D
Daedalus
Гостин
Па можеме ли да ги осудиме кога они не се криви што се лоши? Таков им е генот... Ако „пораката на нивните биолошки родители се со лош ген“, како што кажуваш, што можат они да направат за да бидат добри? Немаат слободна волја да го сменат тоа....не само што генетиката има улога дали некој ќе биде добар или лош и во текот на животот зависи од условите и околината ќе напредува во тој правец... и тоа ако ептен се смени околината и влијанието да го смени правецот па наместо од добар подобар ќе стане лош и полош... и обратно !
![]()
![]()
туку и присутво на специфични физички карактеристики кои ги има во генетскиот код и со само раѓање на детето и растење со видливо запазување на физиономијата се знае дека е тој лош... се користи уште од многу одамна од страна на криминалистичките антрополози ( profesor Cesare Lombroso) кое се темели дека лошите се раѓаат како такви и најчесто тие стануваат криминалци (изразот дека вистински криминалец се раѓа каков таков - Лош ! ) ...самите карактеристични физички показатели (т.н.стигмата) на тоа дека особата е или ќе биде лоша и тоа ако има натпросечна голема вилица, високи јаболчници, сосема слаба или никаква осетливост на болка итн... овие особи кои преку генетскиот код ги носат овие морфолошки карактеристики не можат да се воздржат да не бидат лоши и да бидат криминалци освен ако во животот некој или околината не делува многу силно тоа да се смени кон малку подобро...
секое дете добива генотип со своето раѓање тоа значи комбинација од два основни - едни гени од мајката, други од таткото, кој ген ќе преовладува тоа ќе биде главна карактеристика за тоа дете, ако таткото е носител на лошото, а мајката на доброто, зависи кој ген ќе преовладува тоа така ќе биде ( зелени очи, висок, лош или добар ) ако го добие генот на лошотилок и стигмата на физиономија тоа дете уште од мало е осудено дека ќе биде лош и тука треба многу да се работа, воспита, добра околина за да тоа не биде лош барем да биде малку подобар, но со малку менување на тие услови веднаш избувнува лошотилокот во него и прашање на време кога ќе направи и криминално дело ...
од тука доаѓа заклучок дека лошото не можеме да го искорениме во светот поради ова пренесување со порака на лошотилок во гени кај човекот ...
има безброј случаеви во светот каде посвоените деца пораснати со голема љубов од добрите родители кои го посвоиле, со добро основно воспитување и образовање, добра околина тие стануваат лоши особи, криминалци , хулигани, наркомани па дури има случаеви како ги убиваат и сопствените родители кои ги посвоиле само и само затоа што пораката на нивните гени од двата билошки родители се со лош ген иако им се дало све најубаво во животот од другите родители кои ги посвоиле....
и од тука иде моето мото : Да си лош ( да направиш лоши дела) најлесно е, да те видам да бидеш добар (да направиш добро дело) тоа е тешкото !![]()
![Тажен :( :(](/styles/default/xenforo/smilies/frown.png)