Група Б(MKD,CRO,ESP,JPN,BAH) - Минхен

Кои репрезентации ќе ја поминат групата?


  • Вкупно гласачи
    131
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Мислам дека пре би пробале да тепаме со Хрватите него со Шпанците, ова го викам ради то шо на 16ти играме со Шпанците, а ден после тоа на 17ти со Исланд, ваљјда немат да се истрошат пред најбитната утакмица.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Замислете Исланд да плесне некоја од Шпанија или Хрватска, тек тогаш дури дигитроните ќе треба да ги вадиме :D
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Замислете Исланд да плесне некоја од Шпанија или Хрватска, тек тогаш дури дигитроните ќе треба да ги вадиме :D
Во тој случај се гледа меѓусебен дуел или гол разлика?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.986
Шпанците некако многу ги креваат во облаци заради ЕП лани.
Сигурен сум дека нема да завршат со сите бодови.
Незнам зошто никој не гледа шанса против нив,мислам дека повеќе може да играме со Шпанците него ли со Хрватите.
Ќе видиме како ќе играат нашите,само мислам дека со Шпанија ќе излеземе со бело знаме,затоа што е ШПАНИЈА.
Пошто сме слаби :D
Не верувам да играат нашиве добро против Шпанија, ама се сложувам дека шпанците ептен ги креваат во облаци и не мислам дека се нешто претерано квалитетни и не би се изненадил ни до 1/2 финале ако не влезат[DOUBLEPOST=1547071851][/DOUBLEPOST]
Во тој случај се гледа меѓусебен дуел или гол разлика?
Во случај на ист број на поени на две екипи се гледа директен дуел :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ќе имаме теми за натпреварите на Македонија или ќе коментираме тука?
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.870
Поени од реакции
7.268
На која ТВ да гледам в Блгарија бе? Маме им ебам,не знаат ракомет дека постои како спорт
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Ајде мал коментар и за нашава група. Не е онолку силна како А, но од друга страна е можеби најтешка за минување во втората фаза.
- Јапонија - репрезентација која работи максимално сериозно во пресрет на ОИ во Токио но сепак да не се залажуваме, репрезентација која е со релативно скромни можности. Малку и претеравме со возвишување по пристојните партии во пријателски натпревари против репрезентации кои не се подготвуваат за СП и настапуваат во комбинирани состави. Пристојни настапи против новиот состав на Полска без ниту една од нивните ѕвезди (леле колку се паднати овие аууу), преполовена Чешка, Швајцарија без Шмид, не се тоа до толку добри резултати колку што навидум изгледа. Ќе бијат битка со Бахреин за пласман во топ 20.
- Бахреин - Не е наивна селекција и е екипа која знаела во минатото да му прави проблеми на посериозни репрезентации, реално е и појака од Јапонија, но не е ни екипа од која треба нашите да се плашат. Реално ќе се борат со Јапонија за 5то место во групата и за очекување да завршат околку 20тото место. Не верувам дека има ризик да бидат последни на СП, поквалитетна екипа се од екипи како Ангола, Чиле, Саудиска Арабија, Кореа и сл. Не треба да се потценат никако, сигурно се поопасни од Јапонија.
- Исланд - Секогаш опасни, но во последните години без позначаен резултат. Мислам дека почнаа да се средуваат и тргнуваат во една нагорна линија, но исовремено тоа доаѓа со едно сериозно подмладување кое го прават на ова првенство а гледам ретко кој го коментира низ нашиве медиуми. Главниот фокус е на легендата Сигурдсон, но реалноста е дека на лево крило се најдобро покриени исланѓаните и воопшто нема да го осетат неговото отсуство. Многу поголем проблем/новина се отпаѓањата од списокот на 2та бекови стартери Карасон (кој не наполни со голови од 9 метри пред 2 години ако добро се сеќавам) и Смарасон од Алборг. Плус од пред некоје време веќе ги нема Атласон и Халмгримсон. Длабочината во екипата е сериозно пореметена, практично и немаат замени з првата 7ка, а многу голем влог е ставен врз плеќите на нискиот Магнусон на десен бек и Арнарсон на пикер играчи слична возраст како Талески и Кузмановски. Се ова не значи дека треба да се потценат - далеку од тоа, исланѓаните може да победат и далеку посилни репрезентации од нашата, ама не се ни баук напротив се во слична позиција како нас.
- Хрватска - Можеби најнепредвидлива селекција во групата. Логиката на Лино ќе биде негова класика - целосен фокус на одбраната и напад ориентиран на индивуалните можности и интелигенција на бековите, како и се разбира неговиот понов додаток 7-6. Тоа и не е така лоша тактика за овој состав, кој практично се што има од повисоко ниво на квалитет се средни бекови. Доста чкрипат на лев и десен бек, имаат проблеми и на пикер и на голман. Нема да ме чуди нивната форма да варира од натпревар во натпревар многу. Не се воопшто сигурни против Исланд и Македонија, но не се ни за потценување против Шпанија.
- Шпанија - Освојувач на титулата на последното големо натпреварување, но според мене една од најпреценетите екипи на првенството. Не е спорен нивниот квалитет, но би рекол само во одбрана (каде Морос, Гвардиола, Кањељас + Перез Де Варгас и Коралес на голот и натаму го формираат еден од најдобрите ако не и најдобар бедем на првенството). Во напад далеку е оваа екипа од останатите фаворити за медал и со правилен пристап и добар ден мислам дека се победливи. Во 2019та сеуште главно оружј во нападот да ти се Кањељас, Ентрериос и Сармиенто, според мене е знак за потенцијален проблем. Доста ќе зависат од Алекс Душебаев иако не го обожаваат премногу во репрезентација бидејќи игра само во еден правец.

Како и да е џабе се прават математики, гарант нема да излезе групата како што се предвидувањата. Ќе има изненадувања овде и ќе треба да се оди на победа на сите натпревари.

За Македонија малку покасно :)[DOUBLEPOST=1547149393][/DOUBLEPOST]Што да се каже за нашите за ова СП. Прво бев доста песимист, ама како зедов да го читам песимизмот од сите страни + состојбите во противничките екипи, некако на крај испаднав оптимист :)

Од 18те веројатно ќе отпаднат Даскаловски и Лазаревски. Серафимов, Танкоски и Чурлевски во составот но мислам дека ќе бидат надвор од стандардната ротација (заедно со 2риот голман Митревски кој секако ќе влегува само ако не му оди на Ристовски - дај боже порано да почне да реагира Раул, Митревски последните 2-3 години доста добро брани секогаш кога ќе добие шанса).

Останатите 12 би требало да го понесат товарот.
- На лево крило Манасков со 60 минутна минутажа.
- На десно крило Георгиевски кога Кире е блиску до клупата да се менува, Поповски кога е десната страна на подалечната дијагонала по што Поповски би играл на 2ка во одбрана. Генерално ќе делат минутажа.
- На пикер горе долу очекувам да делат минутажа Стоилов и Пешевски, Стоилов веројатно ќе игра повеќе со Ф.Лазаров, Пешевски со Кузмановски. Тука битно е да се напомене деке веројатно ќе гледаме многу 7-6 што значи и двајцата пикери ќе бидат во игра. И не е така луда стратегија оваа на ова првенство со оглед дека на пикер сме можеби и најјаки офанзивно во споредба со другите екипи.
- Талески / Кузмановски / Лазаров стартна постава, Ф.Лазаров ќе се ротира на лев и среден и тука ќе се подели минутажата во напад
- Во одбрана В.Маркоски стандардна замена за Кире или Пешевски. Во одредени ситуации мислам и Крстевски ќе влегува кога ќе се прават 2 замени и веројатно ќе брани н 2ка или 5ка
- Од тактичка страна освен малку побрза игра при 6-6, и доста 7-6 не очекувам нешто драстично ново. Можеби малку помала зависност од десниот бек. Мислам дека играта овојпат не е толку насочена за да се завршува преку шут на Кире, ама ајде да видиме, за тоа ќе треба похрабро да одиграат Талески и Кузмановски.
- Во одбрана мислам дека по долго време покрај стандардната 6-0, ќе имаме и плитка 5-1 одбрана, одбраната која беше типична за Вардар на Раул и за која мислам имаме играчи, повремено и 5+1 со истурен понизок играч напред. Која кога ќе се користи веројатно ќе зависи од противникот и моментот на натпреварот (полувремето, замените и сл.)

Оптимист сум дека ќе одиграат генерално добро нашите. Што ќе значи тоа од аспект на пласман во втора фаза и конечен пласман не знам. Групата е тешка, комплицирана. Не е крај на светот и да не поминат, но нема да биде ни чудо ако поминат со пренесени бодови.

Останува од утре да навиваме, и да се надеваме на најдоброто!
:oeoeoe:
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Ко шо кажав претходно ако требит за нешто да сме оптимисти, тое дека горе долу ќе играме ко на домашен терен, првенствово да се играше некаде во Шпанија,Данска или Франција буквално ке се ИСПОКАКАВМЕ, сите овие резултати шо ги достгивиме се благодарение на то шо играме со подршка од трибини (ЛИЧНО МОЕ МИСЛЕЈНЕ).
2013 Светско првенство во Шпанија - 14то место
2017 Светско првенство во Франција - 15 то место
Исклучок беше 2015, кога бевме 9ти но тогаш имавме доста лесна група, плус во состав беше Ренато Вугринец, изгубивме во 8мина финале од реално (ТОГАШ) слабата Словенија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom