Дали ако слушаме рок/метал сме неверници?

К

Кнез Мишкин

Гостин
Ајде разбирам за Блек и Детх металот дека во нив и содржината на песните е сатанска и тие што свират се ситее антрихрист против господ со тие пентаграми и такви го*на... Али зза металот хеви металот не свакам зошто е така.. Ајде да видам ако некој повеке се разбира во овие работи нека каже
Пентаграмот е христијански симбол, порано многу се користел од страна на црквата, проблемот се јавил кога некои окултисти си го присвоиле и почнале да го користат, така да овој симбол станал одбивен на црквата. Инаку петте крака ги означуваат петте божји зборови и така натаму. Глупо е овие „сатанистички“ бендови да го користат тој симбол, кој изворно потекнува од христијанството. Ама нели, бабарогите го користеле, па изгледа кул да го користат и они.
Порано слушав death metal, после почна да ми влијае негативно, да ми смета и да ме пореметува...
 
I

Iblis

Гостин
Не е проблемот во музиката, оти музикалноста е вродена човекова потреба и дар. Проблемот настанува кога преку музиката, извесни центри на моќ, се обидуваат, а многу и им успева, преку музиката да ни‘ подметнат нешта за кои музиката не е создадена, почнувајќи од идолатрискиот однос на слушателите кон музичките изведувачи па се‘ до подметнување новокомпонирани човекови миудрости и конечно, подметнување сатанизам. Од комерцијално достапните музички правци, токму рокот, особено хард рокот и неговиот дериват, познат како „хеви метал„ се нај очигледните начини за подметнување на сатанизмот кон аудиториумот. Доволно е да ја погледнеме иконографијата со која се служат „рок„ и „метал„ групите се‘ станува јасно до очигледност, почнувајќи од имињата на нивните бендови, гардеробата, имиџот па преку текстовите, начинот на изведување на музиката и конечно, нивните настапи пред публиката.
Во право е мики, еве пуштете ова ќе видите прав сатанизам
П.С.
Абе пошто ова е наопаку пуштена дале е анти-сатанизам или мазинатас?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Во право е мики, еве пуштете ова ќе видите прав сатанизам
П.С.
Абе пошто ова е наопаку пуштена дале е анти-сатанизам или мазинатас?
Си немал некој работа, па си измислува глупости. Безпослениот поп и јариња крсти....
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Признај си ги гревовите. Ќе ти биде простено, чедо.
:D Престанав да го слушам пошто почна да ми станува досадно и да ме удара на психа, далеку дека тоа го направив од религиозни причини.

Него, пошто металците се фиксаат и се сатанисти, што е со турбо фолкот, небаре тоа ти е едно исто, блуд, неморал. Утерај ми мичо кола у гаражу.Или пак македонските, п*чка прва класа, македонско-српските тај ти не личи мала, тај те не ј*бе...
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Мики, премногу ќе генерализираме ако речеме дека целиот правец Рок музика е таков. Има еден куп бендови во кои има членови Христијани, или пак кои целосно игнорираат религија во текстовите од песните, си пејат за други работи. Металика напр, немаат ништо сатанистичко, Дип Парпл, Клептон итн. Во една кошница има различни јаболка, некои поарни, некои полоши, некои скапани. Така е и со рокот/металот. Можеби таму има најмногу скапани јаболка, но оние добрите се ептен добри.
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Ги мрзиш и Aнастасија/Dead Can Dance? :D
анастасија не слушам, а dead can dance имам некој си албум тамо пред 6-7 години снимано, не се пронајдувам у таква музика. Пример dead can dance имаат изработено добар соундтрак за филмот the spirit of baraka (ако не сум грешка) ми се свиѓа музиката ама текстовите не ги ни знам, слушам музика и си замислувам што сака композиторот да каже. Пример јас не ни знаев дека уствари dead can dance прават музика со верска тематика, еве од тебе читам. :)
 
V

Vollstandig

Гостин
Во музиката повеќе владее шоубизнисот него ли музичкиот квалитет. Секој сценски настап, и тие отскоци од нормалното опшество придонесуваат за популаризација на одреден стил на музика /бенд а со тоа и добар профит.

Што доколку вашиот омилен бенд, излезе на сцена, по тренерки, ви речи здраво како сте, пее текстови кои не се никаков отскок од нормалното опшество би пропаднал уште пред да биди создаден.
Е сеа, секогаш имало и ќе има дегенерици, неупатени фанови, тешко влезени во филм луѓе кои тоа ќе си го земат здраво за готово па ќе го применат во нивниот приватен живот, како голем број на металци упорно правејќи се посебна класа на луѓе, упорно изведување стилови, по улици со што ти знам какви облеки и накити. Да, дека нивните омилени бендчиња носат таков имиџ на сцена, но ако погледни човек подлабоко ќе забележи дека се е тоа сценски настап, а не дека тој стил на облекување или она што го промовират со глупавите текстови дека е цел на нивниот живот и идеологија.
Исто како за мерлин менсон кога се ширеа муабети ќе се самоубиел на 666-тиот концерт, дека бил сатанист и не ти знам што. Слободно погледнете го во неговиот приватен живот низ некоја слика на интернет ќе забележите дека и покрај неговиот ексцентричен карактер, кој е посебно наменет за сценски изведби и популаризација на неговио бенд, типот е во понормално издание.

Значи муабетите неверници, сатанисти, вакви такви, највеќе ги поттикнале да излезат токму таквите фанови.
Што ако да речеме трајко си слуша метал ама не се прави ексцентрик, не се облекува со маици печатени со распаднати лешеви, гробови, не носи наопачни крстови, не носи високи чизми со ланци катанци и друга артилерија среде лето, едноставно слуша музика? Тоа е слушател, додека, човек кој постојано е со етикетирани маици со гробови и што ти знам што, постојано изведува со некој “металски накит“ и други тракатанци, слуша “анал бендови“ (anal bleeding, anal disaster...etc) и постојано ти го тупи дека ти тоа што го слушаш е комерцијала и си глуп и геј и крајно време ти е да почниш да ги слушаш неговите анално-сатански бендови кои ни самиот не ги разбира, а ниту самиот бенд не можи да ги слуша, е тоа ти е пример за чисто уфилман човек, кој не само што ја грди културата и насилно испаѓа отпадник од опшеството туку и остава лоша слика за музиката и пред се за самиот себе си.
Обично ваквите дегенерици или дефекти да ги наречам се “раѓаат“ во периодот на адолесценција односно пубертетските хормони штом ќе им удрат во главата, сакајќи на посебен начин да се истакнат, неможејќи во школо на било кој начин да бидат кул,па го одбираат токму овој начин. Периодот на ваквото филмаџиско движење трае се додека не изеде добар ќотек од дома, или пак, додека не му удрат хормоните во глава да фати женска, а доттогаш не успеал со неговиот стил, или пак успеал да порасни до некој степен и станал нормален човек.
И нормално, има луѓе, кои остануваат истите преку целиот живот, истиот начин на живот и никакви промени и автоматски таквата класа на луѓе оди во отпад од опшеството, заради колективното собирање и пијанчење, постојано трескање по свирки и журки и немање подобра визија за иднина освен она истото, смрт за кремци, турбо фолк, хаил сатан метал, анал бендови итн.

Секогаш погрешните фанови, оставаат погрешна слика за еден стил на музика , а секогаш тие се причината за појава на ретардирано-сатанско-анално-ментални бендови, кои никој не би ја разбрал нивната музика, па дури ни самиот бенд.

Еве чист пример, за што станува збор:

Песната се вика The smell of hot shit, закоравен копрофил кој грофта како свиња....


И кажи ми ти мене (до авторот на темата) како нема да те направат луд, глуп, ретардиран, и што знам уште каков, ако постојано презентираш некоја дегенеричка бучава со текстови за гомна, фекалии, мрсули, колење, јадење црева , и убивање? Како сака народо да ги прифати како нормални тие луѓе, што многу ми е јасна сликата, седнати друштво во парк, типот не знае 2 со 2 да скрсти, не го бива во муабет и останато, за него тие се кремци, тие се селјаци, тие се турбофолкери, технаџии трансери, а тој е совршениот и им пушта од мобилен анал-бендови и текст што сам не го разбира и ги критикува другите дека фактички тие не ја разбираат музиката и неговото движење.Многу пати сум разговарал на оваа тема со т.н металци, и ми кажувале објаснувале дека текстот имал скриено значење, не било уствари за гомна и фекалии и друго туку било скриено, па незнам какво, фактички овие се пославни и од кодот на давинчи.
А уште подосаден муабет од страна на металец ми е кога, едно па исто прашање го поставува со секој новозапознает човек: “Што слушаш?“ Зар е толку битно на која музичка фреквенција моето уво одлепува и кој стил, бенд, пеач го слушам, па према тоа да се добие заклучок дали типот е геј или нормален. Памтам муабети во паркови кога фактички ќе се убиеја едни со други, заради некои си глупави бендови, едните биле комерцијала, другите биле андерграунд, третите немале стил биле геј, овој ги слушал металика и бил глуп тие биле комерцијала, оној слушал канибал корпс, тие биле гром и цар бил човекот...
Многу е глупо тупењето кој што слушал и како слушал, едноставно , исто е ко некој вегетаријанец постојано да чита здрава храна, и постојано да го прашува некој “Што јадиш?“ па према тоа да одреди дека ако сакал повеќе мазник со сирење е глуп, а ако сакал мазник со спанаќ бил далеку попаметен. Едноставно се работи за личен вкус и избор така да што другиот слуша е најмалце битно или интересно да се разговара, а тоа е нешто што целиот живот не сум можел да го сфатам од уфилманата популација.
Исто така познавам многу луѓе кои не завлегле во филм со музиката а активни се по журки од секаков тип, долгогодишни слушатели на рок, транс или било што, и си ја ценат и разбираат музиката, но сепак таквите луѓе се ретки, но квалитетни.
 
T

Tetro

Гостин
tl;dr работава...

Секоја музика си носи со себе одреден вид на дрога.
Немојте да седите деца на чименто, да не фатите настинка. Ако веќе седите надвор, загревајте се со раќија, така го јакнете имунитетот. :D
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.163
Поени од реакции
6.040
Јас сум атеист (значи некои би ме класифицирале како неверник) и слушам хеви метал. Слушам доста бендови, од кои се наоѓаат и некои песни со христијанска содржина. Дали слушањето на такви песни ме прави христијанин? Понекогаш слушам и песни со антихристијанска или сатанистичка содржина. Дали тоа ме прави антихрист или сатанист?
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ау што не кажувате вакви рабојќе, одма да престанам да го слушам Ози Озборн:cenzura:
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ау што не кажувате вакви рабојќе, одма да престанам да го слушам Ози Озборн:cenzura:
Kaсно е сега, џабе е чим си го слушала ти си неверник :D
Ај па ти не зезај, нема што две „оче наш“ нема да простат. И уз пат по некоја свеќича и некое париче на иконче. И готово, пак си верник. :P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom