Абе како не, у топ 3.
Во право е кога вика дека Дувњак сеуште не го исполни тоа што му го предвидуваа.
Откако се пресели во Кил нема одиграно сезона а да биде ни во топ 5 на неговата позиција. Све полошо игра, додуша и под влијание на повредите. Он е комплетен играч, ама игрите што ги прикажува не се на нивото на играч од MVP класа.
Еве утакмицава ти е доказ кој е Дувњак.
Дувњак здрав е топ 3 играч со Хансен и Карабатиќ и во двата правци.
Опасен со шут од далеку, знае 1 на 1 да игра, еден од најдобрите разигрувачи на светот, најдобар во започнување на контра и полуконтра, најдобар крадец на топки на светот, игра одлично во одбрана.
Комплетен играч во двата правци и ако не го иде шутот може да влијае на утакмицата на многу повеќе начини.
Дали е случајно што Хрватска без Дувњак има по 2-3 контри по утакмица? Дали е случајно што Хрватска нема ниту една дијагонала до крилата? Штрлек умре од самотија,а да беше Дувњак во игра ќе беше проигран барем 2 пати со дијагонала што ќе ги натераше швеѓаните да се рашират малце и на сите да им ја олесни работата. Само со тие негови дијагонали ќе направеше многу повеќе него Циндриќ и Карачиќ што направија цела утакмица.
Циндриќ може да ти е драг од Вардар,ама не е он таа класа ниту пак ќе биде. И не е страшно, ретки се тие играчи како Дувњак кој што здрави се посебна класа и сами просечна екипа ја прават врвна.