Дали вреди да се биде добар?

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.616
Поени од реакции
31.821
Вреди бе. Пред се јас се чувствувам исполнет во мене кога чинам нешто добро. А то дали ценеле, не ценеле, зависи од нив. Ретки се случаите кои не искажале почит. Веројатно има врска со тоа како ќе се поставиш со човекот од почеток.
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Вреди бе. Пред се јас се чувствувам исполнет во мене кога чинам нешто добро. А то дали ценеле, не ценеле, зависи од нив. Ретки се случаите кои не искажале почит. Веројатно има врска со тоа како ќе се поставиш со човекот од почеток.
Зависи какви луѓе си запознавал, јас изгледа така се поставувам испаѓам будала на секој чекор. Народов ме искористува некое време му прам арно и после кој те е**. Така да кој како си дроби отсега така и ќе си срка и кај мене, оти гледам дека луѓе кои прават лошо се поценети од другите.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.616
Поени од реакции
31.821
Зависи какви луѓе си запознавал, јас изгледа така се поставувам испаѓам будала на секој чекор. Народов ме искористува некое време му прам арно и после кој те е**. Така да кој како си дроби отсега така и ќе си срка и кај мене, оти гледам дека луѓе кои прават лошо се поценети од другите.
Види другар. Факт е дека личниот интерес го поставуваат речиси секогаш пред се останато. Гледаат како да си ја наредат нив да им биди убо на душичката, секако со твоја помош. НО, ако постави им некои граници, нешто во стилот-Биди малку потешко допирлив, или држи ги на дистанца без да им дозволуваш лесно да се мушнат преку црвената линија.
Во таа блиска зона јас лично ги поставувам само најблиските и 2 другарчиња, ништо повеќе.
И секоја добрина што ќе им ја чиниш ќе произлегува како повеќе од твојот карактер, а не од пријателската база и познанство. Така веројатноста да ти ја прекипат малку од малку ќе ја намалиш. Но јас тргнувам од еден друг правец. Ако сторам добрина, а ако не ја почитуваат или злоупотребуваат, можам да само да се насмеам длабоко во себе или ако ми изведуваат салта пред очи, да ги патосам од чименто, со збор секако. Знам дека прекарана добрина губи од вредност, но и тоа се случува. Битно ми е да напоменам дека внатрешната исполнетост која сум ја добивал после таквото сторување, ми чинела многу задоволство и ме терала да прегазувам преку лошотијата и суровоста на луѓето. Онака биди добар од себе и за себе.

Еве конкретен пример-Излегува оглас за демонстратори. Што се вика јас и кажувам на колешка дека постои нештово, таа демек не е запозната со огласот. Му пишува порака на професор каде го прашува како да постапи(ме) бидејќи не можевме да извадеме уверение, поради немарливоста на милата ни администрација која не ги внесла оцените во системот. Потоа мајчината ми кажува дека професорот ништо не и вратил, но таа решила да испрати само биографиче(еден од условите воедно и единствениот кој го исполнуваше таа, наспроти останатите кои бараа да имаш се исчистено се', плус уверение). Јас ништо не испратив фала курцу, кога услови се услови и треба да се почитуваат нели. На крај испаѓа таа ја шибнаа демонстратор, иако слабо условиве , мене јок иако сите ги исполнував, освен тоа што не можев уверение да извадам, не по моја вина. И глеј сега шо се дешава зад грб.
-На другарка од женскава моја и кажува дека професорот и вратил на пораката за да прати биографија (мене ми рече дека не и вратил)
-На друга колешка која има повисок просек од неа и е мирна и наивна, и се јавила во вторник(последен ден за поднесување) во 17 часот и кажала као демек добра дека постои оглас, и дека само што дознала за огласот, па ќе праќала биографија по сат време.
-Јас и кажав што се вели во петокот за нештото.
-Откако заучивме, самата се фати во лага, чунки сега на чупево кроз муабет и рекла дека таа мене ми кажала за огласот, а не јас неа.
-Биографијата фино лепо ја пратила во понеделник без да гугни збор настрана.

И што заклучуваме тука. Дека подлоста и гнасните игри ја искачија на местото на кое сега демек се курца. Има едно што се нарекува кодошлак, и која успешно го применува преку давање извештаи од А до Ш на професорите за тоа кој рекол што рекол. Имаш ненормално црнење на студенти кои паѓаат како круши на испити.
И сега ќе им продава маденца на помалите деца додека ние генерацијата си ја знајме шо катара е. Единствено нешто што таа доби е искуството кое горе долу е интересно да се има, но загуби многу. А знајш шо загуби?
То шо го имам јас. Да одам со крената глава без око да ми трепни, да можам да и се џарам в сурат додека ми го одбегнува погледот на секој чекор бидејќи свесна е за подлоста, да можам да разговарам да се драпам со пријателчињата на факултет, да не бидам озборувам на негативна основа, да не ме покажуваат со прст како некој ме исклоцал и ме седнал некаде каде што не ми е местото. А таа фино лепо како мумија се профучува од врата на столче од столче надвор, без глас да и чуеш. Зборовите на другите кои ја оценија нејзината нечовечност ја задушија во молкот. И не сум саде јас единствен кому вака сторила, ги има многу. Чоек можи да се скара со еден, со двајца, па и со тројца, ама ти да се одчовечиш со сите, очигледно проблемот треба да е во тебе нели.
Имаш и такви кои нема да им чуе ако сториле подла работа и тераат напред ко ништо да не се случило, али јбг, карактери и карактери. Јас верувам дека кога тогаш и моите 5 минути ќе дојдат, па горе долу на некое задоволително ниво ќе се исплати и тоа во кое досега сум го вложувал трудот.
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Не, кратко и јасно.
Ако правиш добри (корисни) работи за другите си заборавен, а ако не, тогаш си гад, егоист, лош човек.
На крајот на денот, сите сакаат да им биде пун стомакот, (некои шупакот) и да си се среќни и весели.....нема сочувство, нема грижа - чиста корист....да не звучам како некој вампир, ама какви комбинации од неверојатни „пријателства“ дочекав да видам во животов, веќе ништо не ме изненадува.....се е сведено на најпроста форма на корист, скоро како предмети....
Има многу малку луѓе на кои им верувам, а дури и во нив често имам голема скепса....

Добри луѓе и добри дела во некое друго време и некое друго место.....овде, тешко....
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397

Абе кога ќе си појдеш од себе тогаш нема утка во проценките никогаш. Твојот универзум е таков, и ништо не може да го смени тоа, уствари он е скроен спрема твојата природа.
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Абе кога ќе си појдеш од себе тогаш нема утка во проценките никогаш. Твојот универзум е таков, и ништо не може да го смени тоа, уствари он е скроен спрема твојата природа.
„Утка“ е тешка оценка за да се омаловажуваш сам себе дека јас си ја напраил. До многу луѓе на чудни начини доаѓаш во животот и човечкото во тебе те тера да ги сметаш за пријатели - што не е реално баш така...Не секогаш „проценките“ те ставаат во ситуација да поминуваш (сериозно) време со некои луѓе....
Кога некој „пријател“ ќе те извиси, прво сети се како сте станале пријатели, а ако сте поврзани преку некои други луѓе (а многу често е така) - не мора да значи дека сте вистински пријатели и дека си „должите живот“ меѓу себе...така и разочарувањето е многу помало...
„Доброто“ како категорија е тешко објасниво и многу поврзано со околностите....тоа што за некого е добро, може за мене да е лошо...
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Јас мислам дека вреде.
Не за другите, за мене вреде.
Барем знам совеста ми е чиста.
Убаво кажа Турвиор погоре, одам со крената глава без око да ми трепне. И тоа никој, ама баш никој нема да може да ми го одземе. Па колку и да биле злобни тие што се околу мене и тие кои не ја ценат и ја злоупотребуваат мојата добрина.
И верувам во карма. А кармата е кучка. Еден ден на сите ќе им врати така како што заслужиле.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
во принцип не вреди (и од емотивен и од економски аспект) да се биде добар. али да се биде добар, не е нешто што се вежба, едноставно го имаш во себе. и обратно, не можеш лош човек да го направиш добар.
е сега, добрите луѓе како зборови на утеха ги користат “со крената глава“, “карма из а бич“ (мојата омилена), “чист образ“ и сл за да си ја оправдаат својата простодушност. сакаш кога/ако можеш да помогнеш, не бараш ништо (можда едно фала само), а и потајно во себе се надеваш дека АКО некогаш и тебе ти треба нешто, дека ќе се најде некој како тебе и слично ќе реагира.
но, животот ме научил дека немам зијан ако направам добро, али и дека ако некој ми направи лошо, дека ако можам со 10 000% камата ќе му вратам. животот е тркало, еднаш си горе, друг пат си доле. работата е во тоа да кога си горе, да не заборавиш дека некои се доле, да не газиш по нив. али ако газиш, ...... кога ќе дојдеш доле тогаш со ќеф ќе го газиш, па ако можеш и ќе го уништиш. но тоа не значи дека нема добри луѓе и дека треба да престанеш да бидеш добар со нив. секој според заслуженото
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
„Утка“ е тешка оценка за да се омаловажуваш сам себе дека јас си ја напраил. До многу луѓе на чудни начини доаѓаш во животот и човечкото во тебе те тера да ги сметаш за пријатели - што не е реално баш така...Не секогаш „проценките“ те ставаат во ситуација да поминуваш (сериозно) време со некои луѓе....
Кога некој „пријател“ ќе те извиси, прво сети се како сте станале пријатели, а ако сте поврзани преку некои други луѓе (а многу често е така) - не мора да значи дека сте вистински пријатели и дека си „должите живот“ меѓу себе...така и разочарувањето е многу помало...
„Доброто“ како категорија е тешко објасниво и многу поврзано со околностите....тоа што за некого е добро, може за мене да е лошо...
Значи пак да повторам....еnergy flows where attention goes.
Колку и да звучи сурово, сам си го посакал тоа да ти се случи.....под претпоставка дека имаш вакви горки искуства.
Значи, Ти ги одбра пријателите, не некој друг или околности некои како што се правдаш. Во секоја друга варијанта си лицемер.
Имаш три варијанти.
Можеш да уживаш во тоа што даваш помош која нема да ти се врати...тогаш си се преправаш дека си светец.
Можеш да уживаш кога на некого му треба помош а ти не му ја даваш...тогаш си се преправаш дека си "ороспија".
И можеш да бидеш тоа што си.
Првото е "добро", второто е "лошо" а третото едоставно е, односно е добро хахахх
Еве ти дефиниција за "добро", "лошо" и добро.
Секоја свесна одлука е добра и vice versa.
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Вреди али за себе лично ако неможеш да бидеш ништо друго освен добар.Совеста да ти е мирна и да се осеќаш чист пред себе и Бога.Но тоа е лично чувство. Некои луѓе не ги гризе совеста нити пак сакаат да бидат добри..Секој со своето....
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
И верувам во карма. А кармата е кучка. Еден ден на сите ќе им врати така како што заслужиле.
Штом ти веруваш, мора да постои.

Јас на пример верувам во зелено летечко чудовиште кое еден ден ќе им наплати на сите кои ми згрешиле. Ќе видат тие...

;)
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Штом ти веруваш, мора да постои.

Јас на пример верувам во зелено летечко чудовиште кое еден ден ќе им наплати на сите кои ми згрешиле. Ќе видат тие...

;)
Ех Ставро не мора со твојот сарказам.
Мој избор е во што ќе верувам, а во што не.
Ти во што сакаш верувај си, тоа не е моја работа. Твоја е.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Ех Ставро не мора со твојот сарказам.
Мој избор е во што ќе верувам, а во што не.
Ти во што сакаш верувај си, тоа не е моја работа. Твоја е.
Да постоеле сите ентитети од процеси во кои луѓето одбрале да веруваат, земјата и небото ќе беа пренатрупани.

На небото ќе се туткаа Маниту, Јахве, Алах, Пеце на Надето, Доран Џамши, а на земјата покрај луѓето ќе имаше вештерки, самовили, елфови, гремлини, и триста други чуда. А ти продолжи да веруваш дека кармата ќе ги казни оние кои ти згрешиле, сигурен сум дека тоа така функционира... :D
 
L

Luki Junior

Гостин
А ти продолжи да веруваш дека кармата ќе ги казни оние кои ти згрешиле, сигурен сум дека тоа така функционира... :D
У најмала рака може да и помогнам на кармата да ги казне тија шо са ми згрешиле. У името на енергетскио баланс на универзумо. :D
И тава у најмала рака..... ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom