Зависи какви луѓе си запознавал, јас изгледа така се поставувам испаѓам будала на секој чекор. Народов ме искористува некое време му прам арно и после кој те е**. Така да кој како си дроби отсега така и ќе си срка и кај мене, оти гледам дека луѓе кои прават лошо се поценети од другите.
Види другар. Факт е дека личниот интерес го поставуваат речиси секогаш пред се останато. Гледаат како да си ја наредат нив да им биди убо на душичката, секако со твоја помош. НО, ако постави им некои граници, нешто во стилот-Биди малку потешко допирлив, или држи ги на дистанца без да им дозволуваш лесно да се мушнат преку црвената линија.
Во таа блиска зона јас лично ги поставувам само најблиските и 2 другарчиња, ништо повеќе.
И секоја добрина што ќе им ја чиниш ќе произлегува како повеќе од твојот карактер, а не од пријателската база и познанство. Така веројатноста да ти ја прекипат малку од малку ќе ја намалиш. Но јас тргнувам од еден друг правец. Ако сторам добрина, а ако не ја почитуваат или злоупотребуваат, можам да само да се насмеам длабоко во себе или ако ми изведуваат салта пред очи, да ги патосам од чименто, со збор секако. Знам дека прекарана добрина губи од вредност, но и тоа се случува. Битно ми е да напоменам дека внатрешната исполнетост која сум ја добивал после таквото сторување, ми чинела многу задоволство и ме терала да прегазувам преку лошотијата и суровоста на луѓето. Онака биди добар од себе и за себе.
Еве конкретен пример-Излегува оглас за демонстратори. Што се вика јас и кажувам на колешка дека постои нештово, таа демек не е запозната со огласот. Му пишува порака на професор каде го прашува како да постапи(ме) бидејќи не можевме да извадеме уверение, поради немарливоста на милата ни администрација која не ги внесла оцените во системот. Потоа мајчината ми кажува дека професорот ништо не и вратил, но таа решила да испрати само биографиче(еден од условите воедно и единствениот кој го исполнуваше таа, наспроти останатите кои бараа да имаш се исчистено се', плус уверение). Јас ништо не испратив фала курцу, кога услови се услови и треба да се почитуваат нели. На крај испаѓа таа ја шибнаа демонстратор, иако слабо условиве , мене јок иако сите ги исполнував, освен тоа што не можев уверение да извадам, не по моја вина. И глеј сега шо се дешава зад грб.
-На другарка од женскава моја и кажува дека професорот и вратил на пораката за да прати биографија (мене ми рече дека не и вратил)
-На друга колешка која има повисок просек од неа и е мирна и наивна, и се јавила во вторник(последен ден за поднесување) во 17 часот и кажала као демек добра дека постои оглас, и дека само што дознала за огласот, па ќе праќала биографија по сат време.
-Јас и кажав што се вели во петокот за нештото.
-Откако заучивме, самата се фати во лага, чунки сега на чупево кроз муабет и рекла дека таа мене ми кажала за огласот, а не јас неа.
-Биографијата фино лепо ја пратила во понеделник без да гугни збор настрана.
И што заклучуваме тука. Дека подлоста и гнасните игри ја искачија на местото на кое сега демек се курца. Има едно што се нарекува кодошлак, и која успешно го применува преку давање извештаи од А до Ш на професорите за тоа кој рекол што рекол. Имаш ненормално црнење на студенти кои паѓаат како круши на испити.
И сега ќе им продава маденца на помалите деца додека ние генерацијата си ја знајме шо катара е. Единствено нешто што таа доби е искуството кое горе долу е интересно да се има, но загуби многу. А знајш шо загуби?
То шо го имам јас. Да одам со крената глава без око да ми трепни, да можам да и се џарам в сурат додека ми го одбегнува погледот на секој чекор бидејќи свесна е за подлоста, да можам да разговарам да се драпам со пријателчињата на факултет, да не бидам озборувам на негативна основа, да не ме покажуваат со прст како некој ме исклоцал и ме седнал некаде каде што не ми е местото. А таа фино лепо како мумија се профучува од врата на столче од столче надвор, без глас да и чуеш. Зборовите на другите кои ја оценија нејзината нечовечност ја задушија во молкот. И не сум саде јас единствен кому вака сторила, ги има многу. Чоек можи да се скара со еден, со двајца, па и со тројца, ама ти да се одчовечиш со сите, очигледно проблемот треба да е во тебе нели.
Имаш и такви кои нема да им чуе ако сториле подла работа и тераат напред ко ништо да не се случило, али јбг, карактери и карактери. Јас верувам дека кога тогаш и моите 5 минути ќе дојдат, па горе долу на некое задоволително ниво ќе се исплати и тоа во кое досега сум го вложувал трудот.