Некако сум поделена по ова прашање.
Мислам дека само еднаш се љуби, ама не сакам да верувам во тоа. Секогаш сум си го поставувала прашањето: Како ќе знаеш дека си го искористила тој еден пат? И дека нема веќе пак...
Но, најверојатно ако сум го поставила тоа прашање, не сум почувствувала вистинска љубов.
Мислам дека сакаме различно и во различни периоди. Мислам дека на секој човек во нашиот живот сме му поделиле емоции.
Сум сакала, некогаш повеќе, некогаш помалку... некогаш и повеќе отколку што заслужувала другата страна.
Сепак сметам дека вистинската љубов и вистинската шанса доаѓа еднаш, на нас останува дали ќе ја искористиме. Ако ја изгубиме, секогаш ќе има дел од нас кој ќе биде празен иако ќе се трудиме да го надополниме. После тоа можеби ќе сакаме пак, но никогаш исто.
Ако еднаш се љуби и се изгуби, мислам дека може да се сака пак, само што еден дел од личноста секогаш ќе биде некомплетен.
Можеби животот ќе ме исправи, можеби и некогаш ќе сменам мислење. Никогаш не се знае што ќе ми се случи во животот и какви пресвртници ќе имам. Но, засега, останувам на мислењето дека еднаш се љуби иако некогаш се плашам од тој став.