Дали може некој да ми го објасни терминот
вечен?
...се има почеток и крај....па така и човековиот живот....
..можеби го сожалуваме своето домашно милениче (куче) кое умрело од старост после само 12 или 13 години....но можеби истото чувство го имаат за нас дабовите, маслинките и останатите дрвја за кои човековиот живот е само период на нивното детсво.....луѓето умираат и се раѓаат нови...а дабовите се неми сведоци на промената на генерациите...но и нивниот живот е само миг во однос на Земјата....
....не е битна должината на животот...туку неговиот квалитет...убавите моменти од животот кои секојдневно ги пропуштате...луѓето кои ги запознавате и се покрај вас во одредени моменти од животот....
...долг живот не значи и среќен живот...битна е сегашноста....битен е секој момент од животот....додека фантазирате и го барате
...животот поминува покрај вас...и наместо да барате долг живот....можеби е попаметно да побарате здравје....или пријатели....
....и за крај за сите оние кои посакувате бескраен живот....една лектира која најверојатно сте ја прескокнале.....СТО ГОДИНИ САМОТИЈА