Група Ц (Англија, САД, Алжир, Словенија)

Статус
Затворена за нови мислења.

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
England 0 - 0 Algeria

possession (%) : 48 - 52

:pos2:
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Со кој памет го игра Хески место Дефо. Џо Кол требаше да игра десно истотака. Се гледа дека многу фали и Бекам
Тимов има голем потенцијал,ама играчи што земаат по 200 000 фунти неделно немаат некој голем мотив да играат за репрезентација :toe:
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
катастрофална игра на репрезентацијата и немаше да го променам мислењето и да постигнеа гол на крајот..играчите се плашат од одговорност и очигледно е дека имаат притисок од јавноста и медиумите во земјата..инаку алжир изигра одлично, машки и се бореа до максимум..белхаџ и зијани најдобри во составот на алжир...кај англичаните бери стигна најдобар играч да е.....
 

Пепи

barca en el corazon !
Член од
2 јуни 2008
Мислења
4.362
Поени од реакции
230
Браво за Алжир, одлично ги затворија Енглезиве направија непробивен бункер и заслужено дојдоа до историски бод.
А за Енглезиве исто како и Французите ептен разочараа, боље фино лепо нека си испаднат одколку повеќе да се одбрукат.:toe:
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Како што напиша некој член пред некој ден на форумот после поразот на шпанија од швајцарија.....додека некои се зафркаваат на тренинзи и на прес конференции други тренираат..победите сами не идат треба да се изборат за нив!
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Пред да почне светсково некој веќе ги направи финалист Англичаниве.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Абе Капело дрво едно. До кога ќе ги играш Лампард и Џерард заедно кога тие се еден ист играч.:pos: Пак уште се нервира на клупата.


Секогаш се чудев оти англичаниве никогаш неможат ништо да напраат на светскиве, секогаш го кривеа тренерот, па еве сега го имаат Капело кој зема 10 милиони годишно. И што им фали?

Како и да е, ми го управија денот, сеа уше да си испијаниме и да заборајме.
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Колку и да се куртони, пак ќе поминат групи да им еб.м све:kesa:
 
А

Анноун

Гостин
bravo za alzir . odlicno organiziran tim . ovoj bougherra igraciste , kojznae kakva para ke zemat rangers od nego letovo . a za angliaj beckenbauer izgleda e bil apsoliutno vo pravo , epten predvidliva igra , uzasna . sepak ke pobedat so slovenija , no interesen ke bide i drugiot natprevar, bidejki i alzir so pobeda moze da obezbedi plasman .
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
За мене без конкуренција Англија е разочарување на светсково до сега. Франција си беше мувла и до сега ама Капело очекував дека ќе ги среди овие. Mission Impossible било изгледа :toe: Веројатно и ќе поминат групи ама треба драстично да се подобрат за нок-аут фазата ако сакаат нешто да направат.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.715
Поени од реакции
43.740
^ Абе Капело и те како ги среди, ќе имаа 100% ефект на кфалификациите да не им ја пуштеа таа на Украинците во претпоследно коло за да ја заебат Хрватска.. Ама не знам што има стана, оваа е сосема друга Англија.. Сите наеднаш се изгубија, не се знае кој од кој е поочаен. Сеа знаат дека мора да ја тепат Словенија, ама се плашам да не се помочат како со Хрватите во 2007.. Ееееееееј, а коа ќе ми текне дека преги се нервирав кога изиграа Словенија - САД нерешено.. :pos2:
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.543
Поени од реакции
5.772
Како ги погодив денес типојте....Брао....Си фрлив 2000....Во превод, 30 кафиња во Портал....аххххх
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Во Англиски бар, почнаа да летат флаши и чаши(како што вика слаткар):pos2:
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Интересно ќе биде во последното коло, направив малку аматерски калкулации.

Секој со победа ќе оди понатаму.
Ако Словенија-Англија заврши нерешено, тогаш Словенија оди сигурно, а победникот од САД-Алжир ќе биде втор.
Ако САД-Алжир заврши нерешено, а Англија победи против Словенија, натаму одат Словенија и Англија.
Ако и двата натпревара завршат нерешено, тогаш (веројатно) на Англија и САД ќе им се гледа гол разликата за тоа кој ќе оди понатаму.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom