Дали вреди да се биде добар?

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Се заебаваш нели? :)
Тука кармата е симптоматична. Ти враќаш со добро затоа што очекуваш емоционална награда од тоа, значи си духовен материјалист(те оксиморонирав сега,нели?). Незнам колку таа кармичка енергија природно ќе исциркулира и ќе ја награди таа твоја целовно себична активност и исусоидност.
What a good jew you are. :)
Ммм абе и мене ми поминала мислава низ глава хахах ама пак ако направиш лошо според карма следи уште полошо, ако земеме дека сите луѓе имаат ѓаволче на едното и анѓелче на друго рамо, односно сите ја имаат онаа темна страна од душата,јинг и јанг, хармонија, тогаш моето целење кон подобра карма па макар и од себични причини е донекаде оправдано, нема само и само добар човек, во секој човек без разлика колку и да е добар постои и мрачна лоша страна., до слободна волја е колку тој човек ќе се обиде да ја потисне таа лоша страна и да прави добри дела...
Еден човек кога помислува на чинење добро или лошо дело, секогаш низ глава му поминува идејата дека со лошото дело од религиски аспект си прави лошо всушност на себеси, знаејќи го ова тој сепак го одбира лошото дело,.постојат и злобни лоши верници во групава не ги сместувам само атеистите и оние што не се религиозни, туку и верниците и сите останати..
Според Библијата прави добро и ќе ти се врати со добро, помагај им на останатите и ќе ти биде помогнато итн, може да се каже и дека добриот верник донекаде од себични причини е добар верник, зашто со добрината што ја чини си обезбедува место во рајот...
 
F

Frankie Yale

Гостин
Под добар човек јас подразбирам човек кој не прави на другите нешто што не сака тие да му прават нему, и најчесто во склоп со своите желби и околности го прави на другите она што сака него да му го прават.
А угодувањето на другите во секоја дадена ситуација не е добро... сите ние имаме чувства и ако ги потиснуваме за да им угодиме на другите, еден ден ќе пукниме и ќе им направиме лошо дури и на оние кои не го заслужиле тоа од нас.
Сакаш да кажеш дека никогаш немаш направено нешто некому што не би сакала тебе да ти биде направено? Па макар и ненамерно или несвесно пример навредиш некого а ти појма немаш дека си го навредила зошто за тебе тоа е само шала и зезанција. Лош пример нема везе, сакам да кажам дека дефинирањето на лош/добар е арбитрарно, субјективно, релативно и различно. Пример ако ти и твојот круг на другари и другарки сметате некоја личност за лоша тоа неа не ја прави автоматски лоша. Или пак ако некој/a се однесува лошо спрема тебе тоа неа не ја прави автоматски лоша личност зошто ти не си центарот на нејзиниот живот то ест таа личност се социјализира со други и што ако се однесува сосема коректно и фер спрема нив. Да не го заборавиме фактот дека и таа личност би имала причини да се однесува лошо спрема тебе, редок е тој случај "она е лоша зошто е лоша а јас сум добра" или пак во краен случај индиферентноста на некои луѓе се проценува како злоба или "дигнатост".

Значи арбитарно е и големи се шансите дека постојат луѓе кои те сметаат тебе за лоша личност, дали тебе тоа те прави лоша личност? Не знам, но и да дојдам до заклучок тоа не го прави дефинитивно "ние заклучивме дека ти си лоша личност и готово, лоша си" - арбитрарно е... аххх се е толку матно :)
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Јас никаде не се изјаснав дека никогаш не сум направила ништо лошо, ниту пак реков дека сум сретнала апсолутно добар/зол човек. А примерите ти се на место, се согласувам.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Вреди ради карма ако не друго:) и на оние што ми правеле лошо им враќам со добро, за потоа да ги видам поразени уништени, а јас со тоа се полнам со позитивна енергија и позитивна карма:wink:
Карма је курва.
Некои едноставно се чувствуват добро кога би му наштетиле на некој, такви се у душа...
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Карма је курва.
Некои едноставно се чувствуват добро кога би му наштетиле на некој, такви се у душа...
Карма неможеш да ја излажеш, тие што наштетуваат ќе си прострадаат дупло повеќе, пробај ќе почувствуваш и на твоја кожа, карма забава но не заборава:wink:
 
Член од
2 август 2009
Мислења
1.739
Поени од реакции
136
Едноставно вреди да си добар!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.496
Што знам како делува од другата страна, мене ми е убаво на душата кога ќе направам било какво добро дело за било кого. Ме радува ако на некому можам да му помогнам, се чувствувам корисно така. Ако некој злоупотребува, нему ќе му оди на чест, важно мене тоа ме исполнува до некаде.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Вреди да си добар за тие што и на тебе ќе ти вратат со добро. Тие што чекаат само на тебе, гледаат да те искористат, а после да те фрлат. Процентуално, овие вторите ги шијат на големо првите.
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Вреди да си добар за тие што и на тебе ќе ти вратат со добро. Тие што чекаат само на тебе, гледаат да те искористат, а после да те фрлат. Процентуално, овие вторите ги шијат на големо првите.
Не само ти, туку и уште многу други кои размислувате на тој начин...
И што ако тие некои те искористат? Вие никогаш никого не сте искористиле, па потоа не сте рекле ни „Благодарам“? Или на интернет сите сте светци?
Ај ако веќе толку сакате сето ова да го сведиме на база на Добивка(што добивам јас ако излезам некому пресрет или имам добри намери и слично... поимот „добро“ во овој случај го земам „здраво за готово“ бидејќи отвара уште милион други прашања)... - самозадоволни сте затоа што сте помогнале некому, горди сте бидејќи сте способни за тоа, собирате одобрувања од средината и слично. Што и не е апсолутно лошо - со тоа се задоволува потребата да се биде прифатен од средината(бидејќи, нели, добрината е многу ценета морална вредност), а во исто време помага и на оној кому му треба помош. Наречете го себичност, но немојте да го обвиткувате во „црно“ тој збор бидејќи кога ќе подразмислите - се’ се сведува на тоа.

Вреди да се биде добар, и заради себе, и заради другите, и заради човештвото во целина! Think global, act local!
 
Член од
9 март 2009
Мислења
212
Поени од реакции
24
Која е нашата цел?
-Онаа која ние ќе ја прифатиме.
Од тука... Јас сум тоа во што ќе се убедам себе си.
Ако е така тогаш...
Одиш по твојата цел...
Темата е премногу опширна за да може да се коментира прецизно но исто така морам и да напоменам дека ДОБРО и ЗЛО реално не постои на овој свет.
Така да... пак се враќам - Јас сум тоа во што ќе се убедам... јас расудувам што е добро а што не.

Е сега... Ако твоето размислување е всушност дали да бидам ДОБАР според моите убедувања.. тогаш пак ќе се вратам на истото Јас сум тоа во што ќе се убедам себе си... Ти самиот ќе си пресметаш што е добро а што лошо за тебе.
...Мазохистите сакаат да си нанесуваат болка сами на себе.. дали тоа е лоша работа?? Кога тоа всушност им прави задоволство..
Дали е лошо да бидеш пушач? Ако не ти е гајле тебе дали ќе доживееш 50-60г или за лугето околу тебе тогаш зошто цигарите би биле лоши??

Значи цела оваа тема е гола вода и секој може да си ги наметнува неговите убедувања врз другите... Тоа не е вистината за жал..
Реално на овој свет неможеме да тврдиме што е добро а што лошо, бидејки секој има различни сваќања.

Памти го ова...
Човекот го прави среќен само она што е ретко и трае кратко...
Успесите го праваат човека среќен...
Твоите убедувања се твоите цели, без разлика (ако тебе не ти е какво мислење има тој) што комшијата мисли за истите (незнам дали ме разбираш)
Оствари ги твоите цели и тогаш се е добро.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Памти го ова...
Човекот го прави среќен само она што е ретко и трае кратко...
Успесите го праваат човека среќен...
Твоите убедувања се твоите цели, без разлика (ако тебе не ти е какво мислење има тој) што комшијата мисли за истите (незнам дали ме разбираш)
Оствари ги твоите цели и тогаш се е добро.
Не секого. Мене ме прават среќен и работи кои се чести а траат долго.

Што ако твоите цели се погрешни од старт и ти нанесат непоправлива штета кога ќе се остварат? Како може да се добри :)?
 
Член од
9 март 2009
Мислења
212
Поени од реакции
24
Не секого. Мене ме прават среќен и работи кои се чести а траат долго.

Што ако твоите цели се погрешни од старт и ти нанесат непоправлива штета кога ќе се остварат? Како може да се добри :)?
Не секого. Мене ме прават среќен и работи кои се чести а траат долго.
Бравос! Знам дека е така.. Сам си отидов контрадикторно на себе овде по малку, но сакав да биде сватливо за сите (понекогаш лугето го слушаат само тоа што сакат да го слушнат) :)

Што ако твоите цели се погрешни од старт и ти нанесат непоправлива штета кога ќе се остварат? Како може да се добри.
Тое е веќе друго прашање.. секоаш може да имаш грешка во пресметките :)
 
S

Shellshock nam67

Гостин
зависи од ситуацијата некогаш треба да си лош али не секогаш
некогаш самата добрина ти се исплати се зависи од ситуацијата
 

Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
нема мн фајда од добрина :) за кој како .. не вреди за секој да се заложуваш ..
ко шо вика мама на тато: "да беше женско, до сеа 100пати ќе беше бремен/а "
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Што ако твоите цели се погрешни од старт и ти нанесат непоправлива штета кога ќе се остварат? Како може да се добри.
Тое е веќе друго прашање.. секоаш може да имаш грешка во пресметките :)
Значи треба да се внимава што се посакува и да се иде по народната три пати мери еднаш сечи :).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom