Неее, времето никако не е само концепт создаден од човекот.
Она што тебе те има наведено да го мислиш е тоа со месеците и годините. Годината, месецот, неделата, денот, часот, минутата, секундата се определени временски интервали кои се дефинирани од човекот како единици мерки за времето.
Основна единица со која се мери времето е секундата. Најпрво била дефинирана така што едно завртување на Земјата околу Сонцето, а тоа е 1 година најпрво е поделена на 365 (дена) па на 24 (часа во секој ден) па на 60 (минути во секој час) па на 60 (секунди во секоја минута).
Во поново време се користат многу попрецизни методи за дефинирање на основната единица за мерење време.
Со тоа човекот си обезбедува начин на сметање на времето што му е неопходно во секојдневието.
Времето не е вештачки концепт. Времето постои, е реално, ние живееме во него, се се случува во него.
Времето како концепт во филозофијата а посебно во физиката (која најмногу може да го проучува времето) е многу комплициран, неинтуитивен и тежок за разбирање.
Има луѓе на светов кои се занимаваат со „проучување“ на времето, но како човештво сме далеку од разбирање на времето.
Има многу, многу наука овде. Времето е нешто што ги интригирало физичарите и филозофите отсекогаш. Разни научници како Галилеј, Њутн, Ајнштајн и други придонеле по трошка во објаснувањето на времето. Може да се рече дека дури и покренале повеќе прашања за него.
Времето е поле на истражување во теориската физика, па со сигурност ќе дојде ден кога на големо ќе се работи за неговото разјаснување. Засега е префундаментално и немаме доволно наука за да можеме посериозно да работиме на него )