Почитувани форумџии,
сите знаеме дека од неодамна драстично се зголемија цените на казните за разни прекршоци, како за сообраќајните прекршоци, јавна чистота, за прекршоци против јавниот ред и мир итн. Знаеме дека целта на казнувањето во правото е да делува воспитно на останатите граѓани и да ги одврати од вршење на прекршоци и кривични дела, како и „одмазда“ кон сторителот на делото за тоа што го сторил. Очекувањата беа дека со зголемување на цените на паричните казни, значително ќе се намали и бројот на сторените прекршоци (овој пат ќе се задржиме само на прекршоци). Но, дали успеавме во тоа ? Секојдневно сме сведоци дека како главна причина за сообраќајните незгоди, во кои гинат едно чудо луѓе се наведува брзото возење, возењето под дејство на алкохол, непочитување на сообраќајните знаци итн. за што инаку се пропишани мрсни казни.
Дали на граѓаните им се евтини казните па не се загрижени за нив ? Дали сообраќајните полицајци доследно го спроведуваат законот и ги казнуваат сторителите без пардон ? Корумпирани ли се, па високите парични казни само им го зголемија дневниот профит (без навреда) ?
Мене лично не ми делува дека сообраќајните прекршоци се намалени, ниту пак оние за јавна чистота, за нарушен јавен ред и мир и сл.
Што мислите вие ? Каде е грешката и што не штима ? Треба ли нешто да се менува ?
Очекувам конструктивна дискусија, без навредувања и слични работи.