Дали вреди да се биде добар?

Вреди добар ама разумен така некако а не хепи фул ретардињо...
 
ќе бидам добар и не ти давам негативна репутација

Brevis ipsa vita est sed malis fit longior. Јас ова стварно го читам прв пат и појма немам што е, ако тоа што незнам што значи е нешто за лоша репутација, тогаш целава работа околу давање репуација јас сум ја имал погрешно сватено...претпоставувам е латински ама јас ниту латински разбирам ниту сум по латинските дефиниции, се што ми треба да знам веќе е преведено на македонски јазик така да биди љубезен и преведи ако знаеш...
 
Brevis ipsa vita est sed malis fit longior. Јас ова стварно го читам прв пат и појма немам што е, ако тоа што незнам што значи е нешто за лоша репутација, тогаш целава работа околу давање репуација јас сум ја имал погрешно сватено...претпоставувам е латински ама јас ниту латински разбирам ниту сум по латинските дефиниции, се што ми треба да знам веќе е преведено на македонски јазик така да биди љубезен и преведи ако знаеш...
не сум те сватил, мислев дека е коментар а не прашање.
и јас не знам што значи.
мисандрстендинг
 
Ова прашање ми се има мотано често низ глава. А одговорот ни ваму ни таму не ми е.:raz:
Незнам што да мислам. До некаде вреди да се биде добар но, се што е претерано не е убаво. Па така и со добринава.
Колку повеќе правиш добро на другите толку повеќе бараат од тебе, добрината веќе е злоупотребена, тоа на луѓето им преминува во навика.. се навикнуваат свесно или несвесно дека секогаш постои некој друг тука за нив. Ја цицаат се повеќе и повеќе нашата добрина.:icon_neut Добро ни е познато дека во денешницава па и не се цени правилно добринава како и мн.др.работи. Се цени да, ама до кога ?! до моментот кога ке ти кажат фала ?! И така секој следен пат!
Секако дека постојат искучоци не велам не. Но, да ретки се. За жал.
Убаво е да правиш добро но, поубаво е кога истото ке ти биде возвратно. Секако никој од нас не очекува и не не тера да бидеме добри. Но ете такви сме и кој може не искористува, ама ке им се врати кога тогаш.
Јас сум од оние луѓе кои што прават добро и што ке правам. И многу пати било злоупотребено тоа:lut: но што е тоа е. Бедно е што навистина добрите секогаш не чека напорен и тежок живот. Ама ние сме одбрале да бидеме такви какви што сме, или пак едноставно такви сме. Не верувам дека ке се сменам. А и некои работи не зависат само од нас. Тука влијае и околината и мн. др. работи.
Затоа се во граница.. кој колку заслужил толку и ке си добие. Јас несакам да бидам газена. Секако ке правам добро но до тој степен до кој јас сметам дека е доволен. Некогаш е добро и да ги оставиш луѓето малку да се помачат и самите за да си постигнат нешто во животот. Како можеме ние така можат и тие.
А тоа што не ми се враќа доброто не ми се враќа - се тешам со тоа дека сеуште не е време.. ама кој знае.:smir:
 
Не вреди !!

Колку и да сакам да не верувам во ова и да си створам подобра слика и претстава за светот, секој ден се повеќе и повеќе се уверувам во спротивното. Секоја твоја добрина и човечност во било која ситуација, од другата страна е проепознаена како твоја слабост, и како што би рекле англичаните : They try to took advantage of u !

Ааа што повеќе се понашате издигано и како ѓубриња ги третирате другите, оставајќи им впечаток дека во ваши очи тие не вредат ниту да се плукне на нив, е тогаш ќе ти се тресат и ќе имаат и те каква доза на респект спрема вас и дури ќе ве прашуваат кога може, а кога не да направат муабет со вас. Гадно звучи ова но така е, таков си е народот ..
 
Вреди да се биде добар, да се љуби, да се простува, да не се губи надеж, да се верува - тоа не прави луѓе
 
Вреди да се биде добар, сум помагала на луѓе околу мене, мислам секогаш кога можам помагам, и секогаш со добро ми се враќа. Никогаш немам зажалено што сум помагала, а и кога ќе му помогнам на некому многу подобро се чувствувам.
 
Кога ќе има единствена дефиниција за “да се биде добар“, тогаш може некој да каже дека е, или не е добар. А тек потоа да размислуеш дали вреди или не.
 
Вреди, само кон тие што заслужуваат.
 
да се биде добар не е избор туку начин на размислување, чувства, реакции, Доколку мислиш дека ти одлучуваш дали да бидеш добар спрема некој или не тоа е веќе манипулација. И очекуваш нешто за возврат..
 
За кого како. Денес (скоро) сите гледаат да те искористат, наштетат и да успеат во нешто. Вреди да се биде добар спрема тие што те почитуваат, но и да знаеш дека добрината ќе ти биде возвратена.

Денес секој си гледа за себе. Цело време ќе се трудиш да бидеш добар спрема сите и на сите да им угодиш, за на крај да направат будала од тебе. Нешто на кое имам паѓано многу пати.
 
Вреди ради карма ако не друго:) и на оние што ми правеле лошо им враќам со добро, за потоа да ги видам поразени уништени, а јас со тоа се полнам со позитивна енергија и позитивна карма:wink:
 
Вреди ради карма ако не друго:) и на оние што ми правеле лошо им враќам со добро, за потоа да ги видам поразени уништени, а јас со тоа се полнам со позитивна енергија и позитивна карма:wink:

Се заебаваш нели? :)
Тука кармата е симптоматична. Ти враќаш со добро затоа што очекуваш емоционална награда од тоа, значи си духовен материјалист(те оксиморонирав сега,нели?). Незнам колку таа кармичка енергија природно ќе исциркулира и ќе ја награди таа твоја целовно себична активност и исусоидност.
What a good jew you are. :)
 
Што е тоа добар? Нема една дефиниција за добар... Не е црно и бело се околу нас. Овој е добар а овој е лош. Ако под добар подразбирате угодување на другите во секоја дадена ситуација тогаш слободно можам да кажам дека јас сум лош. А и ако некој е лош спрема тебе тоа него/неа ја прави лоша личност, зошто ти не си единствен центар во нејзиниот/неговиот свет. Се е релативно и арбитрарно, вие што се сметате за добри личности од кај знаете дека некоја друга личност не ме смета за лоши зошто некако сте и згрешиле. Интересно е што грешките човекот секогаш си ги оправдува сам на себе.
 
Се заебаваш нели? :)
Тука кармата е симптоматична. Ти враќаш со добро затоа што очекуваш емоционална награда од тоа, значи си духовен материјалист(те оксиморонирав сега,нели?). Незнам колку таа кармичка енергија природно ќе исциркулира и ќе ја награди таа твоја целовно себична активност и исусоидност.
What a good jew you are. :)

Што има лошо во таа т.н. себична активност? Се’ додека не штети на другите, удоволувањето на себеси не е ништо лошо. Себичноста не е апсолутно лоша особина. И сите, без исклучок, ја поседуваме.

***

Под добар човек јас подразбирам човек кој не прави на другите нешто што не сака тие да му прават нему, и најчесто во склоп со своите желби и околности го прави на другите она што сака него да му го прават.
А угодувањето на другите во секоја дадена ситуација не е добро... сите ние имаме чувства и ако ги потиснуваме за да им угодиме на другите, еден ден ќе пукниме и ќе им направиме лошо дури и на оние кои не го заслужиле тоа од нас.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom