Дали Времето е човеков концепт ?!

Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Не. И нема ни да имаш концепт на време. А ќе бидеш жив, и свесен.
Една атосекунда у споредба со секундата е како секундата у споредба со некои 30+ милијарди години. Е сега, една атосекунда уствари го претставува времето у кое светлината ќе помине растојание од 3 водородни атоми. Доколку светлината би патувала поспоро, ќе трае уште подолго споредбата меѓу атосекунда со секунда, и секунда со колкав број години.
Она шо е лајфтајм за нас, благодарение на нашиот циркадиски саат е циклусот на мозочните процеси. Затоа она шо е лајфтајм за нас некои 7-80 години, и за кучињата пак си е лајфтајм кој они го доживуваат како нивни 7-80 години, иако ние го доживуваме како пократко време. Од наша перспектива кучињата живеат по 7-8 години, но од нивна можеби и 80 години. Зошто? Оти нивните мозочни циклуси траат пократко у споредба со нашите.

Доколку целиот циклус би траел у атосекунди, секундата би била премногу долго. Не можеш да знаеш колку нешто е големо/долго/кратко ако го споредуваш само со себе, затоа ти е потребна референтна мерка.

Доколку светлината би се движела побрзо, во една атосекунда би се дешавале многу повеќе процеси отколку сега, пошто сега претставува растојание од 3 водородни атоми. Кога би претставувала една атосекунда колку шо сега претставува секундата, времето ќе го мериме у атосекунди, што според нашата перспектива пак ќе бидат саати.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238

Ако секундата е мерка за време, а времето мерка за релација на случувања, oдносно нивната последователност или каузација, а ние за истата сме свесни само преку способноста за памтење и како резултат на тоа го имаме концептот на време, бидејќи кога би немале меморија не би биле сведоци на каузација/корелација туку само промена односно еволуција. Што значи, има директна корелација помеѓу концептот за време и Нашата свест или faculty of memory. Тоа што ние ги памтиме поранешните случувања ни ствара илузија дека тие постојат во минатото, а уствари тие се сега ова што го гледаш само еволуирани и не постојат ниакде. Значи имаш само Сега, и времето постои само како Концепт. Навистина постои. Но како концепт. Целиот концепт на време е извлечен емпириски а тврди дека Времето трансцедентира што логички не е возможно. За да се докаже, треба да патуваме во време, што е фактички не возможно, и е теоретски лабилно затоа што самата теорија е експериментално невозможна а со тоа и обвржана да остане само спекулација односно игра на умот. Со оглед на тоа дека се останато е спекулација и дека единствено што можеме со сигурност да тврдиме е дека постои само Сега и истото се менува и како последица на нашата меморија на таа промена ние сме сеуште свесни за неа иако повеќе не постои, затоа што постои само Сега. Фактички времето не е вектор туку Точка во суперпозиција.
 
D

Daedalus

Гостин
Дали кога би имал меморија од 1 секунда би можел да го напишеш ова?
Интересно е што нашиот систем на меморизирање работи во форма на сејвнати фајлови. Практично имаме многу синапси од кои секоја е со различен потенцијал да "испука" на различен стимул така што начинот на кој ја претставуваме меморијата е во форма на фајлови кои ги повикуваме по некој редослед за кој виртуелно си го праиме "тајмлајнот" на времето кое поминало за нас во кое што секако има грешки или заборавени фајлови.

Поради тоа што нашиот мозок се наоѓа во трите димензии и истите може да ги "контролира", додека пак нашиот мозок не е формиран таков за да ја контролира четвртата димензија, полесно ни е да ги наречеме овие три простор, а таа време поради илузијата дека истата е ексклузивна од овие три. Всушност нашиот универзум е четири-димензионален (бар со досегашните знаења) али ние сме три-димензионални битија. :) Настрана од тоа што на квантно ниво постојат повеќе "димензии" кои сеуште не можеме да знаеме дали играат улога во нашата "свест", од друга страна не сите центри на мозокот кои ја контролираат меморијата се поврзани со манифестацијата на свеста што може да ни помогне да ја изолираме нашата меморија од нашата свест иако на различни начини овие се поврзани меѓусебно.

Париеталниот лобус и инсулата се директно поврзани со резонирањето на неокортексот, али амигдала и хипокампусот не се директно поврзани со свеста пошто се наоѓаат на друг леер od нашиот мозок кој е попримитивен од неокортексот. Така што практично можеш сеуште да ја имаш свеста ама да имаш пореметена меморија ако некој од тие делови на мозокот ти е нефукнцонален. Дури и да имаш периодична/перманентна амнезија, пак ќе можеш да бидеш "свесен" сам за себе. Меморијата е побезбедно да ја разгледуваш како збир од тридимензионални фајлови со маса кои се активираат од различни стимули неголи како некој сегмент на нашиот мозок кој е поврзан со четвртата димензија на време.

Времето сме еволуирани да го чувствуваме ама не можеме да го менуваме. Сепак, математички можеме да го докажеме. Многу работи, според мене, кои не можеме инстинктивно и интуитивно да ги разбереме и почувствуваме поради ограниченоста на нашиот мозок, можеме математички да ги докажеме што е предност за разбирање на феномени кои се ван нашиот дохват.

Настрана од тој муабет, еве ти јака студија што излезе пред неколку недели за природата на нашиот универзум.
http://www.nature.com/news/simulations-back-up-theory-that-universe-is-a-hologram-1.14328
--- надополнето: Jan 25, 2014 8:30 AM ---
атоа она шо е лајфтајм за нас некои 7-80 години, и за кучињата пак си е лајфтајм кој они го доживуваат како нивни 7-80 години, иако ние го доживуваме како пократко време. Од наша перспектива кучињата живеат по 7-8 години, но од нивна можеби и 80 години. Зошто? Оти нивните мозочни циклуси траат пократко у споредба со нашите.
Кучињата се генетски програмирани да стареат различно и да имаат различен биолошки саат и "циклуси". Времето не тече различно за нас и за кучињата. Иако не можеме да го измериме нивното субјективно чувство за време, ипак со оглед на тоа дека се наоѓаме на Земјата, времето тече исто за сите кои сме тука. Има минимални разлики од едниот до другиот пол што се занемарливи. Двајца близнаци кои се толку оддалечени еден од друг, ќе имаат разлика во нивната возраст за 40 години од не знам колку таму милисекунди.

@Shahbaz најдобро ги разбира тематикиве
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
480
Има работи кои човекот неможи да ги објаснит,ама можи да ги почуствува!Времето е една од тие работи кое неможе да се разбери а може да се почуствува.Во секој случај времето доминира со нас,нели животот нема реприза!?:unsure:
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Човечки концепти се глорификација на човековото постоење, самопромоцијата во центарот на важноста на постоењето, егоцентричноста и егоизмот - се' друго е космичко.
Нашата мисловна и сетилна немоќ е секогаш тргната на страна, нашиот (човечки и цивилизациски) живот чие времетраење во космички размери е blink of an eye, неправедно се поставени на пиедестал, кој предвидува дека целиот универзум е за нас скроен - неверојатно. Како човештвото ги дели просторните и временските интервали, надвор од ситната плава точка е тотално ирелевантно, тие ние самите си ги имаме скроено за да си го олесниме живеењето и меѓусебното разбирање....но, ниту филозофски, ниту научно немаме одредено конкретни дефиниции кои барем приближно точно ќе можат да ги одредат концептите на просторот и времето. Точно, ги чувствуваме, мериме, ама немаме ни приближно допрено до одговорите на тоа - дали постои и некаков поинаков концепт освен простор-времето? Дали тие се истовремено започнати? Кој ги поставил нивните основни правила и воопшто дали нашите сетила ги восприемаат коректно или изобличено? Во овој контекст мислам дека може само да се разговара околу проблемот дали коректно го перцепираме времето, па и просторот, а повеќе од сигурно е дека некакво човечко конкретно структурно влијание врз овие концепти е неможно...
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Интересно е што нашиот систем на меморизирање работи во форма на сејвнати фајлови. Практично имаме многу синапси од кои секоја е со различен потенцијал да "испука" на различен стимул така што начинот на кој ја претставуваме меморијата е во форма на фајлови кои ги повикуваме по некој редослед за кој виртуелно си го праиме "тајмлајнот" на времето кое поминало за нас во кое што секако има грешки или заборавени фајлови.

Поради тоа што нашиот мозок се наоѓа во трите димензии и истите може да ги "контролира", додека пак нашиот мозок не е формиран таков за да ја контролира четвртата димензија, полесно ни е да ги наречеме овие три простор, а таа време поради илузијата дека истата е ексклузивна од овие три. Всушност нашиот универзум е четири-димензионален (бар со досегашните знаења) али ние сме три-димензионални битија. :) Настрана од тоа што на квантно ниво постојат повеќе "димензии" кои сеуште не можеме да знаеме дали играат улога во нашата "свест", од друга страна не сите центри на мозокот кои ја контролираат меморијата се поврзани со манифестацијата на свеста што може да ни помогне да ја изолираме нашата меморија од нашата свест иако на различни начини овие се поврзани меѓусебно.

Париеталниот лобус и инсулата се директно поврзани со резонирањето на неокортексот, али амигдала и хипокампусот не се директно поврзани со свеста пошто се наоѓаат на друг леер od нашиот мозок кој е попримитивен од неокортексот. Така што практично можеш сеуште да ја имаш свеста ама да имаш пореметена меморија ако некој од тие делови на мозокот ти е нефукнцонален. Дури и да имаш периодична/перманентна амнезија, пак ќе можеш да бидеш "свесен" сам за себе. Меморијата е побезбедно да ја разгледуваш како збир од тридимензионални фајлови со маса кои се активираат од различни стимули неголи како некој сегмент на нашиот мозок кој е поврзан со четвртата димензија на време.

Времето сме еволуирани да го чувствуваме ама не можеме да го менуваме. Сепак, математички можеме да го докажеме. Многу работи, според мене, кои не можеме инстинктивно и интуитивно да ги разбереме и почувствуваме поради ограниченоста на нашиот мозок, можеме математички да ги докажеме што е предност за разбирање на феномени кои се ван нашиот дохват.

Настрана од тој муабет, еве ти јака студија што излезе пред неколку недели за природата на нашиот универзум.
http://www.nature.com/news/simulations-back-up-theory-that-universe-is-a-hologram-1.14328
--- надополнето: 25 јануари 2014 во 09:30 ---

Кучињата се генетски програмирани да стареат различно и да имаат различен биолошки саат и "циклуси". Времето не тече различно за нас и за кучињата. Иако не можеме да го измериме нивното субјективно чувство за време, ипак со оглед на тоа дека се наоѓаме на Земјата, времето тече исто за сите кои сме тука. Има минимални разлики од едниот до другиот пол што се занемарливи. Двајца близнаци кои се толку оддалечени еден од друг, ќе имаат разлика во нивната возраст за 40 години од не знам колку таму милисекунди.

@Shahbaz најдобро ги разбира тематикиве

Ја знам причава со холограмов али не од астро-физика него од херметицизам, и сум прилично убеден во тоа, али да го тргнеме настрана.
Иначе везе неаме како работи меморијата, ако си се заинтересирал некад за микротубули да истражуваш ќе ти стане јасно уствари колку врска неаме како ни функционира мозокот. Се спекулира дека микро-тубулите работат како квантни компјутери (чек ит аут) и поради тоа ја имаат таа огромна способност за компјутации. Stuart Hameroff спекулира дека преку нив зачувуваме меморија и тако даље...
Што и не е така битно како и зашо меморираме евенти што не постојат туку некогаш биле, битно е дека го правиме тоа и како последица на тоа имаме концепт на време.
Исто така многу ствари можат математички да се претстават што во реалноста не постојат, така што "математичко докажување" oстанува само експеримент на умот.
Како се гледаат 2 фотони меѓу себе кога летаат еден до друг паралелно со брзина на светлината?
Време како концепт целосно се потпира на емпириски податоци така што неможе да тврди дека е Објективно. За да докажеш дека нешто објективно постои, а не само за тебе, мораш самиот ум твој да го тргнеш како фактор, или да го вкалкулираш како фактор, а ние не го праиме тоа у случајов.
Фактички брат, when you dwell deep enough in this shit, класична физика е фактички феноменологија на умот.
 
Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
519
Поени од реакции
1.057
Времето е човечки концепт, и то измислено од најлошите луѓе, банкарите.

Ја пред некое време бев во банка да земам тазе банкноти за турање во вешот на извесна певаљка, и после еден месец гледам ми пресметале 24.4% камата на кеш. И си викам мамето ќе им го ебам, сега ќе се разберам. И ги прашувам што е ова "камата"??? Пааа...ми вика тоа е што си ги вратил парите после еден месец. Па кој кур ако сум ги вратил после еден месец?? Во исто време сум ги вратил, на пладне, сончево, се исто! Али овие не се разбираат, ми мафтаат со календари (како да не знам ја дека и тоа е конструкт на некој Папа таму). Али тоа е брат, се нема разбирање со овие вмрофците.
 
Курт Кобејн

Вистинскиот
Член од
25 јануари 2014
Мислења
56
Поени од реакции
73
Времето е релативно.
Мерката за време е абсолутна.
Неможеш да најдеш фиксна врска помеѓу двете. Движењето на месечината не е независно, што го прави променливо. Така да доколку поради некоја гравитациска сила нејзиното движење се промени барем малку, дали тоа би го сменило времето или пак нашата мерка за време? Најверојатно не, мерката ќе си остане како што е, но ќе го изгуби својот модел, она според што е направена. Како тогаш би ја одбраниле нашата теза дека мерката на времето ни е дадена, а не создадена од нас? Кога веќе еден ден во реалноста ќе ја изгуби паралелната вредност со оној во нашите календари.
 
Член од
3 февруари 2014
Мислења
8
Поени од реакции
6
Времето е човечки концепт, и то измислено од најлошите луѓе, банкарите.

Ја пред некое време бев во банка да земам тазе банкноти за турање во вешот на извесна певаљка, и после еден месец гледам ми пресметале 24.4% камата на кеш. И си викам мамето ќе им го ебам, сега ќе се разберам. И ги прашувам што е ова "камата"??? Пааа...ми вика тоа е што си ги вратил парите после еден месец. Па кој кур ако сум ги вратил после еден месец?? Во исто време сум ги вратил, на пладне, сончево, се исто! Али овие не се разбираат, ми мафтаат со календари (како да не знам ја дека и тоа е конструкт на некој Папа таму). Али тоа е брат, се нема разбирање со овие вмрофците.
Друже,. се' е тоа до психата. Парите како и времето се човечки конструкти. Секогаш е сега. Парите се обична хартија. Башка што само зионисти може да ти штанцаат толку камата на месец.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Времето е искуство кое секој различно го доживува. Ако не постои времето, нема да постои движењето т.е животот, се ке биде замрзнато.
 
Член од
24 јуни 2013
Мислења
5
Поени од реакции
3
Времето е природен механизам на Универзумот кој оневозможува се да се случи одеднаш.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Ние луѓето мислиме дека времето сме го урамиле во една кутија кстена часовник и дека тоа е тоа. Типична човечка безмислица... Времето нема почеток и крај како и универзумот.
 
Клошар.

Еднаш бев 4NHK0.
Член од
6 јуни 2014
Мислења
965
Поени од реакции
850
Ние луѓето мислиме дека времето сме го урамиле во една кутија кстена часовник и дека тоа е тоа. Типична човечка безмислица... Времето нема почеток и крај како и универзумот.
Времето ИМА почеток и крај...
 
SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
Ние луѓето мислиме дека времето сме го урамиле во една кутија кстена часовник и дека тоа е тоа. Типична човечка безмислица... Времето нема почеток и крај како и универзумот.
Vremeto e parametar....A parametarot e varijabla koja treba da ja editiras (pocetok kraj) pred da ja upotrebis vo bilo kakva forumula
 
Kajgana Shop

На врв Bottom