Koj znae nesto poveke za vozenje so All-Session Gumi, slusam deka ne se preporaclivi mnogu, dali e podobro da si stavam zimski za zima a ovie da gi vozam vo letna sezona, zatoa sto ovie se glanc novi Michelin all session gumi?
Fala
Напротив, овие вози го во зима. Во врска со поделбата на зимски, летни и ол-сизон - нема строга линија на разграничување, а посебно меѓу зимски и ол-сизон (овие се во суштина скоро исти, а од гледна точка на законот и практично исти доколку ол-сизонките имаат и ознака "M+S" или цртеж со снегулка). Повеќе се работи за маркетиншка поделба која ја прават произведувачите. Е, сега, точно е дека со летните гуми на повисоки температури ќе имаш подобра тракција, нешто помала потрошувачка и помала бучавост, но не е точно дека зимските гуми на потопло време „ќе се распаднат“, дека „стануваат пластика“ и сл. Јас поминав со зимски гуми (кои производителот ги рекламира како ол-сизон, но си имаат и M+S ознака, и знакче со снегулка, а и по шарата не се разликуваат од „по дефиниција“-зимските гуми, што значи дека се всушност - зимски) околу 40000км без никаков проблем, од коишто веројатно 80% се извозени над фамозните +7 степени целзиусови.
Ако ти се даваат пари слободно менувај ги гумите. Ако минуваш голема километража и ти се исплати - гумите имаат рок на траење во однос на поминатата километража, но и во однос на годините старост (без оглед на поминатата километража). Но, ако не минуваш голема километража, јас би одел на зимски гуми преку цела година.