Не би требало да има проблеми денес, но сепак, за НАШИТЕ ПРАЈМЕ МУАБЕТ..
Најголемиот проблем кај нас е мотивацијата, отсекогаш, сме знаеле со ракометни велесили како Русија да играме како ние да сме светски шампиони, со една Полска која во тоа време беше во својот зенит, со Словенија, а знаеме како поминавме со една Литванија, Грција, Израел на времето.
Клучот е во одбраната, ако не ја стегне Раул одбраната и уште од старт како со Србите да отвориме со брза транзиција и лесни голови само повеќе ќе им дадеме ветер во грб на камиказите.
Ако ни се повтори Грција ќе имаме мака, не смее да се примаат лесни голови од позициона игра, посебно не од нивните бекови.
Се надевам дека не се само празни зборови изјавите на нашите дека знаат против кој селектор играат денес и ќе си ја одбработат задачата максимимално.
Дагур Сигурдсон сигурно е тренер со реноме, без разлика шо во Јапонија не е Германија, но дечкото разбира ракомет, сигурно им го всадил тој дух и дисциплина од неговата работа на Јапонците, а тоа значи дека ако сме сериозни ќе имаме голем проблем.
Не смее во никој случај да има тесен меч, шо би рекле легендите од МРТ- РЕЗУЛТАТСКА НИШАЛКА, тука сме слаби, посебно со послабите репки, не знаеме да притисниме, со поголемите противници подобро се справуваме со ваквите мечеви каде се држиме.
Доколку не се одлепиме од старт ќе имаме мака, мора од самиот почеток да се нашлакаат па потоа да ги натераме тие да бркаат.
Технички се сигурно подобри од нас, нормално, со оглед на висината, тука ќе мора да се одговори добро, посебно на тие позиции 2 и 5 кои се најпроблематични кај нас, ако не браниме добро тука ќе имаме големи проблеми со компактноста на зоната и овозможување на простор на левиот и десниот бек да имаат позиција за шут во просторот меѓу 9 и 6 метри или пак ја пренесат топката кон пикер, тука сме очај, додека да се свестат Талески и Велко ни направиле позиција за шут.
Затоа најважно е кој ќе игра на тие позиции во одбрана, 2 и 5, посебно на 2, со Грците Столе се покажа како лош избор, не му е местото на дечкото во одбрана, треба да го штеди Раул, посебно на вакви мечеви каде ќе се соочи со играчи кои се незгодни за чување, брзи на прв чекор, менување на правец, се зголемува можноста за исклучувања.
Многу ќе фали Миркуловски, нема замена за дечкото, ниту во одбрана, ниту во напад, се надевам дека грешам и ќе ме демантираат, но речиси невозможно е со овај ростер да најдеме адекватна замена за него.
Посебно ќе имаме мака со организацијата, со протокот на топка помеѓу бековите и играта со пикер, ако ни ја затворат играта со крила ќе се мачиме, Талески, Вилипче Лазаров се се само не се дуел играчи, да изнудат пенал, исклучување, па ни Киро не е многу подобар од нив, единствен бек кој колку толку е ДОБАР НА НОЗЕ е Кузмановски, сега е вистинската шанса за дечкото да се покаже, нема повеќе изговори, млад бил, има време, ваков таков.
Апсолутно во право беше Киро во неговото интервју, во однос на РАБОТАТА ВО НАШИТЕ КЛУБОВИ, не може ти да бараш јака репка ако имаш млади играчи кои се секогаш трета или четврта виолина во екипата, замена за некои Ш класи на странци.
Големите првенства и дуелите со големите репки се доказ колку вредат играчите, а ние досега за 21 година учества на големи натпреварување не се истакнавме како ракометна нација која продуцира големи играчи.
Тоа е реалноста, нема бегање.
Нека изиграаат денес машки, без пардон, чекор по чекор, секоја победа, секој бод е успех.
Клучен меч е денес, за самодоверба.
Имаме шанси со Исланд, зошто да не?