А јас со кого најдов да правам. Ти му кажуваш анте, тој антекурела. Ајде по опклада одма, дека сите до еден примери се точни, од кој тие со мениата се во исти локал, кај што јас пуштав музика, а тој со продажбата и другите 3 казни е во друг. Демек, не ти се верува, или не ти одговара да веруваш и сега, примерите ми вриштат. Ако сакаш, ајде, бујрум, по опклада. ТВРДАМ 100% дека примерите се точни, и дека локалите се опозициски.
Друго, за вториов дел, брат, тресиш глупости. Еве не знам. Ама ти самиот си знајш дека нема шанса да ти излези на крај сметката 00. Зависи со колку сметки работиш + - 100 че гарант че бидиш.
Еве пошто 10 пати праша, од кога треба да се смета за криминал, и како треба да се казнува, јас ќе ти кажам предлог, и кажи ми ти дали е во ред или не е.
До 100 денари, не се казнува. Над 100 денари, за секој 10 денари вишок или мањак по 1000 денари казна. Вака не е фер?
А за ова последново со самовработувањево, како ти што викаш примерите ми вриштат, така и јас можам да речам, примерите ти вриштат.
Eдит:
И Калипсо го затвориле.
добро де ајде ЧЕ си го мериме сега на кој е поголем.
тоа што мене ми одговара и она што се бара не значи дека секогаш е една те иста работа, така да желбите мои и твои со реалноста не се поклопуваат баш секогаш.
така да не мешај правда и правина. тие поими се различни.
а за примерот со макијатото кога ке ми текни уште си се смеам така сам во себе. незнам што да ти речам ,следниот пат мобилниот враце и снимајте.трето чаре нема. секако како што те сватив пошто се опозициски кафич најверојатно кај да се тука се, пак ке дојдат. нека вложи газдата во еден солиден видео надзор со уште посолидно аудио и на готовс бидете. сигурно помалце ке го кошта од 3000 евра или колку беше веќе. па после нека ги земи тие законите враце и пречешлајтеги и што треба и дали треба и како треба, секако треба да ги знае чим се занимава со тој бизнис. па со собраниот доказен материјал барајтеси ја правдата. сигурно една телевизија ке ја објави снимката, ако не секогаш тука е јутуб. ако ништо друго, веќе ако се гини нека се гини машки.
само прашањето е да не му е постран газот, па ......
сигурно не ми има текнато само мене ова со снимањето, некој и погоре имаше споманто, а и газдата твој сигурно не е до толку па да не се има сетено. ама се ми се чини дека нешто друго е работата.
сума сумарум ете и твоите примери да се точни, ете и мојот пример да е точен, значи не е се црно и бело туку е некаде сивкасто.
п.с и нешто офтопик, ама најповеќе на нерви што ми оди, а тоа е кога вработениот скока повеќе од газдата, и го брани како негово да е. е тоа се вика лојалност. тука темане ти правам.
мене лично ама око нема да ми трепни за туѓи гајлиња.
тој е газда , јас вработен и толку. денес ме има утре не. од што мака да си ставам трн во здравa нога, утре фала да не ти речи. ова онака како пријателски совет.
--- надополнето: 13 јуни 2012 во 20:46 ---
Значи според тебе заклучокот е,дека цела прилепска чаршија и дуќанџии се наивни и глупи и дека трето нема и дека инспекторите кој влегуваат шерифски со наредба да казнат се имагинација.Извини вака а кај живееш ти?Си прошетал низ Прилепката чаршија да видиш колку дуќани се затворени и колку дуќани се продаваат?И што заклучок ќе извлечиш од истото?Дека прилепските дуќанџии се оние со бујна имагинација кој што лажат и вошки имаат или овие другиве што им земаат арач на идиотски начин присилно со цел да задоволат нечија фрустрација од високите функционери на УЈП?Што мислиш кое е ?Неможе двете заедно,едно од двете мора да е!
немам скоро ама затоа имам битолска чаршија, така да сликата колку толку иста е. и сега шо ???
шо ти е поентата на муабетот.
демек сите цвеќиња за мирисање, цела прилепска чаршија е опозиција, па затоа ги опнаја.
и ајде по твое за што ги затворија. онака за џабе за ништо шо би рекле.
не велам дека се со бујна имагинација ама дека троа подлажнуват тоа е факт.
де на некој за 50 денари, де на некој за една фискална де на некој дека го мразеле. абе ко не се погоди некој од нив да речи абе стварно крив сум. сите невини кај ги погодија.
ништо кревајте востание трето нема.