Дали вреди да се биде добар?

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Биди добар,ама она вистински родителски добар.Бидејќи луѓето во себе без разлика на возраста го носат она дете,кое бара дисциплина и контрола.Значи да се биде добар е божествена одлика,ама да не се дозволи на тие кои се спремни да ја злоупотребат добрината да ти се качат на глава.Па затоа постои и казната и строгоста.
Ако фатам да ги казнувам сите кои сум им направил добро а ми вратиле лошо,сега комотно треба да ми даде државата субенции за да отворам еден концентрационен логор и да ги однесам таму :) точно божествена одлика е,но ако се решаваш да ја поседуваш во целост таа одлика знај дека некако си природен магнет за зло :)
 
Z

Zoza

Гостин
zavisi od licnostit,koj e dobar so mene i jas sum so nego,koj e los jas sum uste polosa...sepak mislam deka i ne e bas dobro da se bide dobar...
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Ако фатам да ги казнувам сите кои сум им направил добро а ми вратиле лошо,сега комотно треба да ми даде државата субенции за да отворам еден концентрационен логор и да ги однесам таму :) точно божествена одлика е,но ако се решаваш да ја поседуваш во целост таа одлика знај дека некако си природен магнет за зло :)
Да точно така,но под казна не се подразбира само физичкото казнување,па не сме дивјаци и не живееме во талибанско општество,па за секој што ќе не навреди ние да му возвратиме со нож или калаш.Сега е 21 век и има многу пософистицирани психолошки методи кои и се поефективни и оставаат подолговремени траги.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Да точно така,но под казна не се подразбира само физичкото казнување,па не сме дивјаци и не живееме во талибанско општество,па за секој што ќе не навреди ние да му возвратиме со нож или калаш.Сега е 21 век и има многу пософистицирани психолошки методи кои и се поефективни и оставаат подолговремени траги.
На пример.. :)?
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
На пример.. :)?
Јас ти дадов само правец,а начинот и интензитетот е субјективен и сам треба да го истражиш.Тоа што важи кај мене не мора да значи дека ќе даде ист резултат кај тебе со твоите ближни.Не постои универзалност ;).
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Јас ти дадов само правец,а начинот и интензитетот е субјективен и сам треба да го истражиш.Тоа што важи кај мене не мора да значи дека ќе даде ист резултат кај тебе со твоите ближни.Не постои универзалност ;).
Не па јас дека прв пат слушам за овие психилошки методи а да имаат врска со ова :D а и искрено не се замарам,кажав во врска со кампот и тоа е тоа... за жал многу ги има да почнам на сите на наплатувам,нека им служи на нивната мизерна чест :)
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Вреди да се биде добар ...............................................................................................................................
..........................................................................................................................................ама у секс.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Vo denesno vreme koga site se povleceni i si go ziveat zivotot,i koga ke im reces, aj da se vidime ,viikaat nemaat vreme,vreminjata se smenile....na kogo da pomagas?
Pomaganje razbiram koga postar covek mu treba da se kaci vo avtobus pa da pomognes ili ako te zmoli da i kupis lepce ili nekoj lek vo apteka ili da i dades voda.....:)
 
Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.293
Вреди, никогаш не знаеш како може да ти се врати добрината,од кого или на кој начин.
а и да не ти се врати,барем ќе знаеш дека си дал се од себе за да помогнеш некому,да направиш добро дело.
таа рака што дава,не се суши-нели така :) Нека оди од нас :)
 
H

HoT IcE

Гостин
Не вреди, особено не за луѓе кои се лешпери и незаинтересани. Моето лично искуство ме има научено дека ако си со луѓе добар, испаѓаш будала. Ја запослив другарка ми кај мене на работа, ни фала. Кога дојде време да оставам работа, ја замолив последниот ден да ме замени втора смена, јас да идам прва, за да си одам побрзо и да честам некое пиво, ме одби. Причината беше: се договорив со другарка ми да излегуваме. ОК.
Втора случка, мојот втор братучед запаѓа во некои сериозни проблеми, од финансиска причина, од фамилијарен аспект, му се распаѓаше семејството. Му требаа пари, му позајмив колку му требаше. Ми ги врати. После некое време пак доаѓа, бара од мене да го вработам, неможел да плати факултет и немал пари ни за леб, подхитно му требало работа. Го запослувам кај мене на работа дур мое пријателче беше на проба сеуште, пошто ипак, фамилија е фамилија, ко Сопрано да ме растел, и ништо, почна да се обучува, поработа една недела, и му понудија да игра кошарка во 3та или 4та лига кошарка, не знам не се разбирам од тоа. Ја остави работата без да ми каже ништо, без да се консултира, преку СМС порака, со причина дека му било превише напорно да работи како шанкер. ОК.
И имам мал милион вакви работи за кои ништо не сум добил возврат, ниту респект, безброј формати на ПЦа, безброј режење на ЦДа на другарки, за на крај да не ме викнат ни на кафе еднаш. Едноставно, постоев за луѓе само коа им требаше услуга, затоа што знаеја дека неможам да одбијам. Ми беше глупо.
Ама сега се сменив, сега сум дрзок, и знам да кажам не. Честопати ми викаат дека сум безобразен кога ќе добијат негативен одговор. Случка за тоа е последнава ситуација со една другарка, заминува во Германија, и ми бара Росета Стоун, пред тоа ниту еднаш ми нема пишано, ни кафе, ни мафе. Ништо, мислеше дека сум истиот пред 1 година кога се задоволував што ми прават друштво на цигара пред школо. Кога и реков не, ме праша зошто, и реков дека нејќам. Стриктно. Остана со подзината уста, и денес јас сум безобразен. А пред тоа и го имам давано ЦДто 3-4 пати, инсталирано програмата и све. Ниту еднаш фала.

Толку од мене. Значи не вреди да се биде добар. Ама бидете фини, кулутурни и учтиви со луѓе кои заслужуваат. Кога ви треба услуга трудете се сами да си завршите работа, не зависите од никој, и не гелдајте да правите услуги на луѓе од кои знаете дека само ќе ве бараат кога ќе имаат потреба.
 

RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.722
Поени од реакции
3.095
Vo denesno vreme koga site se povleceni i si go ziveat zivotot,i koga ke im reces, aj da se vidime ,viikaat nemaat vreme,vreminjata se smenile....na kogo da pomagas?
Pomaganje razbiram koga postar covek mu treba da se kaci vo avtobus pa da pomognes ili ako te zmoli da i kupis lepce ili nekoj lek vo apteka ili da i dades voda.....:)

Ova ti e veke kultura, no da se bide dobar i neznam kolku vredi bas.. licno go imam oseteno toa i seuste sum toj istiot i nemozam da se smenam kolku i da sum svesen deka kolku si dobar so lugjeto tolku poveke te gazat.
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
НЕ ВРЕДИ дефинитивно, колку подобар си кон луѓево толку повеќе те газат али уште не ми иди памет.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom