Дали Времето е човеков концепт ?!

Член од
19 јуни 2012
Мислења
404
Поени од реакции
417
Не знаев каде да ја отворам темава, па ако е на погрешно место, модераторите нека ја сместат на своето место!

Под Време подразбирам, сфаќањата на човекот да подели одредени временски периоди, односно секунди, минути, часови итн.
Дали Времето-како концепт е вештачки создаден од страна на човекот ?
Можеби е природен концепт или само илузија, која човекот сеуште ја нема доволно разбрано ?
Некаде прочитав дека интервалите како 1 месец, 1 година, се природни, бидејќи се земени примери од природата, (Месец-Движењето на Месечината околу Земјата, Година-Движење на Земјата околу Сонцето)
Дали човекот правилно (реално) го има разбрано концептот на Време или сеуште сме со погрешна перцепција ?
Што мислите Вие ?

 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Неее, времето никако не е само концепт создаден од човекот.
Она што тебе те има наведено да го мислиш е тоа со месеците и годините. Годината, месецот, неделата, денот, часот, минутата, секундата се определени временски интервали кои се дефинирани од човекот како единици мерки за времето.

Основна единица со која се мери времето е секундата. Најпрво била дефинирана така што едно завртување на Земјата околу Сонцето, а тоа е 1 година најпрво е поделена на 365 (дена) па на 24 (часа во секој ден) па на 60 (минути во секој час) па на 60 (секунди во секоја минута).
Во поново време се користат многу попрецизни методи за дефинирање на основната единица за мерење време.

Со тоа човекот си обезбедува начин на сметање на времето што му е неопходно во секојдневието.

Времето не е вештачки концепт. Времето постои, е реално, ние живееме во него, се се случува во него.
Времето како концепт во филозофијата а посебно во физиката (која најмногу може да го проучува времето) е многу комплициран, неинтуитивен и тежок за разбирање.
Има луѓе на светов кои се занимаваат со „проучување“ на времето, но како човештво сме далеку од разбирање на времето.

Има многу, многу наука овде. Времето е нешто што ги интригирало физичарите и филозофите отсекогаш. Разни научници како Галилеј, Њутн, Ајнштајн и други придонеле по трошка во објаснувањето на времето. Може да се рече дека дури и покренале повеќе прашања за него.

Времето е поле на истражување во теориската физика, па со сигурност ќе дојде ден кога на големо ќе се работи за неговото разјаснување. Засега е префундаментално и немаме доволно наука за да можеме посериозно да работиме на него )
 
C

cige

Гостин
и времето е релативна работа, секаде исто не минува.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Времето, буквално е мерка, последица од дејствија. Метафорично и филозофски гледано тоа е многу повеќе. Според второто човеков концепт е.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Времето како концепт не постои само за себе, постои единствено како нераскинлив дел од просторвремето - рекол прапрадедо Алберт.
 
Ф

Флеш

Гостин
Хм ... го преставуваме времето според време на распаѓање на предметот .... мравка,3 дена,пеперутка,една недела, мачка 15 години , човек 70 години .... и си тече .... гледаме од агол ...
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Без разлика дали би го нарекле концепт на движење, или пак само концепт на промена, кој предизвикува да го перцепираме како движење, у секој случај таквата промена се случува на одредено место, и таквата промена ние ја перцепираме како време. Различни видови различно ги перцепираат таквите промени. Нашиот циркадиски часовник повеќе или помалку го диктира нашиот концепт за време.
 
D

Daedalus

Гостин
Времето е релативно, ама постои. Исто како што постои енергијата, масата итн...
Само затоа што тече различно зависно од местоположбата и брзината, тоа не го прави нереално. Земи ги на пример другите физички величини како изминат пат, брзина, забрзување, сила итн...

Сите се реални и за сите воедно е потребно времето како компонента за да се пресметаат у формула. Временскиот континуум е создаден со почетокот на нашиот Универзум, после Биг Бенгот. Не можеме да знаеме дали го има како величина во други универзуми и дали постоело пред настанувањето на нашиот универзум. Постои нова евиденција дека нашиот универзум е 3Д проекција на друг еднодимензионален универзум во кој се случуваат сите настани по линеарен пат и воедно истите се манифестираат тука.

Поентата е дека луѓето мешаат релативност на време со постоење на време.
Времето е релативно, ама не е нереално. Енергијата исто така е релативна и масата.
Јас и ти немаме иста маса и не трошиме иста количина на енергија. Аналогно на тоа, можно е за мене и тебе исто да не тече времето ако јас и ти сме во различни услови, се движиме со различна брзина итн..
Мислам дека темава е за у наука, али добро. :X3:
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
“Time isn’t precious at all, because it is an illusion. What you perceive as precious is not time but the one point that is out of time: the Now. That is precious indeed. The more you are focused on time—past and future—the more you miss the Now, the most precious thing there is.” :D
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
"Vremeto vo denesno vreme tece so razlicna brzina i gustina otkolku vo minatoto" - Taskovska
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Времето е релативно, ама постои. Исто како што постои енергијата, масата итн...
Само затоа што тече различно зависно од местоположбата и брзината, тоа не го прави нереално. Земи ги на пример другите физички величини како изминат пат, брзина, забрзување, сила итн...

Сите се реални и за сите воедно е потребно времето како компонента за да се пресметаат у формула. Временскиот континуум е создаден со почетокот на нашиот Универзум, после Биг Бенгот. Не можеме да знаеме дали го има како величина во други универзуми и дали постоело пред настанувањето на нашиот универзум. Постои нова евиденција дека нашиот универзум е 3Д проекција на друг еднодимензионален универзум во кој се случуваат сите настани по линеарен пат и воедно истите се манифестираат тука.

Поентата е дека луѓето мешаат релативност на време со постоење на време.
Времето е релативно, ама не е нереално. Енергијата исто така е релативна и масата.
Јас и ти немаме иста маса и не трошиме иста количина на енергија. Аналогно на тоа, можно е за мене и тебе исто да не тече времето ако јас и ти сме во различни услови, се движиме со различна брзина итн..
Мислам дека темава е за у наука, али добро. :X3:

Дали кога би имал меморија од 1 секунда би можел да го напишеш ова?
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Дали кога би имал меморија од 1 секунда би можел да го напишеш ова?
Доколку за еден збор да го напишеш би ти требала една отосекунда, тогаш ќе се изнапишеш ли многу?
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Доколку за еден збор да го напишеш би ти требала една отосекунда, тогаш ќе се изнапишеш ли многу?

Не. И нема ни да имаш концепт на време. А ќе бидеш жив, и свесен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom