Класика тинејџерско размислување. Не е за секирање, сите мислиме дека ни поминало:helou:
Секојдневно сме изложени на влијанија кои го менуваат и обликуваат нашиот карактер. Тоа е поради феноменот на интерес. Се додека постои интересот, карактерот не може да биде константен. Животот не е свиња, ама и јас не сум темјанушка. Не зборам за дволичност, зборам за индивидуалното легитимно право за наоѓање свое место под сонцето.
Тие мудролии како, за никој не го менувам карактерот, никој нема да ми каже шо да правам, треба да презентираат некоја бесстрашност. Само бебињата се бесстрашни. Секако дека свесно нема да си го смениш карактерот, но не можеш и да негираш дека ќе дојде до било каква промена на карактерот во некоја идна ситуација и плус да гарантираш за непроменливоста.:helou: