Темава е 2 во 1.
Значи, за првиот дел, не верувам дека можеш да си заљубен во повеќе од 1 личност. Можеш да сакаш многу луѓе, ама да си заљубен само во 1.
А за вториот дел, верувам дека можеш да се заљубиш повеќе пати. Ама никогаш нема да биде исто. Неможеш да љубиш двајца на исти начин никогаш. И мислам дека оние кои мислат дека само еднаш се заљубиле, веројатно мислат на онаа љубов која им била на најинтензивна.
Ми нема поента тоа „љубење само еднаш“. Пример ќе се заљубиш кога си 15,16, 23 не е битно, почетокот на животот... И ете не испадне ништо од врската. И? Готово, отишол возот и никогаш веќе нема да бидеш среќен во врска? Па како може да верувате во тоа? Не е тоа самоосудување на пропаст? Не сме волци па да имаме еден партнер и тоа е тоа.