Немав пишано, ама ќе пишам дека поразот од Чешка јас вината ја гледам директно во Раул и никој друг !! Сам требаше да си кажи, јас сум крив за поразот и то е то !
Неможи бе чоек на добиена утакмица, гледаш последните 7-8 минути не ти оди нешто во мечот, а не смена ништо.
Прво не му даде ниту секунда на Кузмановски, а видовме како изигра со Данска, 6 гола даде и најмалку 3 пенали беа направени токму врз него, плус имаше 2 асистенции, значи сума сумарум најдобар кај нас на мечот ! Арно имаше некој напишано поназад, токму одбраната на Чешка му одговараше него, ќе ги имаше тие влезови до гол.
Второ, ајде да речиме Борко беше солиден имаше 10 одбрани, ама од 50та натаму последните 10 минути НИШТО НЕ ОДБРАНИ и само си ги креваше рачињата моја грешка е извинете, па во последните 10 минути, Хорак и Каспарек двајцата да земеја фрижидер да кренат и да го фрлеа на гол, мислам ќе влезеше....А статистички во %, на клупа ти е НАЈДОБРИОТ голман на првенството, па да го извадеше барем последните 7-8 минути да одмори Борко, ќе фатеше можи некоја Митревски. Не дека ги величам битолчаните во репката и му давам предност, ама таа е реалноста.
Јел си жив Рауле ??
@Waoo
Не заборавај дека Ојлески моментално игра во факинГ Еурофарм Работник. Со самиот трансфер назад во Македонија, исто и тој како Џомба напрај 5 чекори назад во кариерата. Џабе глуми тука низ нашата лига Ојле, дека е Уве и дава по 6-7 гола, се виде на 2 пати чиста шанса за гол, еднаш промаши цел гол, еднаш го годи голманот.
Се сложвам дека ни треба стабилен Ојлески, низ минатото знаел да има и подобра и посигурна реализација од Манасков, а сега кога ни требаше за ротација и да го одмара тој изгубениот, овај уште поизгубен излезе