е тоа е. Бедно е што навистина добрите секогаш не чека напорен и тежок живот. Ама ние сме одбрале да бидеме такви какви што сме, или пак едноставно такви сме. Не верувам дека ке се сменам. А и некои работи не зависат само од нас. Тука влијае и околината и мн. др. работи.
Затоа се во граница.. кој колку заслужил толку и ке си добие. Јас несакам да бидам газена. Секако ке правам добро но до тој степен до кој јас сметам дека е доволен. Некогаш е добро и да ги оставиш луѓето малку да се помачат и самите за да си постигнат нешто во животот. Како можеме ние така можат и тие.
А тоа што не ми се враќа доброто не ми се враќа - се тешам со тоа дека сеуште не е време.. ама кој знае.:smir: