Група Ц | Целје | - ЕП Словенија 2013

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
16.807
Поени од реакции
15.899

Група Ц, група во која е актуелниот Европски шампион од првенството во Литванија, репрезентацијата на Шпанија. Домаќинот Словенија, Полска, Хрватска, Грузија, и репрезентацијата на Република Чешка.
Можеби после нашата група, една од поинтересните на првенството, како апсолутен фаворит за првото место во групата секако е Шпанија, и тоа без По Гасол, Наваро, Ибака, Фелипе Рејес,а сепак далеку по квалитетна од другите, но тука е и Словенија како домаќин да им ги замрси сметките за тоа прво место, другите репрезентации не се од тој ранг, па Шпанија не би требало да има проблеми во оваа група, можеби се до 1/2 финалето, каде ќе налета сигурно на квалитетна репрезентација. Голема борба во оваа група ќе се води за тоа трето место кое носи во наредна фаза од шампионатот, сите останати репрезентации имаат подеднакви шанси за пласман. Се издвојува Хрватска, но ниту Грузија, Полска, а и Република Чешка со Јан Весели не се репрезентации кои треба да се потценат. Па така можеби и тие меѓусебни дуели помеѓу овие репрезентации ќе донесат најголема неизвесност во оваа група.

Шпанија можеби и е репрезентација во која ќе недостасуваат највеќе квалитетни имиња, домаќините освен Лорбек туку речи се со комплетен тим, кај Грузијците ќе недостасува Заза Пачулија, но сепак ростерот е тој. Кај Хрватите Зоран Планиниќ реши за време на првенството да земе одмор, исто така и Крешимир Лончар нема да биде во ростерот на Хрватите, а и Марко Поповиќ.

Овие репрезентации своите натпревари ќе ги одиграат во Цеље, поточно во Златорог Арена, која е со капацитет од 5500 гледачи.



Распоред на натпреварите:

Прво коло, 4 септември
Грузија - Полска
Шпанија - Хрватска
Чешка - Словенија

Второ коло, 5 септември
Хрватска - Грузија
Полска - Чешка
Словенија - Шпанија

Трето коло, 7 септември
Шпанија - Чешка
Хрватска - Полска
Грузија - Словенија

Четврто коло, 8 септември
Полска - Шпанија
Чешка - Грузија
Словенија - Хрватска

Петто коло, 9 септември
Грузија - Шпанија
Хрватска - Чешка
Словенија - Полска
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ова е доста интересна група. Типувам оти Шпанците ќе имаат големи проблеми. Ако Чешка и Полска се аутсајдери тоа не може да се каже за Грузија... Тие имаат одлична кошарка високо котираа и на прошлиот Евробаскет. Хрватска назади со квалитет и тие немаа чаре уште на минатиот баскет земаа Американец што не е случај на пример со домаќинот Словенија. Исто имаше доста критики зошто првава фаза се игра во Цеље а не во Љубљана бидејќи нема доволно карти за домашните фанови... Стожице во Љубљана со капацитет од скоро 13.000 и оваа во Цеље е далеку разликата за посетеност. Можеби ради атмосферата сепак Словенците се одлучија за Цеље...
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Дефинитивно покрај нашата најинтересна, а воедна и втора по тежина група. Мислам дека 4 екипи ќе конкурираат за трите места кои одат натаму: Шпанија, Словенија Хрватска и Полска. Чешка ми се чини е комплетен аутсајдер и една од послабите екипи на првенството, додека Грузија ако не грешам има големи проблеми со тимот и доста од главните играчи ќе им отсуствуваат заради што и тие очекувам да имаат слабо првенство. Полска, од друга страна е едно од можните изненадувања на првенството.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.807
Поени од реакции
15.899
12 играчи кои ќе ги бранат боите на Словенија: Драгиќ, Лаковиќ, Јоксимовиќ, Блажиќ, Зоран Драгиќ, Муриќ, Нахбар, Лорбек, Балажиќ, Бегиќ, Слокар и Видмар.
 
Член од
31 август 2008
Мислења
499
Поени од реакции
381
Интересна група,ама сепак мислам дека и тука Шпанија ќе се прошета. Најголем губитник тука ќе биде Хрватска кој ништо чудно да заврши и последна.Домаќинот би требало без проблем да ја помине групава,а меѓу останатите три репрезентации мој тип е Грузија иако и Полска и Чешка би можеле да се најдат во вториот дел.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
Шпанија и Словенија би требало да се фиксни додека за третиот стол Полска Хрватска и Грузија по тој редослед според мене фаворити, пољаците пак се со гортат гледам хрватска колку и да игра лошо не смее да се потцени а грузија иако без многу играчи има јака школа....чесите не ги знам искрено
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Хрватска ништо чудно да испадне и без победа....
И нека....мамата нивна....ваљда ќе им текне нешто да сменат тогаш.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
Денес Полска-Чешка 2ка 2.5 коеф, зицер на колото.
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
слушам некој ги прегазил Шпанциве?! (y)
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.210
Поени од реакции
4.951
Колку се слаби и Хрватска и Полска....
Хрватска имаше 20+ предност, и на 3 минути до крај Полска дојде само на -1 ги стигнаја и таман реков сега ќе ја свртат ќе ги тепат а имаа шанси за победа ништо, ептен форсираја за 3ка топката ги неќеше од обрач излегваше :D
Тој 7ката на Полска е добар, Хрватска по име има доста добри играчи тука се Богдановиќ кој сам ги реши 23 коша имаше на крај ако не се лажам, Укич исто добра партија, Томиќ, Маркота ама ептен слабо играат...
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
Чешка против Шпанија само 2 поени во последна четвртина. :icon_lol: Да биде поинтересно, не успеале заедно 100 поени да дадат.:facepalm:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom